Здраво, ви се придружувам и јас. Имам 10-15 кг за симнување. Пробав со некои диети, начини на исхрана но искрно не сум задоволна нешто многу, работата ми е напорна имам и други обврски и не можам да се држам до никакви правила. Решив сама да си направам некој начин на исхрана, па се надевам на добри резултати. Планирам да исфрлам секакви сокови, благо, грицки, пржено, брза храна и сл. или се она што е прилично нездраво. Планирам појадокот да ми се состои од мусли со кисело млеко или некое геврече со кисело млеко кога сум многу гладна. Можеби понекогаш и кајгана со маслинки или сиренце. Ручекот ќе ми биде тоа што ќе си зготвам дома односно ориз со пилешко, мусака, печени компири, риба, секакви манџи и сл.односно разновидно секој ден. Леб само црн диетален по 2 кришки. Вечерата сакам да ми биде салати од зеленчук или овошни понекогаш. Ако сум многу гладна и половина од ручекот без леб, сепак тоа ќе биде понекогаш не секојдневно. Кога ќе чуствувам глад би изела еден портокал или јаболка. Кафе пијам само турско, ќе се потрудам да го пијам без шекер и по 2 кафиња после појадок и ручек. Исто така планирам да пешачам ако не можам секој ден, барем преку еден ден по 1 или 2 часа. За почеток се надевам дека ова е добро. Некаде прочитав дека било добро да се пие топла вода со лимон и мед наутро. Дали тоа би требало да се пие веднаш по станувањето или после појадокот? Отворена сум за секакви критики и совети.
Здраво феминки. Иако има тема за нутриционисти , сепак и ту Пред појадок вода со лимон и мед . Зошто не пробаш со нутриционист,има доста ефект
Ден 23 Појадок : чиа пидинг со вишни и суво овошје Ручек : млеко од лешници и енергетски бомбици Вечера: чиа пудинг со банани и јаткасти плодови Ден 24 Појадок: цеден грејпфрут и лимон Грчки јогурт со јаболко и банана Ручек: бејби спанаќ со рендан морков, шери и авокадо Вечера: мимоза салата ќе јадам Утре мерење секоја недела си велам ајде од другата построго и пак поткаснувам глупости на 2,3 дена. ме утепа времево, сакам да се пуштам на кеј, 1 кг неделно си симнувам јас само од џогинг.
1 ден П.овесна каша малку мед и орев У.овошен сок Р.компир манџа со салата В.салата Построго од денес вчера глупости изедов
Ден 37 мислам Појадок: каша од ржови снегулки и мача чај Ужинка: пола банана со путер од кикиритки Ручек ќе биде пастрмка печена а вечера појма немам. Имајте сите убав ден.
Гледам по претходниве страни ептен сте нервозни станати, човек мислење да не пише одма увредени се наоѓаат, нека си пишува кој што сака, доколку вас таа исхрана ви одговара и не се пронаоѓате во тоа мислење продолжете се понатаму. Секој организам е различен ама одредени работи се факти за секој поединец. Туку, ми смета овесните каши во кесичка гледам дека се преполни со шеќери, да ми препорачате некој овес без шеќери и конзерванси. Го јадам со суво овошје па се си мислам да не пртерувам, со оглед на тоа колку шеќер содржи и едното и другото подобра опција ми е како човек да си каснам нешто благо.
Има во Кам овесни снегулки, 30 денари се 500гр Без бикакви додатоци. Тие од Виталија се се само не здрава храна
Имаш овесни снегулки по сите маркети и крупни и ситни. Прави си ги кашите со вода не со млеко. Стави лажичка мед или стевија како засладувач.
Јас цело време ги користам овие. Незнам колку се добри не се разбирам баш во толкување на табелата, ако знае некој нека сподели.
Извештај од вчера. Вежбање на гладно 20 мин на орбитрејк. Доручек..2 јајца, 3 сланинки, парче домашно 'ржано лебче и шери домати. Ужина..портокал и мандарина. Ручек...мешана салата, пола туна од големите, 2 лажици грчки јогурт. Вечерот пешачевме 1 час со маж ми. Денес. Доручек.. Тортиља со пола авокадо, моцарела и 2 парчиња пилешки гради. Ужина овошје. Ручек.. Манџа со пилешко и ориз и многу салата.
Ако сакаш најчист можеш да си купиш од цело зрно и да го вариш, или пак преработен ама без додатоци како овесните каши, тој германскиот што го пратија погоре ти е добар.
Ден бр 41 Овошен Оваа недела нема да се мерам оти без коза непослушна Се надевам нема да зафркнам пак
И јас оваа недела грешев, роденден на мм, па добив и имав многу болки, плус мигрената, и не можев да се држам строго. Од понеделник се враќам во форма се надевам, ќе можам и да вежбам и да пешачам повеќе, па ќе се мерам дури наредна сабота.
Вчера Д кафе Р:3 варени јајца ,парче печеница и салата В:интегрални крекери малку салата ,вино и 2 залака торта Денес Кафе,портокал Салата цвекло морков и пченка В ?ќе се обидам да додржам витамински ден ама не гарантирам Јас оваа недела најмалку јадев ама вага не мрда надолу.
Зошто не се здрави? Не е здраво да се јадат без да се сварат, или самите овесни снегулки не се здрави? Ако можеш те молам објасни ми, многу често јадам овесни снегулки со јогурт, да знам дали треба поинаку да ги приготвувам или друг тип да купам. Денес е сабота, ќе има ли резултати? Јас не сум дома уште, утре ќе се мерам и ќе продолжам со внимавање.
Здрави се овесните снегулки, не се здрави инстант овесните каши со додатоци и шеќер. Овие што ги јадеме ние се овес чист и ист состав со мелен овес или овес во зрно.