Не ми помина пред една недела јок! Ништо од тоа не е. Нешто друго е со водава и јадењето. Се надевам ќе се реши, пошто ако вака се дујам аман заман што сторе телово мое
Tрендафиљ ни 300 калории не си внела Hе се замарај толку, епа скоро месец си на диета, малце награда! тоа ти скоро си го потрошила со бришење прозори жено Cега јади нешто лесно и не се препотоварувај! де епа нема само на треви да живееме божем во вики сикрет ќе се пријавуваме и да, немој само водни денови, јас не знам која ти е поенатата со тој воден ден . Eпа затоа ти не слабееш толку брзо, зашто испод 1000 калории ако внесуваш на ден, организамот автоматски HE слабее, можеш секаде да прочиташ низ нет, да видиш како и зашто! A ти со 0 калори ништо не правиш! само си го успоруваш метаболизамот Aјде Tредафиљ ќе биде кисс4е ич да не ми се секира6
Потребен е воден ден, ако си имал богато мени неколку дена претходно, пример во вита цеце ќе ми дадеше богата недела а потоа оп или еден воден или два овошни. Потребен е за чистење на организмот, ама на толку нејадење толку често воден ден, потребен е само малку ќотек за трендафилов.
E, да ама Tредафиљ ама богато мени има што да ти кажам воче поврче, супа со пронајди го месото и то Tоа ја треба да се ставам на воден ден со црниот леб и ајварот инаку мајка ми ми свари супа од блитва, и тоа ќе си мавнам! а во тој воден ден, освен вода друго се пие ли??? Hекоја течност на ор ко природно цеден сок, кафица и то?
Вода и чај или кафе незасладено, вода од 2 и пол до 4 литри, тешко е да се издржи ама жими се наредниот ден се осеќаш 5 кила полесен, плус како некој херој ко божем кој знае каква битка си издржал. Вауу цел ден на вода. Туку мене ми се јаде, кснав малку павлака( една лажица) со крастајци и месо. Апетит имам јели како нилски коњ денес.
денес изедов еден двопек за доручек потоа јогурт и јајце за ручек и два портокали као за вечера вежбав 1 час во теретана жива вода се направив ... денеска не трчам немам со кого но ќе скокнам до подрум по хулахопот
Морам нешто да констатирам,кој што сака нека рече,орбитреков е измишљотина на векот.Се жалев што се жалев,сега се мерев пак,после интензивно користење на орбитрек неколку дена последователно,ама со испрчени гради,вовлечен стомак и исправен грб,значи користен прописно,и вагичево 3 во минус ми отиде,а и вчера ми рекоа дека кога ќе ме гушнат ребрата ми ги бројат! Е така,ова се бараше,позадоволна,само од нејадењево некако болештина си навлеков и не можам да се вратам у нормала,се гушам ноќе.Пијам витамини,пијам антибиотик,ама...тнко работава. Е сеа целулитов...нека ми касне од газево тој што вика диета,вежбање,вода(во водна жаба се претворив сега на жештинава)па дури и масажи.Ноџето доле тенко,над коленцето ми ослабело,ама така кога ќе го стиснеш,едно богато слојче целулит излегува,ајде и не е толку лошо,одиш нагоре,кај бутките значително ги зголемува,па дури и онака си се познава,јес да замазнето од пред еден месец,ама сепак.
Zap4e и јас го имам истиот проблем како тебе. 3 недели сум веке на диета а издуена сум многу во стомакот и околу половината, и тоа секој ден се повеке. Појдов вчера на лекар да видам што е и ми препишаа апчиња Lineks ,па се надевам дека ке ми помине. Па пробај и ти
Ама јас не ве разбирам,имате проблем и за во тоалет или онака ви се дуе стомакот?! Мене кога ми се дуе онака,си пијам чај од магдо(а)нос( ).И спласнувам уште првиот ден по малце,пробајте,ама не ако не сте дома.Прво може да ве дехидрира на жешково,а второ ќе ви се мочка доста.
