Ден 22 Појадок : цеден грејпфрут и лимон Ручек : варен компир, брокула и динстан спанаќ Вечера: хељда плус пола од ручекот
Јас оваа недела сум на планина и не можам баш да внимавам. Јадам сѐ, пијам алкохол, ама барем доста се движам. Многу сум среќна што и покрај тоа што имам изобилие од благо на дофат, не сум помислила на ништо, освен мед. Се надевам дека ќе останам на 0, па ќе си продолжам во недела со внимавање.
Ден 17 Појадок, вода Ручек, супа со зеленчуци и месо. Вечера, пилешко со зеленчуци Јајцата вчера не ги изедов, заспав Може денес ќе ги изедам. Некако многу готвам и ми останува јадење за наредните денови Дали помалку јадам, ама и вагата мрдна надолу Малку, ама не е 1+
Здраво друштво Да пријавам во понеделник овошен држев, ме фати криза вечерот и јадев. Ја збркав работата скроз И така одлучив веќе овошен ден не држам Вчера сабајле си продолжив како што треба. На гладно вежбав 25 мин на орбитрејк, многу убаво ми дојде. Доручек вчера Омлет од 2 јајца со печурки, 2 парчиња димен лосос, парче ржан леб и шери домати. Ручек Мешана салата со половина туна и 2 лажици јогурт. Плус пешачење со маж ми. Денес Вежбав 20 минути на гладно. Доручек Сендвич со димен лосос( можам секој ден да го јадам) едно јајце и салата. Ужина овошје. Ручек Манџа со мелено месо и многу зеленчук. За вечера секогаш ми се резервирани грчки јогурт или јајца. Ама некако не ми се јаде и оставам така. Јас реков ќе паднам ако треба 100 пати, ама пак ќе станам и ќе одам напред. Решив да си го променам начинот на живот и учам секој ден.
Ние не знаеме, а кој знае? Втора работа, ти не враќаш килажа коа ќе почнеш да јадеш по старо? Враќаш Малку не е на место коментаров и тонот во него
За едно половина час ќе појадувам, кисело млеко со житарици и семиња, опасен микс За ручек/вечер ме чека динстано свинско месо со печурки, морков, карфиол и брокула. Дури си легнам ќе грицкам сончоглед и семки, а во памет ќе мислам дека јадам принглс Утрото ми почна со лажица мед со мелени јатки (орев, лешник, бадем, фстак), вода со лимон. Во меѓувреме кафе , кафе , кафе и мноооогу вода, тоа ми е вообичаено. Најбитно, задоволна сум од вчерашниот прв ден
Ако се храниш правилно, тоа го практикуваш цел живот. Здравиот начин на исхрана е начин на живот. И нема тука враќање “по старо”.
Знам бе, јасно е дека е така. Ама не значи дека некој ќе продолжи да се храни така како кога пробува да ослабне. Читам знам што се пишува по други теми
ама ако се храниш така нема ни шо да бараш у темата така? Освен тоа здрава храна знаете ли дека има разни болести што и на воздух да си ти се поправаши се дуеш Туу бре се професори нутриоцинисти собрани ако е толку наредено и средено се шо па и барат у темата само за закачки? тоа е целта? раздор ? шо не ми е јасно
Вода лимон кафе 2 тонус со ајвар малку сирење 1 мало еклерче Овошје Р.макарони болоњезе салата В.зеленчук За една недела со здрав умерен начин на исхрана -1.8
Ден 36 Не страшно тонус наутро . Баш напротив јаглехидрати пожелни се наутро за енергија. И мене тоа ми беше појадок денес. Две парчиња тонус намачкани со хумус, и лимонада со ѓумбир. Да не е за ручек или полошо за вечера по тоа се водам јас. А за тестенини гледајте интегрални да бидат. Еклер оправдано е ако си имала криза за благо, знам како е и јас на почетокот не можев да се исконтролирам. Ручек денес печам кременадла со морковче и печурки. Вечера салата зелка, морков и цвекло.