Здраво на сите диеталки Читам низ диетиве и видов овде најмногу ми одговара, секој во свој филм.. па ќе ве дружам наредниов период, ако не се откажам... Појадок: банана Ручек: кајгана со салата зелка и маслинки Вечера: печени компири со домашна домата
Не, е, ама не сакам да прескокнувам со пишување. Ама количините беа половина од вообичено. И денес ќе биде слично. П: пакачинки, макијато Р: месо, салата. Ќе има и активност еден саат, или пешачење, или по дома нешто.
2 интегрални лебчиња со хумус маслинки домат Банана Компири шампињони тиквици салата Зеленчук маслинки
Ден 21 Срам ми е да почнам. Се измешав, леб, благо, месо, салата... Ќе треба да се стегнам, ама ќе си дадам уште некој ден. Важно саси вода пијам
Ај и јас да се пресрамам Д тост со тонус леб Р 1 палачинка В.мало парче чизкејк Ова поќе му иде да пишам во фемина инстаграм а не во диета...
Д. 2 колачиња од овесни и кокос, домашни Р. Сурами ракчиња Се дуете ли во овулација? Не можам да се измерам
Деновиве само на ручек сум 18 дена -5 кг, на најнездрав можен начин. Се надевам дека наскоро ќе почнам нормално да јадам и ќе гледам да не ги вратам кг .
Во обем многу, затоа не се ни мерам. А и на вага тие денови потешко оди слабеењето. Не е тоа вистинска слика, џабе само се фрустрира човек . Ден 58 мислам дека е. Машала. Два месеца. П: јајца, салама, кашкавал, јогурт Р: месо, салата. Само да издржам со ова до крај на денот. Гладна нема да бидам, само не знам дали ќе бидам стрвна . Планирам движење еден саат, најверојатно ќе биде скокање на музика по дома.
Р: пола цезар салата В: 2 медени колачиња. Умирам од глад ама ќе пробам да не јадам вечерва, касно е.
Кафе,Јаболко,двопек Кафе,портокал, 2 јајца,неколку лажици кисело млеко Малку варени домати,2 јајца пола краставица 1 двопек Сега чај валеријана,2 аналгини и в кревет...
Ден 22ри Појадок, вода Ручек, кајгана со сувомесно плус авокадо и домати. И леб Вечера, свинско и салата. Плус благо си каснав Знам, за чотек сум Цела недела несакајки грешавам
Значи колку не е фер што се поправив 1кг од 3 парчиња пица Што не ослабнам 1кг од 1 саат вежбање? Стварно не е фер. Ден не знам кој, околу 20ти. Станав во 5.30, јадев едно лепче тонус со хумус и сега проја со јогурт. Ќе гледам накај 17h да ми биде последниот оброк, салата и тоа! За казна А да, ќе вежбам 50мин, не знам зашто вежбам ама ај.
Не фер е оваа борба, колку се трудиш и мала грешка се паѓа во вода. За тоа е најдобро долгорочно да гледаме и поретко да се мериме, ама кој да издржи.
Абе дечки, не постои такво нешто. Не можеш со една "грешка" да се здебелиш или да расипеш напредок. Не може поголемиот дел од времето да се храниш квалитетно и со една пица да ти пропадне напредокот. Исто и обратно, не може поголемиот дел да се храниш неквалитетно и со една салата да смениш нешто. Други работи се во прашање, пред се дневниот внес на калории, проста математика е: колку енергија (калории) внесуваш, наспроти колку трошиш. Значи важно е колку количински внесувате, а не само чинија грашок, пилешко, половина ова, третина она. Колку количински/калориски е тоа? Исто така, многу поважно е што внесуваш, тука треба да се стави акцентот, а не само што не внесуваш. Гледајте барем со 1 оброк да има и салата (свеж зеленчук), по можност со два. И парче пица да изедеш, изеди и салата. Доволно е 1 парче овошје на ден. Батали (барем на одреден период) процесирана храна како сирење, кашкавал, сувомеснати, мусли со ароми, овошни јогурти, кечап, мајонез, итн. Фокус на свежа и домашно готвена храна. Што повеќе бои во оброците, тоа подобро бидејќи поразновидно нутритивни нешта има. Taste the rainbow! Исто така, многу е важно колку си активен. Ако тераш седентарно секојдневие, не знам како очекуваш да имаш позитивни резултати. Поготово ако си постар. Искористите ја секоја прилика за било каква активност. Место лифт, иди по скали. Место со кола до банка или wherever, иди пешки. Иди на работа со точак, секој ден по саат време возење е доволно. Еден викенд искачи се до Водно, друг играј тенис со другарка. Активноста не мора да значи само одење у теретана, напрај си ја интересна, мењај нешта, пробувај нови работи, не мора да биде монотоно. Поготово сега ко што ќе затопли кај и да е... секој ден по нешто, пола саат - пола саат, битно да се мрда. Исто така, играат улога и висината и возраста. Колку си постар, толку поспор ти е метаболизмот и толку помалце калории (општо, не само за слабеење) треба да внесуваш. За жал. Така да, тоа што одговара за некој што има 20, најверојатно нема да одговара за некој што има 40 или 50. Најважно од се', никогаш по никоја цена не се изгладнувај! Ќе си сјебеш метаболизам, со следната храна што ќе ја изедеш телото ќе ти ја задржи повеќе со цел да не изгладне или во превод - повеќе ќе се здебелиш. Значи тоа кога намерно не јадеш со цел да се казниш зошто си изел чоколадо, уствари само си правиш полошо на долгорочен план. Ако веќе си изел чоколадо, наместо да се казнуваш со нејадење, следниот оброк изеди нешто квалитетно. И за крај, пратете табели на прозиводите. И состав, секако. За еден прозивод да биде во квалитетна категорија не треба да има на 100 грама производ повеќе од 3 грама заситени масти и 20 грама шеќер. Поздрав!
Добри вести: Не си се здебелила 1кг. Од цела пица не е возможно да си се здебелила 1кг не па од 3 парчиња. Пицата содржи јаглехидрати и многу сол од кашкавалот, сувомеснато - и двете задржуваат вода во телото. Тоа едно кило е вода и може храната ти е уште во стомакот, ама 1кг сало не е во никој случај.
Ден 62, сега ги броев. Пред некој ден помалку излегоа, сум згрешила нешто во броење. Во нив има и 8 дена пауза. Обид број 2. П: јајца, јогурт Р: сериозна количина ќофтиња во сос, салата и малку ориз. Денес пешачев 2 км и толку ќе биде активност. Мислев којзнае колку сум изодела, ама излезе само 2 км .
Доручек кафиња 3 и 1 јаболко. Р 1 портокал, 2 јајца ,3 л кисело млеко В 2 парчиња стек 1 портокал, пуканки И првпат добив коментар дека сум ослабела