9/90 Од денес поригорозно. Појадок: свежа банана, по два часа изедов две варени јајца Ручек: риба и царска мешавина Вечера: / (не сум гладна, ќе грицкам сончоглед)
П: тост и јогурт Р: мед со ореви В: компир манџа со месо и салата ПМС на најјако, сакам цел фрижидер да го изедамммм... Повозев точак околу пола саат, може ни толку. Сега нешто немам желба за вежбање, толку ќе биде за денес.
Го сјебав денот, ај од утре и јас. Појадок вода. Ручек, кромид и јајца, авокадо и домат плус маслинки. Вечера, купив протеин, па да го пробам. Смуди со млеко направив, ме сокина стомак Од утре, гладување. Не е благо за мене Ќе мора раното по портокали да појдам, ме домрзеа денес. А пмс на врата, ме фати и главоболка...
Д кафе па после 3 саати јаболко и двопек Р 1 портокал 1 јајце пола канче кисело млеко В домати,2 јајца( едвај),малку краставичка Туку како на олку благо нејадење после 100 години ме фати кандида ,да не го опаднав имунитетот?
Протеините прави ги со вода, не вечерљј туку за доручек. Стави си и една банана. Можеш и малце овесни Јатки јадеш? Гинекологот ми рече јатки да одбегнувам Земи спирулина пиј, не е скапа а многу има
Не јадам јатки освен во неделата вечерта каснав малку кикиритки и пченка. Имам спирулина ќе пијам ама мене се од тие додатоци на храна ми отвора огромен апетит.Мислам и витамини кратко што пиев сега поради коронава превентивно ми придонесоа за зголемата килажа.
Пробај пиј, јас не сум приметила такво нешто ама нели сите сме различни Ако можеш да земеш од некој габа комбуха да си ја правиш дома пиј редовно. Пред години таа ми беше спас за упорната кандида
Може да падне имунитетот, мене редовно ми паѓа од диети. Ама ти и не дрежеше некоја ригорозна диета до сега, не би требало да е од тоа. Туку ПМС на најјако, ми се јаде благо, ми се завива. Само во благо ми е паметот. Како ќе се издржат деновиве...
Обид број 2, т.е. истерав до 28 во февруари и сега мартовски, турбо демек. Ден 1 Појадок, вода Ручек, кромид и 2 јајца, домати, авокадо и маслинки. Вечера, вода. Ден 2 Појадок, лимон и вода Ручек, телешки стек на скара. Вечера, пола краставица. Божем медицинската ќе почнував, уши. Пмс ме дрма, арно што се држам до диетата, а не па крекери да јадам За утре си направив саси водичка, да видиме до кај ќе стигнам со неа и полумедицинска, дури не помине проклетово пмс После ќе направам комбинација со вежбање, не сакам мускулна маса да изгубам
@Ariel обично кога сум држела диети најчиста сум била во поглед на симптоми од кандида баш поради невнесување благо.Затоа чудно ми падна.А сум држела каде каде поригорозни диети од сега.Ај ништо страшно... @malerozna и мојава е некоја полумедицинска изгледа оти правам мали отстапки.Пр наместо варено месо јас јадец плескавица.И сменив вечера со ручек Д кафиња 3,јаболко и 1 двопек Р:1 плескавица,2 парчиња двопек и 1 домат В:ќе биде портокал ,јајце и малу кисело млеко
Тек втор ден ми е овој пат. Ама сум ја држела и порано ефикасна е ама ако за викенд не внимаваш а и после тие 3 недели многу брзо се враќаат изгубените килограми.Како и секоја др.ригорозна диета.
@malerozna како издржуваш со еден оброк на ден. Краставицата не ти ја рачунам за оброк Па уште во ПМС. Па јас волку малку да јадам во ПМС, тешко на сите околу мене П: овес, јогурт, јаболко Р: јајца, јогурт, мандарини В: месо, печен зеленчук, салата. Движење - тешка работа. Имам 3 км изодено, ок е . Каква мрза ме има фатено...
Поима немам Уствари имам. Јас одамна така јадам, еднаш дневно. Само што порано си млјацкав благо, бисквити, чипсови, нутела некоја лажица и што ли уште не Плус овошје си јадев редовно. Е сега, нема. Навикнав, повеќето од времето не ме ни фаќа глад. Е така се дебелее, со нередовни оброци плус многу благо
Девојки, дали некоја имате било какво искуство со Herba Life? За што всушност станува збор- таблети, шејкови...? Видов едно девојче што го следам на инста, значително е ослабена со помош на Herba Life. Вреди ли да се проба?
10/90 Појадок: три парчиња тонус со авокадо и маслинки Ручек: две јајца на око, парче сирење, домати Вечера: половина канче кисело млеко и сончоглед грицкав
Саси вода пиете ли? Јас полека на строга диета се префрлам. Златна корона ко ме фати, абе ко пред пораѓај станав, е сега сум прасе. Прасе. Итно диета. Хелп жени. Гаќите ми се мали
Од утре почнувам со водата. Саси, спас за дебели коронашки Високопротеинска исхрана во комбинација со Саси, успехот е загарантиран За гаќите Јас исти број носам цело време
Да се придружам и јас во клубот, ме примате? Тргни-застани правам цело време, последно се мерев 63.5кг имав, сакам едно 5-6 кила да симнам ама многу сум стрвна, не сум ич истрајна кога сакам да терам некој здрав режим. Водата ич не ми е проблем, можам 2/3 литри без проблем да испијам во текот на денот, ама вечерата секогаш ми мрси конци. Ќе си терам супер цел ден, за вечера немам идеја што да јадам и секогаш посегнувам по нездравата варијантна. Се надевам од утре асолно ќе се посветам на здрава исхрана. Пекав да се стопли времето и од март да почнувам во теретана, еве го 3ти дојде веќе, јас абер немам за на вежбање, пуста моја мрза.