Ден 20ти Овошје цел ден На 18тиот ден во саботата бев -2 кг. Вкупно 2.700 за нецели три недели. Не можев да пишувам ниту да јадам како што треба, не бев во Мк.... плус испив доста вино минатата недела. Не сум задоволна од резултатот, па ќе се придржувам ко што треба
Вчера сепак за ручек имав свинско месо и салата. Јас иако сум повеќе по соленото, синоќа за чудо ми се пријаде благо Ама не беше ништо страшно, не беше голема криза. Денес овошен ден и кај мене. Се надевам лесно ќе го поминам пак. Убав ден.
Денес ќе се обидам и јас овошен. Да се детоксицирам.И јас вчера претерав со вино а и со храна викендов бев во недозволена зона.
Вода кафе банана Палента сирење Цеден сок Р.ориз салата леб со ручек веќе не јадам мислам побрзо ќе одат кг Вечера зеленчук
исти резултати имам и јас, всушност за нецел месец 3 килограми. подобро некаков прогрес, од никаков прогрес. немој да се демотивираш
Се убацувам како падобранец ама ве читам секојдневно и не би да солам памет ама некои од вас појадуваат само една овошка и кафе. Како побогу издржувате на работа со толку малку јадење? Тоа не е ни доручек, буквално се изгладнувате, ниту е здраво ниту ќе даде резултати на подолг рок. До денес еден месец како сум на ''диета'' Ама на ваква прв пат во животот а некој сум што нема што нема пробано за да ги симне тие неколку вишок килограми. Месец дена без рафиниран шеќер, без кафе, без грицки, без бел леб, без брза храна, тестенини и сувомеснати производи. Имам појадок и ручек кој се состои во главно од јајца, месо, млечно. Клучното е што јадам зеленчук и салати во изобилие а од храната јадам по малку, порцијата си ја преполовувам меѓутоа салатата ме држи сита. Не вечерам, јадам само овошје или чај. Приметувам разлика ама не се мерам и не сакам овој пат да се опседнувам со килограми и вага. Само ми е битно да истраам и ако е некако можно што повеќе да ми стане навика ваквиот начин на исхрана.
Секој си прави како му одговара. Еве мене на пример не ми одговара да не вечерам, мислам дека ќе се онесвестам до појадокот следниот ден. Наутро не сум воопшто гладна, па јадам овошна салата, ручекот ми е нормален, додека вечерата ми е најголем оброк, а и два пати имам ужинка.
Ден 15 (вчера) Појадок, јаболко Ручек, динстано месо и чери домати Вечера, исто Ден 16 Појадок, јаболко Ручек, пилешко и зеленчуци Вечера, варени јајца Да се молам килограмите да почнат надолу, оти пукнав више
И јас викендот исто ко @mareane имав мали отстапки, имавме гости ама гледав да се минимални. Во саботата не ја утнав многу, али неделата наместо скробен пак протеински. Ај барем последниве неколку дена пропешачивме повеќе. Продолжуваме понатаму со нови сили. 16 ден овошен П-портокали, чај од нане. Р-бадеми В-шери домати.
Ама ти мислиш дека твоето е правилно така? Е ама некој друг смета дека неговото е исправно за него Што значи ако нешто е ок за тебе незначи оти е ок и за мене ме разбираш? Ден 37 Денес ржан леб 2 парчиња со млечен намаз Вечер зелка манџа Хаос сум денес и вчера Од утре ке се вратам у колосек
Ден 34 Појадок: омлет со пармезан и шери Ужина: јаболко со цимет Ручек: стек динстан со морков и кромидче Вечера уште немам измислено.
Обилна вечера е оправдана ако работиш трета смена. Во ниеден друг случај не е оправдана. Повеќето тука немате поим што ви одговара, само гладувате, оти мислите дека со помалку јадење ќе ослабнете. Слабее со правилна исхрана, а не со гладување. Правилната исхрана треба да ти биде секојдневие, а не периодично. Затоа ви се враќаат килограмите кога ќе ја постигнете целта и почнувате пак да јадете по старо.
Вчера витамински ден а маж си порача пастрамјлија, издржав не пробав повеќе од лутина зошто баш кога јас јадам јаболки и салата ме стрви.
Пак јас Овој пат, нема бегање, така планирам, најсериозно Пред работа каснав мед со мелени јаткасти плодови, една банана и речиси пола литар вода со лимон, да не речам лимонада. Појадував дури сега, кисело млеко со микс од семиња. За ручек/вечера поховано пилешко и салата. После тоа нешто ситно, колку да не се легне со празен стомак, а можда и ништо П.С.Инаку, изминативе 3 недели благото ми е сведено на минимум, леб речиси и да немам каснато, освен неколку парчиња пица и проја Реков денеска му е мајката да стартам
Сепак не се согласувам. Еве лично од мое искуство зборувам, не ми се јаде наутро, ми се повраќа од самата помисла на храна. 2-3 часа откако ќе станам доволна ми е овошна салата до ручек. После ручек имам повеќе апетит. Сум пробала наутро да јадам пообилен појадок, а помала вечера. Единственото што го постигнав беше тоа дека си легнував мртва гладна, а тоа не ми беше поентата. Вечерам 3-4 часа пред да си легнам. Така ми одговара најмногу.
До 3 саат само кафе. Ручав супа ,1 парче колбас и слата цвеколо морков. В: малку качамак и јогурт. И :кој како сака нека се обидува да држи диета.Убаво е да чуеме совет,нешто ново,нешто здраво и сл.Но морализирање и паметување не мора.Ние сите всушност знаеме како треба ама не секој може . Но и да не скокаме на секоја добронамерна критика.