да ви се пофалам јас почнав да се затегнувам.. денес пешачев 6 километри.. eдит: иначе не сум на диета, немам вишок кг (според мене) ама пешачењево добро ми дојде..
Денес немам сила ни да пишувам. Станата сум од 6 часот наутро, а легнав во 5. Во 9 часот каснав еден ѓеврек, а потоа и една житарка од виталија, испешачив може и 10 км на топлово време. За ручек јадев ќофтиња со сос од домати. За вечера немам ништо во план, не сум гладна. Денес се чуствувам ослабнето, се што изедов, потрошив. Ах сега ми иде да си легнам и да спијам, а треба да излегувам и да пијам вода. Оф леле, ко водна жаба сум станана. Уморот ме совладува, ме мрзи да пишувам, туку ајде и јас да му кажам на Трендафилчето наше да земе да јаде малку повеќе и да се скара со водените денови. Летово е тешко да се издржи само на овошје, а камо ли само на вода. И јас имам држано воден ден, ама во зима и лежев цел ден, не мрдав од креветот, немав сила. Јас вака кога ве читам добивам огромна волја да продолжам, а кога се чуствувам гладна помислувам на Трендафилка, оти она не јаде ништо и издржува. Штом може она можам и јас . Голема подршка сте ми девојки, ви благодарам. Еве ви еден бакнеж . Теди и јас го имам истиот проблем, помал брат, помали сестри, абе пубертет ги фаќа и само јадат и тоа јадат само калорична храна. Само нешто пржат, а јас жалната гледам како куче пред касапница . едит: Овој дечко ми се ме моли да одеме на пица, ем знае дека сум на диета, демек ќе сме ја делеле. Види го бе, на пица сака да ме носи . Јас сакам, ама нема да одам, ќе одам на вода. Е така. Отидов јас да се спремам .
Сега ми се 5 килограми плус, инаку беа 8. Можеби мислите дека ако некој има 5-10 килограми плус нема и некоја страшна потреба да биде на диета, ама не е баш така. Јас со моите 8 кила плус имав(м) стомак како трудна жена, буквално неможев да си ги видам прстите на нозете стоејќи исправено. Кога носам потесна блуза ми искача сало по краевите на прслукот, а повеќето фармерки едвај ги закопчувам, пукаат на мене. Така што, пак ќе кажам, сите викате еееј оваа 5 кила плус има се занесува со диети, ама не е така. Бев и јас седмо одделение и мислев дека сум дебела зошто ми пораснаа цицките, па се занесував со држење "диети". Сфаќам што ви е поентата на муабетот за тие со плус 5 кила, сфатете ја и вие мојата(и на сите други како мене).
Малку погрешно ме разбра, тоа е океј што ви смета, можеш да си ги намалиш ако сакаш, ама има разлика помеѓу 5 и 20 килограми вишок. Само сакав да ти кажам потешко се симнува помал вишок, отколку поголем.
Ама вака така,ко забегани и оболени сме,дали знаете?!Сериозно ова. Онаа пет дена до 12 ручала и се подсвртувало,оваа каснала 3 калории поише,у несвест паѓа,совест ја гризе,оваа сааамо 50 мин возела ролери,се брука тука,прееска јаснав едно залче поп кејк го плукнав,шубе ме фати,а антибиотик пијам.Шо ни е луѓе,дај да се опраиме! Ајт да си отвориме сметка да си собираме пари,Билчето да ни ангажира нутриционист,да ни одговара на прашања и да не води на форумов,јас мислам најарно.И еден психолог,да не потсетува да не забегуваме. Едно сум сигурна,чоек ко мене анорексија,зависност од дрога и цигари никогаш нема да фати! Па си велам,од еден месец строго не ќе умрам,не ќе се научам.
Да ви кажам нешто девојки.. Значи до пред некое време бев на патот да станам анорексична.Се плашев од јадење,од калории,раце-мраз а надвор 30 степени што досега не ми се случуваало,во огледало се гледав подебела од што сум.. Мајка ми виде дека може да стане сериозно и почна да ми зборува,да ме кара,да ми купува тоа што го немав јадено цела година... Почнав јас да си се освестувам,ама можда и претерав Последниве неколку недели многу јадам,се што сакам и тоа не во мали количини..Сеуште се немам здебелно,но се плашам дека ќе биде. Нејќам ни да ослабам,нејќам ни да се здебелам.Неможам да ја најдам средината,стварно ми е тешко..Сум пробала неколку калкулатури за калории и сите ми покажуваат различно Стварно не знам како да се одржувам,се ми е измешано.. Некое советче,некој со сличен проблем..? ЕДИТ.Токму тоа Лилит,ко забегана сум со диетисувањево..
