Ден 55, обид број 2. П: чиа пудинг со путер од кикирики и банана, макијато Р: проја, салама, јогурт В: спанаќ со ориз. Добро си каснав денес Ќе вежбам после, мора малку да се размрдам.
Кафе,јаболко,чај.. Куван ѓеврек и маслинки 1 тонус лепче со хумус Малку алва 3 сармички мали... Ич не држи ситост поснава храна нозе ми се стресуваат...
Околу благово појма немате колку ме фаќа стрв ама ко ќе пробам ич не можам.Ко да не ми е вкусно и после мачно ми е.Денес купив алва,а многу ја сакам инаку каснав 3 залака буквално и ко да ми се згади... Ама џабе...со секоја година се потешко се слабее...
Јас па благо за појадок, тешко. Можам попладне и 750 грама нутела да изедам, ама рано насабајле си сакам соленко Сум јадела и грав манџа за појадок Ич немам мака
Мене за јатки ме фаќа стрв. Не купувам за да не јадам, ама џабе, на путерот од кикирики му се пуштив, со лажица од централа. Еве и сега го мислам... Дали ми фали нешто што имаат јатките, па толку им се стрвам, еве, не знам... Тоа со благото за појадок е лоша навика од детство, којашто за жал и на децата им ја пренесов. Да остане благото само на појадок нема да е страшно, ама појадокот е само почеток...
Ден 15 (-2.7кг) Д: Овесни палачинки со путер од бадем и џем од кајсија Р: Потпечени болоњезе макарони (толку беа добри што немам грам грижа на совест) В: Супа и салата Вежбав 42 мин, умрев.
Ден 56. Не ја можам веќе стагнацијата, почна да ми станува сеедно. А не наоѓам сила да направам порадикална промена. П: овесни, банана, јогурт Р: оризови галети, јогурт В: бурито.
Кафе,јаболко 4 -5 крекери Пиперки пржени со домати и 1 пирошка колку да можам да ги каснам. Вечера појма немам.Може 1 парче тонус намачкано со нешто. Губам и мотивација веќе. А добивам апетит.И подуена некако сум...
Д: Пола банана и еден мал еклер. Р: Посна манџа (ориз, бамја, пиперки и малку компир) , парче црн леб и малку сирење. вечера: две јајца пржени на маслиново масло, една голема шолја лајт јогурт, парче црн леб, две парчиња салама и опет сиренце. Како шо гледате слабост ми се млечните производи, не можам без нив. Шо мислите, добра варијанта се ако сакаме да слабееме? Имам некои 5/6кг вишок, никако да ги оттарасам бе!!!
Ден 18 Појадок, кафе Ручек, пилешко и салата. Вечера, свинско со праз Нешто, не јади, не јади, вагата си стои Да фатам 7 дена пост на вода само мме
Епа не пијам, треба некој да ја направи прво Еве сега ќе сечкам краставици и лимон Ме усрами Бриџо Ама ќе треба ептен јака да ја направам, да не ми се јаде. Нешто денес и благо ми се јаде
Уф, тешка работа. Јас со млечни производи никако не слабеам. Ама може индивидуално е. Ама не претеруј, да не се предозираш
Го гледав доктор Горан на инста, 7 дена без храна. За 7 дена, 5 кила да симнам, ехеее Ама Саси на гладно, не Ај ако решам, ќе пишам
Прв пат слушам за доктор Горан - оној со стомачните на профилна? Да го прочитам и јас, може ќе ме мотивира