Поздрава варијанта е секако. Но да знаеш дека исто калории имаат, доколку ги разгледуваш маслата од таа перспектива. Одприлика 120 калории во голема лажица. Искрено, нема добар шеќер. Ниту во нутритивни вредности, ниту калориски гледано. Оние благи мусли со додатоци на чоколадо, сушена банана, арома на јагода, и слично не се здрави. Ем се процесирани, ем се преполни со шеќер. Најдобро ти е да си земеш посебно овес, трици, корнфлекс без шеќер, семиња. Овесот е најдобрата опција, за на работа можеш да си го оставиш да преноќи. Помешај чист овес со јогурт/ќефир/млеко, што сакаш и остави го да преноќи и наутро подготвен ти е за јадење. Можеш да го оставиш во тегла или некое садче, таман за на работа. Можеш да му додадеш свежо овошје, путер од кикирики, јаткасти плодови, мелен лен, чиа, цимет, какао. Чисти овесни снегулки се меѓу поздравата храна на планетава земја. Нутриционистот сигурно ти кажал за оние благите со разни додадени шеќери. Да не шириме дезинформации. Зошто не смее житарка со млечно? Или со овошје??? Искрено, прв пат слушам дека не смеело, не верувам дека е вистина. Можеби членката има некој здраствен проблем, па можеби и' ги дале тие ограничувања.
Ден 21 Појадок вода Ручек месо Вечера, вода Непланирано ми излезе така Ден 22 Појадок, вода Ручек, телешки стек Вечера, манџа со телешко Ќе касне човек еднаш нешто друго и вагата одма стагнира мме Сега недела дена ќе ми треба да се вратам во нормала. Ќе мора да почнам и многу салата да јадам, шопска особено Ама некој треба да појде да купи прво
Се вратив и јас П: банана Р: кајгана со малку фета и 1 парче интегрален леб У: мандарина и какао со мед В: кисело млеко со ленено семе и непечен сончоглед. Се надевам нема да правам паузи овој пат
Д: ај реков да бидам во тренд со здрава храна и јас па зедов овесни снегулки со јогурт.Се мачев лапнав неколку лажици ама не бе не иде...Ни вкус ни мирис.После каснав малку глупости Р: 2 кришки тонус со малку свинско и тартар сос. В: Се надевам ништо
3/90 Појадок: три лажици мусли, две лажици овесни снегулки, една лажица ленено семе, една банана испасирана и сето ова со јогурт. Ручек: ориз со спањак и кисело млеко, три момички леб. Вечера: половина од ручекот без леб Се канам да држам и овошен ден пошто еднаш држев се надевам ќе издржам и втор пат.
И јас со јогурт не ги можам овесните. Ама како каша ми се омилени. Ги варам кратко со млеко или со вода, обично правам пола-пола со млеко без лактоза од 1.5 масленост. И после додавам лажичка мед, црвено овошје замрзнато (јагоди, малини, аронија што имам), може и лажичка какао, чиа семе, итн. Многу ми се вкусни така и има многу комбинации, можеш и со банана, со суво овошје, јатки сецкани малку, се што сакаш. Пченкарните ми се подобри за со јогурт.
Пченкарните и јас ги сакам со јогурт,ама овие бљак.Ќе пробам вака на овај начин да ги дотрошам барем купените.
Не си ја мачи душата. Кај се откажуваме од еден куп јадења, па уште да јадеме нешто што не ни е убаво. Најди си нешто што е здраво и нискокалорично, а вкусно ти е. Јајца, тонус, урда, врап со повеќе зеленчук, има еден куп опции. Па и да не е толку нискокалорично, нема врска. Јас овесни со јогурт и овошје јадам без разлика дали сум на диета. Ама убаво ми е, ненормално се стрвам кога ќе помислам на тоа јадење. Најубави ми се потопени во јогурт од вечер, а сабајлето додавам овошје и сончоглед. Е последниот пат некој скиснат јогурт по грешка ставив и ми се одјаде, ама и онака малку пауза не е на одмет. Ден 25, обид 2. П: ленено, чиа, јатки, суво овошје Р: пченка, јаболко В: спанаќ со ориз и кисело млеко. Ама многу бев гладна, претерав со количина. До вечер ќе повежбам нешто, барем 20 минути.