Розич, немој да се оптоваруваш со калории и да се тресеш ако изедеш од ова олку, од другото повеќе. И Лилит убаво кажа, премногу се замараме, дури и во крајности одиме. Јади си од се, но умерено. Гледај работи што содржат повеќе калории да јадеш порано во денот за да можат да се согорат, а попладне и навечер полесна храна ( убав пример за тоа е диетата на Ирена, која е и еден многу убав и здрав начин на исхрана). И благо да ти се пријаде и пица и тост, касни, па луѓе сме на сите ни се случува, но пак гледај да не е претерано ( зашто и за здравјето не е убаво претерано да се јадат такви работи). За тоа што имаш зголемен апетит, јади си секогаш кога ќе ти се пријаде, но гледај да е поздрава храна тоа што ќе го јадеш. Немој постојано да мислиш на храната, гледај си го здравјето, зашто џабе ни е да сме слаби ако сме за никаде со здравјето. Поздрав
Уфф денес лошо многу лошо....сабајле беше топ со 3-4 кајсии,за ручек едно батаче со многууу салата,ама после кој к*р ме тераше да изедам наполитанки....сеа се нервирам и утре дефинитивно цел ден на овошје,па после тој воден
Здраво девојчиња... Јас можда сум пишала некаде за моите диетални искуства, ама од што ве читам дури ве засакав и за наше добро, пак ќе кажам мене што ми се деси со диетиве, све ова добронамерно. Се оптоварував мноогу (сега помалце, фала му на бога иде на боље), знаци ако сум каснала 10грама јаглехидрати умешано со протеини, или леб, за благце па да не зборам и сите тие гревови, се осеќав ужасно и цел ден ми беше ужас, промашен ден у пи*ку матер. И така секој ден, внесување калории по такви програмчињата за кои имате пишано погоре, секој ден се поголема опседнатост со храната, секој продукт колку калории содржи, какви ефекти има, план што да јадам за неколку дена унапред и сл. ја си здобив булимични симптоми И мојот живот беше хаос, све се вртеше околу храната... ма ништо живо не ме интересираше... Ама пред неколку недели се свестив и се откачив од запишувања на калории и исто се откажав од протеинските диети (се слабее, ама мене ме доведе до тој степен буквално да умирам за јаглехидрати, зашто ги избегнував долг период и после ако каснев залак леб по автоматизам го јадев целиот па и све друго што имав пред очи). Тоа ти е булимија, јбг. За овие 2/3 недели супер се осеќам а плус ослабев некое килце а јадев дури и пита пред некој ден, ама пустата јас пак внимавав да не се многу калории укупно. Ипак, стојам на тоа дека мора да се внимава што се јаде, да се спортува и изведба на сите ритуали што не прават поубави.
Од срце ви го препорачувам чајот Slim & fit од Виталија. Не знам може секаде е различно, но кај мене доста делува. Особено најмногу сум благодарна на тоа што бидејќи вежбам забележав дека изминативе денови многу повеќе потам за разлика од порано. Затоа и ви го препорачувам особено на оние кои вежбаат. Spoiler Во однос на подуеноста на стомакот, јас од поодамна имам резултати од зелениот чај, но пак ќе речам кај секој различно. Имам една блиска личност која исто имаше доста подуен стомак. Мислеше дека е поправена, арно ама не беше. Започна да пие чај од маточина и искрено да ви кажам дека сега е рамна како штица во стомакот. Не губите ништо да пробате.
Девојки, јас од сабајле прилично многу јадев. Не можам да ја затворам устава бре ... Изедов два реда црно чоколадо, и две сендвичиња со црн леб, сирење, патлиџан и маргарин. Сега пред малку јадев и пола туна. Немам поим зошто олку ми се јаде ... Ама од 8 сабајле до сега олку јадење не е на арно. Стомакот ми е подуен, не се осеќам добро денес. Инаку сакав да ви кажам и дека месецов не добив, се осеќам како шит, плус подуена, се молам да ми скокнало еден месец од промена на исхрана или нешто слично, не можам пак со цисти да се борам да им се мо*кам !!!! Е така се олеснив, сега сум со план да позумбам, и да ми се исполнат молитвите до три попладне да не зобам ништо. После ќе ручам пушена риба и краставица, истото ме чека и за вечера ...