Киткава Трендафил треба да поприма повеќе хранливи материи, не виреат убави трендафили само од вода, нели ?? Тоа течните денови се глупост, јас пробав да ги држам и освен што може да ти се слоши, друго ништо. Не ја гледајте вие Цеце од Витадиет, таа си тераше течни денови, а цело време правеше сокови во тоа блендерот. Да бидеме реални, кој од нас може да седи цел ден дома и да прави сокови од свежо овошје ?? Па и трошок е, не е така ефтино да купиш и да изедеш/исцедиш 3кг овошје денес. Срцето ми плачеше кога од еден протокал ќе ти испадне четвртина чаша сок, подобро така изеди го неголи да се малтретираш. А јас вечер во кафана. Оу јеа. :geek:
И мене ми се дуе стомакот, имам и проблеми со вц, а и пред да добијам, абе една недела обавезно ми е надуен и смрзнат, како игли да имам внатре, некогаш и од спиење кога ќе станам и надуен ми е ми иде да го боцнам со игла да се издише Јас немам најдено лек до сега, освен загревање на стомакот и лежење на тврдо малку исто на стомак, и масирање и чај пиење. Па мора да пројде. Мене дури ме боли понекогаш од што е неподнослив ама мој си е мораме да се трпиме
во рок од 24 дена сме напишале 118 страни Jаоооо!!! ептен сме се фатиле сериозно за работава !! инаку лилит ме замисли со орбитрејков, а само штом го видам, морници ме лазат Mу се плашам
^^ Ќутии еве го орбитрејкот до мене, и никако да му качам А па и ништо страшно не е, ама ете мрзиче сум, пре ќе зумбам или аеробик ќе имитирам од јутјуб нешто.. И мене подуен ми е стомакот, а не пиев нешто многу течности денес, само 2 тоста, демек да имам енергија и да повежбам малку.. ама ништо цел ден се излежавам.. Еве да ми потпомине малку, па ќе видиме што ќе правиме понатака.. Него да ве прашам, паметно ли ми е што јадев сабајле накај 11 два тоста со путер, кечап, кашкавал и малку виршличе (немав салама, за жао) од тогаш ништо освен вода, а за ручек имам грашак.. Па да јадам ли сега грашаче или да си напраам салатичка само.. шо знам некако ич не ми се јаде.
Абе ова соиново млеко калорично е или не Мене ми е убаво обичното, ама ај као демек ова е понискокалорично за слабеење и ајде соино. Ама од друга страна слушам соиново и не било така нискокалорично, што ме чуди па гола вода е Се подзамислив да почнам да ги јадам житаркиве со јогурт со помала масленост
Соино млеко јас пиев околу недела дена... Се навикнав одма на вкусот, мене убаво и вкусно ми беше, НО... Добив многу порано, се исфрлав и таков пмс немав до тогаш видено. Влијае на хормони, арно ми солеа памет јас се праев џек. За понискокалорично мислам дека е... Јас сум скарана со него, шо да праам.
Дечки ме изнасмеавте, да не пукните. Абре менито што да кажам, почнавме супер по дома, последнава недела и нешто почнаа педерски да ми играат моите. Изгледа им скурчи и си почнаа стара песна, пржено месо, мрсни калорични сосови, пржени компири... и уште - ееее, дојди ручај со нас, оти бегаш, нели не' сакаш веќе? Ех лудаци, намерно ли ми се ставени дома да ме носат во искушение, или само сакаат да ми буричкаат у живци, не знам. Мирни си беа, сега накупиле и сувомеснато, кашкавал, зденка, секоја недела пица, жити вчера едно манџиче што стокмивме... ... и така да не ја тупам, од страв да не подлегнам на искушенијата несвесно оброците ми се жива беда, супа, салатка, по некое тиквиче, варено пилешко... не знам што да јадам, што и да помислам да јадам ми изгледа СТРАШНО. Ко лоботомија да сум доживеала, е*ати простото дете.
Јас бегам кога моите јадат. Брат ми е помал и греота е да е на режим со мене кога е потполно совршен. Бегај трендафилче, и јади сама, уживај во секој божествен залак што го внесуваш, иако има вкус на расипана пача понекогаш. Не јадам пача не го знам вкусот ама мирисот е доволен за споредба. Барем уште некое време, не се мачи до толку, плус знаеш дека секогаш имаш другарка кај што можеш да киднеш на диетален цеден сок. И јас дома имам руска салата, со тешко срце ја гледам ама ... ама гледајќи го тенџерето си викам ау мајка ми кој знае што грдо направила ... прееска печен леб од фурна си јадеа а јас .... епа кога сум дембела тоа е. Ама ќе биде. За поддршка сигурна сум дека се тука, и да ти купат и помогнат и се, ама и ние сме малку себични што ние кога сме на режим сакаме сите да се на режим зашто тешко ни е. Искрено да не беше темава јас до сега безброј пати ќе се откажев. Ама мисли на хуго твој, одморот заеднички, на твојата среќа и насмевка, на твојот албум самер 2011 и тераме само напред.
Се повеќе мислам дека моево слабеење ќе биде само уште една работа на листата fails. Пробав, се потрудив, не успеав. Интензивно вежбав две недели, една недела целосно паузирав, неделава возам точак така почесто, и тоа е тоа. Не можам да се откажам од јадење, тоа е факт кој само си го потврдувам. Секогаш е "ај само ова, ај па малку е ова, ај едно мало благце нема ништо да ми биде"... Така сега, па пак за 5 саати. Еве веќе цел месец помина а јас сум ослабена само 3 кила. Се познава, но не толку колку што очекував. Ве читам и не пишувам, само ви се дивам на упорноста и мотивираноста... а и на резултатите. Колку што можам да забележам на повеќето ви оди супер, и ви симнувам капа за тоа. Вечер ќе одам да трчам со последните сили и мотивациони мисли кои ми остана. А од утре ќе одлучувам дали сакам да сум дебела или слаба.
Ни оди супер затоа што некои од нас стварно имаат вишок нати. Ти имаш максимум 5 килограми плус, колку што се помалку толку е потешко, за тоа треба да си свесна. И да се откажеш сигурна сум дека си доволно слаба, па нема да биде страшна работа.