Сабота, ден за мерење Во стагнација сум оваа недела, само -0.1 кг, што е статистичка грешка . Како што бев во пмс, задоволна сум што не сум качила . Еден апетит што ми се отвори, па пити, сендвичи... Продолжуваме понатаму. Следната недела сигурна сум дека ќе има резултати Денешен исповед: П: ѓеврек со путер од кикирики и боровинки (слабост, јбг) Р: месо, салата, малиџано. Толку ќе биде за денес. Не верувам дека ќе се движам, каква мрза ме има фатено, не ми се мрда. Среќа почнува да ме боли кичма, само болка може да ме натера да вежбам .
Ден 6 Појадок, 2 портокали (јбг, гладна сум) Ручек, зелка со телешко Вечера, пола од ручекот Денов како за ун диета ми личи Знам, затоа не обраќам внимание на вагата. Тешка категорија сум си, јбг Мора и метаболизмот да го забрзам некако. Ќе мора зелен чај да пијам изгледа
Која апликација за броење на чекори користите? Сакам да се активирам повеќе па да можам да се следам.
Значи колку ме дуе тестото тоа чудо.Сабјлево имам 1,9 повеќе од вчера сабајле...А каснав не повеќе од 200 гр.пита.. Знам дека не треба секојдневно мерење ама знаев дека имам плус па за инат да проверам... Ау чекор напред два назад...
Еден искрен совет од мене, дајте си 6 месеци. Или година. Многу се преоптеретувате со ситни денови и неделни мерења. Ниту се реалистични на подолгорочен план, ниту добро ви влијаат врз психата. За општа промена потребно е повеќе време, конзистентност и трпение.
Добро е што знаеш дека вака ти влијае, причина повеќе да го избегнуваш. Мене млечните производи вака ми влијаат, па се трудам да ги избегнувам, освен јогурт, животот без јогурт е незамислив . Јас на телефонот имав некоја, па таа ја користам, не сум инсталирала некоја посебно.
Здраво на сите Сакам да прашам дали некој имал некаков проблем и се здебелил од таа причина па потоа ослабел? Јас еден период многу ослабев, ама сега сум најдебела(затоа што имам проблем) и никогаш претходно не сум била ваква. Многу ми е тешко да се прифатам со оваа килажа. Апетит имам огромен, дури почнав да губам надеж дека може пак да ми се изгуби апетитот. Пијам два вида чаеви и апчиња за слабеење. Ама нема некој резултат од едниот чај викаат дека за 1месец се слабее 5 кила, ама количината на храна што ја внесувам јас страв ми е да застанам на вага да се измерам. Дали има некој што успеал да се врати во нормала? Да ми биде утеха дека тоа се може?
Јас исто пред 2 години имав топ тело, ама летото 2019 па се' до пред некоја недела јадев ко луда, не ме интересираше време и место, навечер бутав лебови, сендвичи, помфрити, газирано, благо. Се' што не треба. Е кога се качив на вага и кога видов каква огромна штета си имам направено решив дека мора да се променам. 2 недели бев на здрав режим (намалено леб, благо, газирано, тестенини) а веќе 3 дена сум и на кето диета. Така да, јас од човек со ужасно голем апетит, со посветеност и мотивација успевам да ја скротам гладта, а и искрено веќе не ни чувствувам потреба за така без врска да "бутам" храна. Јадам кога и ако сум гладна и ме радуваат промените што ги гледам на своето тело .
На здравствен проблем мислиш? Или психолопшки, т.е негрижа за исхраната поради некој друг проблем што ни го одзема целото внимание и ништо друго не нѐ интересира? За здравствен, мислам дека мора консултација со доктор. За психолошки, секако дека е возможно, има еден куп успешни приказни. Прочитај и во темава, има убави приказни за мотивација https://forum.femina.mk/threads/Успешни-стории.6050/ Апетитот полека мораш да го намалиш, постепено да кратиш на количина. Немој да се обесхрабруваш, прво нема да слабееш туку со кратење само нема да продолжиш да се здебелуваш, а после ќе дојде и слабеењето. Првиот месец е потежок, после тоа се тера многу полесно.
Мене ми го отворија апеитот антидепресивите и од нив се здебелив многу. За ова пишував во темата за антидепресиви. Ама мора да продолжам да ги пијам зашто се осеќам уште лошо. Некогаш знам и да полудам зашто ми се јаде, а неможам да се исконтролирам и затоа барам помош на фемина. Како што пишав веќе почнав да губам надеж дека може апетитот да ми се изгуби. Ќе се обидам овој месец, па макар и да полудам за храна(до кога ќе ме држи мотивацијава незнам). Некогаш дури и сонувам како идам да купувам благо
Ден 3 кето. Д: омлет од 2 јајца, 6-7 листови спанаќ, 2 парчиња кашкавал, 2 парчиња шунка, пола краставица со сол и половина авокадо. Р: брокула варена па пропржена на путер плус 1 лажица соја сос и малку буковец, другата половина авокадо и 3 парчиња сланина. У: ќе јадам 2 јагоди. В: нема да вечерам.
На почеток е тешко, ама само упорно и ќе биде! Денес претерав. П: две парчиња леб со сѐ што најдов во фрижидер, и солено и благо. Р: месо, салата, компири... В: оризови галети со путер од кикирики, мед...
Да го барам стапот? Ден 7 Појадок, јајца и диман лосос Ручек, зелка со телешко Вечера, зелка со телешко Два дена исто јадам Килажа си стои, во обем слабеам. Нисам знала да је могуче
Баш за стап е работава. А може и нема да треба, толку тешко ми падна вчера од што се изнајадов глупости, еве и денес ме боли стомак. Сабајле се качив на вага, нормално +1кг. Продолжувме понатаму, со повеќе памет
Сепак вечерав вчера, дури 20 грама кикирики и 5-6 бадеми несолени. Ден 4 кето. Д: 2 јајца пржени на путер, 6-7 листови спанаќ, 3 црни маслинки и 1 парче сланина. Подоцна изедов 2 парчиња кашкавал и 4 парчиња сувомеснато гладна бев. Р: свинско месо, варен спанаќ и салата од марула со маслиново. В: кисело млеко со чиа и ленено семе. У: 2 јагоди (не сум сигурна дали ќе ги јадам, немам се' внесено во carb manager, ако сум достигнала лимит ќе прескокнам ужинка)
Ден 8 Појадок, 100 грама димен лосос Ручек, зелка, зукини и томато сос, џоа прженица излезе. Вечера, јогурт Вагата не мрда, над 2 недели се врткам околу -7 Ама ќе чекам, не каснувам друго
@malerozna давај стапот и за мене. Викендов го љуфнав што го љуфнав денеска до сега арно терав сега ја зафркнав.Каснав колаче... Инаку 3 кафиња,1 портокал ,3 јајца 2 парч двопек малку домати.Ама благово бе уф...што ми требаше,као на нервна база а уствари лаком г'з...