Јас да ви кажам право вчера на роденденот си мавнав добри 6-7 чашки шприцер. Ептен се расположив, и сите ми рекоа дека изгледам супер, и ми удри славата во глава. Па кога си дојдов накај два и нешто, за да не ми се лоши цела ноќ само од алкохол, си мавнав една кришка леб после 25 дена живот без јаглени хидрати, со малку туна (комбинацијава еј) и си легнав топче, ич не ми чуе, се разбудив свежа, ко краставица. И денес истата рутина - лимон, лен и малку овошје, а во 14 часот сум на роденден и таму ќе си мавнам мевце и салатка, без срам и перде. И многу ми е убаво. Еве еден кус информатор за другите ван аеробични, зумбастични и орбитрековски потфати. http://www.womansday.com/Articles/Sex-R ... ories.html
Поздравче девојки, јас си продолжувам со диетата...колку сум ослабела точно не знам , немам дома вага, се мерам кога одам кај моите, а не сум била цела недела. Знам и осеќам дека сум ослабена според гардеробата, некои парчиња пак ми се широчки и почнав често да носам каиши, а и влегов во некои кошулчиња што беа подзаборавени зошто ми беа тесни. Со диетата на Иренна ќе продолжам цело лето, веќе се навикнав на ваков начин на исхрана и воопшто не ми е тешко и не чувствувам глад. Леб си јадам на ручек кога има манџа ама само по една корка и многу често во текот на денот ако ме фати криза си каснувам нешто зеленчук што се наоѓа по дома (краставичка, патлиџан, маслинки...) Сепак денеска ќе правам пица, па и ќе си каснам, мислам дека после месец дена заслужувам...
Оваа тема мене ми требаше ланското лето и тоа многу Сега, не сакам да ослабам, може 2-3 кг евентуално, но сакам да го немам мешето. Многу ме нервира. Еве зумбувам, возам точак, еднаш се обидов и со трчање, ама пак нема резултати. Работата е што имам ептен бавен метаболизам, значи во веце одам еднаш во 4 дена! Што да правам за да ми се среди столицата? Да пијам зелен чај? Сега одам да си купам и хулахоп, па ќе видам како ќе биде.
Ај и јас да се пријавам, вчера откога пукав ко ненормална преку ден некако си ја смирив совеста со тоа што наместо вечера, мавнав две чашки зелен чај и тука завршив. Денес сум петка, барем до сега. За доручек една витанова и 3-4 кајсии + чаша зелен чај. За ручек ете ви идеја ако немате, си испеков во тавче 3 подварени моркови, една главица кромид исецкана на кругови и подварена соја 5 онака поголмеки парчиња + еден свеж домат. Е сега знам дека има многу дилеми околу оваа сојата, па да ве прашам ја има ли некој вметнато во диетата и воопшто дали е ок да се јаде за диета миета?
Ритуално, како и секој ден..да си ги раскажам плановите за денес... Најпрво морам да признаам дека е ова е најдолго време, што ептен внимавам на исхраната, пешачам на кратки и средни релации, зумбам и вежбам скоро секој ден, најчесто секој втор. Значи, темава премногу ме мотивира, и озбилно би рекла едно големо БЛАГОДАРАМ, затоа оваа виртуелна поддршка си ја земав здраво за готово и повеќе верувам дека ќе издржам до крај. Не држам некоја строга диета, се водам според она на ирена, а некогаш и сама си креирам мени што и не ме ограничува многу и не ме прави гладна. Сабајлево немаше струја во зградава, па си направив шопска, ја изм‘цкав убаво со две кришки леб, и си пиев горко кафенце со млеко и морам да признаам дека сабајлечки ме спука криза за благо и бидејќи немав ништо друго освен едно мало чоколатце атлантис (кое наравно го смачкав) си цуцнав малце чоколаден прелив . :Д Нема да јадам ништо освен вода и ладен истант чај од лимон се до вечер, а вечер може пак некоја салатичка но без леб. Вечер - 8-9 зависи кога ќе стигнам дома.. Иако еве нема промени на вагата уште сум си 53, се чувствувам полесно, чекорите ми се полесни, немам чувство за глад и така.. Ви праќам гооолема гушка на сите, и ве поддржувам до крај.
Па да се испразнам и јас што имам да кажам за денеска.ОД сабајле на работа јадев еден ѓеврек,овошен јогурт и едно диетално чоколатче(не знам како се викаше).И се напив едно кафе,оти готова бев да заспијам.Кога дојдов дома крај 2ипол јадев пржени тиквички со јајца,без леб,со патлижанче.Брат ми ми купил сега чоколада,али не ја јадам.Ке ја оставам за друг пат.Планирам до вечер ако ми се сојаде да каснам овошје нешто.Од физички активности денеска сакам само стомачни да направам.Според планот викендот немам некој големи активности,Иначе цела недела една ден трчам,друга дома по сатипол два вежбам.И така.Се надевам све ке ми оди според планот Заборавив да напоменам пијам вода многу,претежно кога седам пред компјутер или гледам тв пијам по 1литро вода
jaс сум денес на јогурт ден ... цел ден пијам јогурт .. истрчав 10км и после ќе утепам еден саат во теретана ... ми фалат уште 4кг да ослабнам .. се надевам дека ќе го сторам тоа за брзо време
а занеш тој чај каков е, шо пари е? зошто и јас мислев дека сум поправена ама не сум, само ми се дуе мноогу стомакот...пп сеа некои викаат од хормони е, ама не се сигурни дур не испитам , а за недела дена идам на одмор па ништо лошо ако пробам и со чајов...