Знам дека го има во поголемите маркети и аптеките . Цената му е некаде 60-90 денари, а мислам дека е во филтер кесички.
Jас станав во 3 инаку, јадев сега варен компир, и после пак ќе јадам, накај 8 варен компир бидејќи си легнувам накај 4 сабајле , накај 1 може пак да си мцнам уште едно компирче ако ми се пријаде денес ќе зумбам вечер, нема да воза, ролерки овие 2 дена, зашто ми излегоа едни одвратни рани по нозете, па малце нека заздрават, дури со гнојче се
Ле-ле! Колку пропусти направив денес, и тоа што го симнав можеби го вратив! Ама што сум јас крива кога мајка ми купила ни повеќе ни помалце *2 ќеси* тулумби! Па кога им викнав мх,мх Е кога не бев на диета што не купи? Ова некој заговор 100% Одам да трчам сега, барем малце подобро да се чувствувам
На природна база е или..? Знам вообичаено производите од виталија претежно се на база на слабеење ама колку се здрави тоа не сум сигурна. Би ти била благодарна ако можеш малку повеќе да ме информираш. Воедно околу тоа колку килограми симнуваш додека го пиеш итн... Јас сум на диета веќе два полни месеци, одам кај Цеце нутриционистката и стандард ми е секоја недела по 1 килограм да симнувам. Понекогаш и малку повеќе, зависи дали ќе имам течен ден или не. Ај ако не ти е тешко, пиши
валерин, убав е чајот, ефтин е некаде 90тина денари, има вкус на лимон, јас го пиев само 3-4 пати скоро цел ми стои! по 1 лажица се става! така да не сум го пиела може ќе почнам да го пијам! епа 90 денари е можеш да пробаш. и да не се слабее барем вкусен е, малце лимон да му ставиш и многу е освежителен
Тоа е чај за регулирање на метаболизмот. Се прочистуваш, почесто се оди во вц, и полесно се осеќаш. Се пие еден месец па се прави пауза. Како и зелениот, овој, и секој сличен чај ствараат зависнот и не смеат константно да се употребуваат.
Убаво објаснила teddybear за чајот. Создава зависност, бидејќи зелениот чај содржи кофеин, па е потребна пауза. Кај мене даде позитивни резултати. Навистина имам бавен метаболизам, а со чајов некако се регулира. Не чувствувам подуеност на стомакот, повеќе потам во текот на вежбањето, намален ми е апетитот (иако го пијам само 2 пати дневно)... Во составот има зелен чај, лимон, јаболко и шипка. Вкусот му е одличен (барем мене) најмногу доминира вкусот лимонот и јаболкото , а зелениот чај воопшто не се ни сеќава. Не горчи што е најважно.
За слим&фит прашуваш? Можеш во сите маркети да го најдеш, и во подобро снабдените аптеки. Исто и за зеленито чај го има во сите маркети и подобро снабдените аптеки.
За слим&фит. Планирав зелен чај да си купам, ама еве ве читам дека овој имал подобар вкус. Зелениот горчи, затоа го избегнувам. А овој, една лажица чај на една чаша така?
Jадев 3 печени пиперки со парче сиренце ///////////////////////////////////////////// / / / / / / / / //////////////////////////////////////////// волку големо парче штрудла т.е пита со праз MOPAв да го нацртам и тоа јадев
Вчера вечер џигерчиња, денес суџук со јајце Браво Валерин Баш во 22:30 Сега одам да повежбам, да стопам некоја калорија. Чувствувам чувство на вина но НЕМОЖАМ да си помогнам! Пмс синдромот ме убива и ме тера толку проклето да јадам што мислам дека цела свиња од 5 килограми печена би ја изела без мака Ајт отидов да вежбам цел час
Јас од утре веќе почнувам на некој построг режим, зошто вака со стариов не гледам некој голем аир . Така да од утре се фрлам на зеленчукот и овошјето, ке бидам тревопасно животно, ама ке се исплати зошто набрзо одам на одмор. И едно прашање: Spoiler Разјаснете лубеницата има калории, дуе стомак or something else? И дали се препорачува додека си на диета?
Чајот го има во рамстор, веро, тинекс и тако даље. А за лубеницата е веќе напишано, таа е повеќе на вода, содржи калории, но не многу, некои 60 калории на 100 грама, мислам така дека беше. Инаку секој организам е различен, можеби тебе ќе ти го дуе стомакот, а мене ќе ми го смирува, ќе си пробаш како ти делува и ќе видиш. Секако дека е едно од најпогодните овошје зашто најголем процент опаѓа на вода, а не на шекери како кај другите овошја. Ако сакаш толку строг режим, повеќе зеленчук, протеини, помалку јаглехидрати и тоа претежно наутро и не мешај храна... Мислам дека многупати до сега е пишано пишано препишано на темава. Па само цврсто и терај. Туку јас си каснав две кифлички прееска, пушена риба, пилешки нуџетс, сега пред малку таратур. И тако то ... и сега мавнав едно нескафе со сироти две лажици млеко за поубаво да се спие. Хоупфули, утре нема да ждерам толку како денес ... Воа спарк пипл, 300 калории ми вели сум прекорачила денеска, мајчин!!! утре ќе види, во минус има да отидам само за инает И го меркам чајот и јас, кај што имам спор метаболизам и едвај одам во вц, може ќе ми помогне, ама се ме плашат тие средства од секогаш ... кој да знае, кога ќе одам во маркет ќе ја следам женската интуиција
значи тој цртежот во 20 часот го јадев сега си направив таратор со 1јајце и краставици и доста е за денес! -компири -пиперки сиренце мало парче пита со праз -таратор се надевам дека не сум надминала 1000 калории едит---- да да, ќе јадам само компир, нив не ги можам варени или печени ! е сега, пржени и те како ги можам
Надежта последна умира, пример јас се надевам дека во бурекџилница нема бурек. А брат ми го фати патот натака. Ќе ждере. Лигав коњ !!!! Уште ме прашува таков со фаца те жалам, мече сакаш и ти??? И јас нееееее и марш идиоте!! Шмрк, лајф иснт фер. еспешли кога си на диета.
Мене денес ми е овошен ден. Ништо друго не сум каснала освен кајсии и праски. Вчера и завчера забегав малку, си јадев и поховано и тестенини. морам да се прочистам малку. Јес да ми се подзавртува троа, зумбав башка, возев точак прееска, ама не се давам. Ќе издржам уште малку, а за утре планирам стекче и салата и ќе каснам една кришка леб. Мајка ми вика ако не јадам леб косата ќе ми паднела
Денес...пешачев,играв...салата морков и цвекло и тоа 5-6 пати мцнав и...две кргили пиво,оу јеа. Добив пофалби дека изгледам стегнато и секси! Другар ми се потруди да ми го префати струкчето,ама некако неуспешно!