Јас не сум на кето ама размислувам и наидов на овој канал, типот има повеќе видеа со оброци, можеби ќе ти се допадне некоја идеја да смениш малку
Членувам и на фб на неколку страни со рецепти, исто и на инста следам неколку профили, ама џабе кога со време сум ограничена ради предавања па јадам колку да се јаде. Сепак ти благодарам, и со лесно доколку се одлучиш да го тераш овој режим .
Вчера Кафиња јаболко 1 јајце ,двопек Свинско во мала тортиља +2 касаи браунис колач Денес: Кафе 2 , јаболко Кисело млеко и краставица како ѕаѕики салата де ... Плескавица на грил тава и нешто зеленчук...ќе биде... Ослабена сум кај што не треба во г'з и нозе а струк стомак слабо ептен...
И денес поминав убаво еве ми го ручекот вечера мислам ке нема туку кажете со баклавите шо ке правиме ?
Тулумби ќе праиме место баклави... Озбилно тоа планирам за да не јадам јас.Тулумба една може дур е топла да каснам ама баклава не верувам дека ќе одолеам плус посна е може цела недела да јадам
Баклави ни правам, ни јадам, не е тоа опасност. Јатки ми се порок, цело време мислам на печени лешничиња . П: чиа, боровинки, млеко Р: јајца, салама, јогурт В: супа, месо, салата Не е лошо, задоволна сум. Само што не ми се движи, не ми се мрда!
Ова слично со УН, ама построго немаш ЈХ ден. Јас денес ЈХ, за ручек сварив една шака јуфки и многу тешко ми беше цел ден, одамна немам јадено бело тесто.
Кај мене мотивацијата е под нулата Се почесто помислувам на нездрава храна и се чуствувам ненајадено.. а не ми беше така до пред 4-5 дена. Се плашам да не се откажам. Дајте некој совет како продолжувате кога сакате да се откажете Пред пола саат овесни, чиа,ленено,јогурт баланс и едно јаболко а сега веќе гладна За ручек ми е стек и ориз
Денес ден бр 3 Пак се оставив без појадок р-лека ке биде со зелка салата в-исто од ручекот Овој пат ке пробам да не се мерам некое време
нема ништо полошо од често мерење и јас порано бев така и се разочарував и прекинував Сега неделно еднаш или на 10тина дена еднаш е ок кај нутриоцинистот еднаш неделно се меревме на гаки и мајца
Вчера вечерта се откажав од кето. Искочив да пешачам и само се молев да има луѓе во близина за ако случајно паднам има некој да ми помогне. Полошо не ми било никогаш, и вечерта едвај заспав од што уште бев целата хаос. Симнав 2-3 кила за тие 6 дена ама искрено воопшто не вреди заради можните здравствени проблеми што ќе ги имав. Затоа од мене за кето има огромна точка, едноставно не ми одговара. Сега дури се прилагодам на поинаков начин на исхрана може и ќе ги вратам килограмите, ама понатака барем ќе се трудам да ги губам на поздрав начин, без строги рестрикции, без да висам на апликации за броење калории па макар и со месеци да трае тоа. Така да ден 1 Д: едно интегрално лепче тостирано, 2 јајца пржени на путер, 1 авокадо, 1 парче кашкавал, 3 маслинки и 2 парчиња кулен. Р: 5 мафини со спанаќ и сирење, малку кромид, краставица и домат и домашна ѕаѕики салата. В: најверојатно ако сум гладна ќе јадам јагоди и може црно чоколадо.
И строго тазе измокрена Ти се восхитувам како можеш да јадеш манџи.И тоа без леб... Леле ја сум ко децава напрајна манџа да не видам. Се на нездрава и сува храна умот му оди. Неделава вагата не мрда кај мене.Ми се доуспори метаболизмот. Д:јаболко Р.сирење,домат и 2 парчиња двопек В ќе биде 2 мали плескавичиња од вчера оставени.
Ден 10 (вчера) Појадок, смуди од протеин Ручек, краставица, домат и туна од конзерва Вечера, јогурт Ден 11 Појадок, вода Ручек, телешки стек Вечера, марула салата и туна ќе да е Денес, вагата конечно покажа -8 Да се надеваме дека ќе тргне надолу. Инаку јас манџи обожавам Ама па, за добра свиња, нема лоша помија Ето, готвам манџурија за утре, зелка со телешко
Денес П: мусли, банана, јогурт Р: 3 оризови галети, мед, банана, јогурт В: грав со колбаси, 2 палачинки со мед и ореви Палачинките и ручекот ми се чист вишок. Едноставно, ми се најдоа на патот и ги изедов.