Здраво женски, ме примате во друштво? Треба ли да почестам нешто вака за почеток- кафе без шеќер, чоколадо со стевиа, кока кола зеро? Пошто последната крвна слика ми беше крш- шеќер над нормала, железо под нормала, време е да се ставам во ред. Плус, суетна, не суетна, би сакала летово да го дочекам во пофит форма. Пречка бр1- работа во две смени. Пречка бр 2- нетолеранција на лактоза 100%. Пречка бр 3 - (најверојатна) инсулинска резистенција. Почнувам со 71, 7, со надеж дека ќе бидам 62. Акцентот ќе биде на протеини, зеленчук, овошје. Ќе се трудам да внесувам што е можно повеќе влакна, јаглехидратите ќе бидат сведени на стриктно сложени, а чоколадото ќе мора да биде заборавено Секако најмалку саат време поминувам во пешачење, така да барем тој дел од слабеењето ми е покриен. Нека ни е со среќа предизвикот што е пред нас, и што побрзо да си го исполниме
@ALISA0000 Не се пријави во саботата, заврши со диетата ? Инаку едвај чекам да ослабнам. Најголем проблем ми e што сум дома раскомотена во тренерки или пиџами шетаме кај што нема мн луѓе и почнуваш да си се осеќаш комотно во дебелината, вчера излегов до болница де ама видов убави средени луѓе и добив голема желба да се стегнам во убави фармерки а за тоа мора да се слабее. Мислам и луѓето те гледаат со други очи, ептен го осетив тоа, за жените мислам посебно, за жал мора да се вклопиме во тие некои стандарди, секако и здравствено на прво место е подобро за нас да си ослабиме некој кг.
4/90 Појадок: овесна кашичка со пасирана банана Ручек: мала чинија макарони со томатино и малку сирење Вечера: салата од марула, туна, пченка и маслинки После појадокот изедов една шака индиски оревчиња, а после ручекот две коцки црна чоколада со 75% какао. Испив дури три турски кафиња ама без шекер. Имам некоја грижа на совест како премногу да изедов. И синоќа изедов полна чинија ориз со спанаќ без леб.
Ден 26, обид 2. П: чиа, ленено, суви сливи Р: јабилко, јогурт, семки од тиква В: јуфки со сос од домати и малку сирење. Ама многу јуфки. Потфрлам со диетата, не знам што ми е. Ај искарајте ме, да се вратам во ред. @ALISA0000 уплаши ме со вагата, @malerozna давај стапот... помагајте.
И јас посебно влера потфрлив.Останв до касно без спиење и триста глупости подкаснав.Мене тоа ми е проблем одам до кујна и лапнувам еден касај ова ,2 касаи она... Денес до сега 3 кафиња1 јаболко, 1 куван ѓеврек .. Сега незнам што да подкаснам за вечера а ми се јаде ми се плаче.
Тука сум Враќајте се на диетата, одма!!! Е јас затоа ептен строго почнав, оти си се знам, ај уште малку, ај ова, ај она... и после 100 кила се напрајв Ето сега, нема бел леб, нема макарони, кој ѓавол ме тераше да се научам макарони да јадам бее , нема њоки, нема благо, нема шеќер во кафето, нема пиво, нема нутела, нема бисквитки и млеко, значи сум можела А претходно, самосожалување пуштено на најјако Абе ве читав во темата медицинска диета, ако не таму да се префрлиме
@malerozna Во право си, само строго. И јас сум џа или бу, не можам да припазувам. Со екстреми повеќе ми оди Ајде жени да се стегнеме. Надвор е пролет, леле кој ќе нѐ гледа така згодни
Ден 23 Појадок, вода Ручек, манџа со телешко Вечера, телешки стек. Напазарував зелен зеленчук и пилешко. Да одморам од телешкото и јас Ајде девојки, нема откажување Тераме јако до посакуваната тежина
Доручек- спанаќ со 2 јајца, 2 парчиња димен лосос, шери домати и парче леб. Ужина- овошје. Ручек- уште немам смислено. Се мислам за шопска со фета и грчки јогурт. Или пак некое месо и салата. Во пмс сум, стомак ме боли и потечена сум, а за кризите посебно ноќе да не зборувам Ќе се издржи ај