@malerozna дај стапот, ич да не пишувам П: јајца со јогурт Р: пченка, путер од кикирики, лабаво, со лажица. В: сарма, салата, кикирики, овошје... Втор дeн по ред сум прејадена до препукнување. Утре среќа на работа сум, кај е за мене седење дома.
И @ALISA0000 да не ми се прај на Тошо Дами, денес нема стапот да игра, ако ветите дека од утре строго ќе се придржувате на пишаните правила и прописи Синоќа цела ноќ читав на темите, медицинска, Жан, УН, зелка диета, диетата на Ирена... Гледам успешни приказни имало, и после некое време пак се враќаме на старата килажа Заклучок, со малку храна, не се живее. Јас така почнав да се дебелеам. Мора балансирано, по 400 калории на оброк. Еднаш 2000 ич не е на арно, не прашувајте од кај знам Мареане да накачи внес на зеленчук, ето зелка, ко мене многу малку храна е тоа за цел ден. И сабајле и преку ден ако ко се јаде повеќе, до вечерта се издржува без проблем. Кај Иренна тоа ми се допадна што за вечера се јадат протеини. Јас ќе почнам тоа да практикувам. Давајте идеи и мене карајте ме ако грешам. Заедно можеме повеќе
Мене секојдневната исхрана ми е ок, ама повремено ме фаќаат емотивни кризи и тогаш јадам навечер, и тоа како дупната. Последното јадење обично ми е кај 5.30-6 и тоа ми е доволно за до спиење, ама ако ме тишти нешто, дали работа, дали деца, одма наоѓам утеха во чоколадо, јатки или што се најде дома. Во вакви периоди најчесто качувам по 5 кг, почнува гардеробата да не ме собира и ги симнувам, и ова се случува секоја година. Ама имаше еден период кога не беа 5, туку 8 кг кои никогаш не успеав да ги вратам. Имав нов шеф на работа, ме цедеше ко лимон и за да го издржам темпото, јадев многу благо. За неколку месеци качив 8 кг и никогаш не ги ослабев, а на тие плус редовните сезонски 5кг, значи терав до +13, што е премногу. Среќа шефот пред неколку месеци смени работа и одма ми се јави желба да слабеам. Емотивното јадење сѐ уште не сум успеала да го надминам, а не знам ни дали некогаш ќе успеам. Дека ќе има уште вакви моменти, ќе има, само работатата е да не дозволам да се трупаат килограми, туку штом видам дека сум ставила 2-3 кг, веднаш да се ставам на рестрикција. Да не чекам да станат 5 кг како секогаш, туку што порано се реагира, тоа помалку мака. @ALISA0000 мило ми е што се врати, страшен мотиватор си, многу фалеше тука!
И за мене не е седење дома, ама почнав УН дефинитивно, барем ќе знам кај терам, тамн до јуни завршувам а после тоа доаѓа летото и се е полесно. Лето можам само на овошје и салати да живеам. Битно не се откажувам а и не се мерам а некако полесно почнав да се осеќам. Spoiler почнав да се празнам секој ден, пишав без ленено семе можам со денови само да се дувам, катастрофа сум. И клистер купував за дома Така УН ја сакам зошто ќе си имам малку благо и тесто без грижа на совест. Да видиме, еден месец не се мерам. Ќерката ми е обично најголем критичар, си ја вратив бојата на косата со која таа најмногу ме сака, а често менувам сега викам уште да ослабам, таа ми вика не си дебела, обично е искрена претходно ослабнав заради нејзини критики, другите слабеат за маж, мене ќерката ми е најголем критичар. @Ariel исто баш баш фрижидерот си знае кога имам криза.
Имав страшен период излегував у 9.30 а се прибирав у 20.30 Немаше никакви шанси за да терам режим Од денес сум у нормала па ке се вратам пак Таман и постите ке почнат уште малце
Исповед За 5 недели -3кг Не се којзнае колку ама јбг боље ишта него ништа Слабо вежбам периодов изгубив мотивација некако а нозе подобро изгледаат позатегнати. Се надевам ќе се вратам деновиве пак со вежбите Изминатава недела јадам овесни со протеин мерица, сварени За ручек сурами, јајца, киноа или месо некое
Терам и јас некако ама деновиве ме фаќа стрв за благо.Обично тоа е ретко ама ете сега сум во таков период.И се облажувам по мацку. @ALISA0000 а како ќе тераш режим во постите.Јас кога сум постела секогаш качував по неколку кг. Сега сакам само 1 недела..
Јас се плашам да се качам на вага, да не ги имам вратено сите Тежок период и кај мене, немам волја за режим, ни за вежбање. Во круг се вртам цело време.. не јадам количински многу, ама грешам со благо, утеха ми е. А ве читам редовно и браво за упорноста.
Ајде кажуј,па ако е диетално сите групно ќе го правиме и јадеме.Барем за во емоционална утеха и пмс лудило.
па појадок овошје р-компир ориз грав лека со салара вез леб вечера исто вез сок грицки и благо јас само 1.1кг имам назад од кога застанав сеа пак ке почнам да симнам 5-6
Вчера прескокнав и вечера и ужина, не бев гладна. Ден 5 кето. Д: 2 јајца варени, неполна лажица мајонез, 4 црни маслинки, 2 парчиња кашкавал и многу сувомеснато . Р: 4 мали листови и 3 големи листови марула, намачкани со малку мајонез, 1 конзерва туна (85грама), 1 црнка маслинка и 1 ќебапче (душата ми сакаше цела 10ка со се лепчето да изедам ама њама ) В: краставица пресечена на 4 дела, сол, малку лен, ким и чиа семе, 1 парче кашкавал и 1 парче сувомеснато. У: една јагода и на врв од лажичка путер од кикирики,
Ден 9 Појадок, јаболко Ручек, зелка, зукини и томато сос Вечера, јогурт Скоро исто како вчера. Почна да ме нервира вагата. Наместо да тргне надолу, си стои во место 2 ипол недели. Вчера не пиев ни саси, немаше кој да ми ја направи Ај утре ќе си направам пак. 36 дена, а јас се движам околу -7
И кај мене не мрда веќе две недели. За 7 недели имам -5кг. Некако досадно станува, цело време пазење, а нема прогрес, ама нормално е повремено да се стагнира. Ќе ослабам уште барем 3 кг, па што сака нека биде. А се надевам дека ќе бидат уште 5кг. Леле уште најмалку 7 недели се тоа, мај ќе ме фати .
Ден бр 2 Вчера супер поминав како за прв ден се по планираното денес заборавив да земам банана за појадок така да ке биде дирекно ручек р-зелка салата плус туна и лимон в-исто Планот ми е како и до сега нема леб театенини благо сок и грицки и нема мешање протеин со скроб Плус 1 -2 овошни во текот на една недела
Ден 6 кето. Денес ептен се успав, па доручекот ми беше 2 парчиња кашкавал и 5 парчиња кулен. Р: 6 листови марула, 2 ќебапчиња, пропржени свежи шампињони, 1 варено јајце, 1 1/2 парче кашкавал, 1/4 свеж црвен кромид. У: најверојатно ќе јадам кикирики, околу 50 грама. Денес некако се' е утнато, а и веќе ми скисна режимов, ама нема да се откажам до крај на месецов барем .