Тој е. Фати се стави на диета 7 дена, само на вода. Плус вежбаше по малку. Сега деновиве мислам беше на кето 30 дена. И доктор Мајк така прави Топење на масти. Ако лекар вели дека е ок, валда е ок И за мене Јас па имам повеќе сало за топење
Не се баш добра опција затоа што се преполни со масти. Веќе ако јадеш млечни, пробај со урда, моцарела, ќефир, грчки јогурт. Не се обесхрабрувајте. Гледајте на нештата како општа промена на лајфстајл на подолгорочен период, а не на денови и месеци. Избегавајте што е можно повеќе процесирана храна, каснувајте си од сè по малце и секако, бидете барем некако активни. Подобро е да си повеќе активен за да не си кратиш храна отколку обратно. Конзистетност и трпение.
Ден 19 Појадок, кафе. Ручек... е тука ја сјебав работата. Тавче гравче и риба. Па и бел леб каснав @mareane да дојде да ме дисциплинира За ќотек сум. Ај барем благо не јадев За вечера, месо
Совет што мене ми помогна, дома бел леб нема да чувате ВООПШТО. Ќе купите или интрегрален, нешто со семки (сецкан обавезно) и кога ќе ве фати стрв и паника на ручек ЕДНА КРИШКА ќе земете, затоа што и тоа е недозволено, една е доволно кога е недозволено Ем ќе каснете леб, а од друга страна, не внесувате бел леб и не е количина што во паника ќе ја скинете од векната што на крај може да е пола леб
@malerozna сличен ни бил ручекот.Јас риби и малку печурки и 1 парче тонус. Ама после ручекот малку алва... За вечера ќе пробам да не ги изедам посните пирошки од вчера.Не знаете колку се мачам да не јадам бело тесто...т.е бар реткост да е...За скроз не се нафаќам...
А саси вода??? Ден 57 ли е, не знам. Момент само да го извадам списокот . П: чиа со боровинки и сончоглед Р: проја со јогурт В: 3 (со букви: три) парчиња фамилијарна пица. @mareane @malerozna, вие за малку леб се секирате? Движење, 4 км, а бе воспаление на мускули ќе добијам . Утре ќе се мериме? Си викам, после пицата да не е лицемерно . Морам да најдам сила да се стегнам, нема смисла вака.
Ето втора чаша пијам Каснав и чоколадо Дај друго дете Изодев 7км јас Наредната недела 3 дена на вода ќе се ставам, како казна Не се мерам јас На 30тиот ден дури
Друштво, добро ве најдов. Го достигнав врвот со кг, од утре си ветив, нормално, по којзнае кој пат дека ќе внимавам на исхрана...имам 63кг, целно барем 58, идеално 56кг Се надевам темава ќе ме мотивира повеќе од што самата си се мотовирам
Dobro utro Posle dve nedeli, isto sum si 63/64 Pocnav da se pridrzuvam na nekoj si UNredosled no ne tolku strikno. Pesacam 3 pati nedelno po 9 km
Се мерив Мрднала вагата ,макар да се и -300 гр. @Igle добресојде,иста ни е целта,барем 58 ама тешко... Мене физ.активност ми фали..
И кај мене мрднала вагата, +0.5кг Ова веројатно е од пицата вчера, не го сметам за некое качување, ама стагнацијата продолжува, скоро еден месец. Во целиот овој период на стагнација многу малку се движев, речиси воопшто. И иако генерално внимавав што јадам, количински јадев повеќе од што ми е потребно. Нема слабеење така.
Ден 57. П: пржено лепче со јогурт, салама и кашкавал Р: плескавица со кашкавал, компири, салата В: боровинки и путер од кикирики. Божем пешачев еден саат, ама лабаво, па сум направила чекори колку секој нормален ден, кога мислам дека не мрдам .
Претерав денеска ама да си се исповедам. Д :1 домашна пирошка +овес ,семки во јогурт Р:3 палачинки В:пилешко со салата... Плус 1 јаболко 2 портокали...
Само 3 палачинки? Ден 20 Појадок, пица со црно брашно Ручек, колбаси и салата Вечера, чоколадо 4 дена на вода наредната недела Да се искупам за гревовите
Не постои такво нешто, едноставно со следниот оброк продолжи како што треба. Башка само поише проблем си правиш, ако претеруваш со кратење на храна, метаболизмот ќе ти ослабува и телото повеќе ќе складира зошто ќе "мисли" дека ќе изгладни до смрт, тоа ти е одбранбен меганизам. Така да, внесувај некоја нормална количина на калории (на пример 1700), биди на некаков начин активна и ако "зезнеш", продолжи со квалитетен оброк.
А бре јас ко ќе не сум на диета јадам по 1 до 2 не сум љубител ама сега се повеќе ме фаќа желба за такви забранети јадења...Почнав кафе пак со шеќер ди пијам.
Тоа не се наклеветив И 1 кафе со шеќер пиев Ма нека си мисли телото што сака Чоколадото не ми требаше Утре во поход кон нови срамови