П: банана Р: плескавица и салата В: печени компири И се ќе беше ок да не се појавеше пред мене чоколадо со лешници за ужина...
Некаде во некоја тема видов една членка прашуваше за фитнес тренерката Марија Радеска.(Незнам каде па сакам да споделам овде)Од такво непријатно искуство сакам да ви посочам дека доколку сакате вашето слабеење и вежбање да го води некој фитнес тренер претходно убаво истражете за него да не си ги фрлате пари како мене.Јас имав проблеми со килажата и многу пати се обидов сама(и со нутриционист ама ослабував за кратко време и потоа веднаш качував пак тежина) и затоа решив да се обидам со фитнес тренер.Најголем проблем ми беше тоа што не јадам многу јадења (вегетарјанец сум) и тоа што спрема килажата и целта што сакам да ја постигнам незнаев какви вежби да применувам затоа се обратив кај неа.На почетокот ми рече ке ти направам програма и вежби и потоа ке ја смениме нема да се повторува се истото.Кога уплатив 4000 кај неа ми напиша јадење само за 3 дена и тоа се состоеше претежно од јајца и риба(и нели нормално што сите ние знаеме и за смути и за овесна каша и за чиа семки ) и ми рече терај вака 1 месец па после ке смениме ... Незнам кој би издржал цел месец да јаде само риба и јајца.Бев така 2 недели за на крај буквално да ми се згади и почнам сама да си барам вегетарјански рецепти што содржат повеке протеини и најдов доста рецепти само ја прашував дали може да се јаде. Шо тоа требаше она да ми ги бара тие рецепти а не јас самата.За вежбањето си вежвав како на видеото шо беше 5 мин на ден.После 2 ипол недели ме праша како иде и и реков супер не се изморувам многу затоа што вежбам 5 мин само она на тоа ми одговори не е 5 тоа е само кратко видео како да се изведуваат вежбите а треба секоја вежба по 12 пати да се повторува( шо ако не и го речев јас дека вежбам 5 мин немаше ни да знам и ке си вежбав везврска) И нормално се изнервирав ја прашав зошто тоа не ми беше никаде кажено она одговори извини мој пропуст е мислев знаеш... А од каде ке знам?Од тогаш не и вратив ништо и толку и беше срам и да ми пише било што понатака. Значи катастрофа.... знам луге шо се ослабувале многу без виснати кожи и здраво со помош на фитнес тренери тоа ми беше и мене поентата ама катастрофа.Неуспехот и срамот е нејзин.Се извинувам за долгиот пост
Мило ми е што си сфатила, и што не си потрошила повеќе средства на девојката. Да, многу е битно да истражиш околу тренерот. Јас имам 3 правила по би ме воделе во изборот. Ако нема барем едно од овие 3, тогаш не би го најмил 1 - некаков сертификат, лиценца 2 - поголема група клиенти 3 - лични фитнес успеси Нешто од ова тренерот мора да има, ако не тури му пепел, како ќе го докаже знаењето? Е сеа 50% од тренерите се укочуваат кога ќе им спомне некој вегетаријанец. Ако сакаш ќе ти пишам у ЛП докажан веган тренер со мн клиенти, кој ќе ти обрне внимание и ќе ти даде топ веган исхрана. А и нема да ти собере 4 илјади...
Леси се врача кучи 1/90 (ова за вчера) Појадок: мусли со јогурт Ручек: ориз со спањак и јајце (беџ леб) Вечера: шопска салата 2/90 (за денес) Појадок: две варени јајца Ручек: грашок манџа со пилешко и салата (без леб) Вечера: супа Овој пат поупорно и без грешки, нема откажување.
Така е... Јас се распрашав за неа и ми рекоа па иде во таа и таа теретана и таму доагаат нејзини клиенти и им покажува што како треба и имаат резултати девојките....Ама не е исто нели онлајн дома и таму ... Ама ете еднаш се зафркав уште еднаш нема..Многу би ми било мило доколку ми кажеш кој е тој...Искрено се откажав барајки тренер после искуството и мислев дека таков тренер и не постои што може да се справува со вегетарјанци...фала ти
Ќе мрдне, само упорно. Кај мене мрдна тек после еден месец, таман кога бев на раб да се откажам. Не е многу, aма психолошката бариера ја поминав
2 месеци и 5 дена. П: чиа, боровинки, млеко, путер од кикирики Р: пченка, путер од кикирики В: супа, месо, салата Леле појадокот колку ми беше вкусен, можам секој ден да го јадам и да не ми здосади . Настрвена сум на јатки, па престанав да купувам и сега на путер од кикирики се преориентирав. По една тегла неделно јадам . Како порано што не можев без благо, сега не можам без јатки. Од една зависност во друга, ама барем новата нешто поздрава е . И така ви викам, никако да ослабам .
Одамна ме немало во темава, сакав да се јавам. Од последен пат кога сум пишувала, пак работев на поправање на мојот однос со храната, што ми беше многу важно затоа што не сакав да си го поминам животот опседната со што јадам. Лично, симнав повеќе килограми кога јадам без рестрикција, отколку кога јадам 3 дена 1500 калории и четвртиот изедам се пред себе затоа што сум се изгладнувала претходните 3 дена. Така и накачував килограми. Еве како изгледаше мојот ден: Појадок: парче леб со половина авокадо, јајце Ужина: јагоди со стопено темно чоколадо Ужина 2: 6 нагети и кафе од мекдоналдс Ручек: кебаб месо во тортиља, со ориз, салата, намаз Вечера: овесна каша со прашок протеин со вкус на чоколадо, какао, чиа, половина банана, темно чоколадо, јагоди Вкупно калории: ~2100 (мерам калории за статистика, немам лимит) Активност ми беше 20 000 чекори. Вежбам 3-4 пати неделно, денеска немав време.
Браво! И за промената кон исхраната, ама посебно ме воодушеви активноста! Како поминуваш по 20,000 чекори? Една долга прошетка или пешачење преку цел ден, до работа, маркет и слично? Знаеш ли од прилика колку време дневно поминуваш во пешачење? Јас кога пешачам подолго поминувам околу 12,000 чекори, за од прилика два и пол саати, ама после тоа не можам да станам .
Денеска извршував некои обврски до маркети, банка како што кажа ти и баш погледнав, сум поминала ~7,000 чекори со тоа. Планирав да останам на тоа + да вежбам, ама пријателка ме повика на прошетка во природа и тоа беше подолго, па тоа ми стана активност. И тоа е добро, мене целта секој ден ми е да поминам над 6,000 чекори, а за поактивен живот се препорачуваат 8,000-10,000 чекори, ама искрено некогаш тие 10,000 не ми лесно доаѓаат.
Јаболко, кафиња Цезар салата 2 парчиња тост Зезнав ама психава ми е деновиве за никаде .Непоправлива сум во поглед на леб нејадење...
Да ви се придружам и јас. 10 ден.П: 2 кафиња и една чаша кефир Р: 3 јајца и пола краставица В:шопска салата и 50 гр.сончоглед.
2 месеци и 6 дена. П: смути Р: салата, јајце, кашкавал, пченка В: вртена пита, ајвар, кисело млеко. Може ова за спојлер беше, ама што е, тука е . Со предумисла беше питата, неколку дена ја мислам и реков - ќе ја јадам . Јадење со предумисла, еј, дупли срам . Ќе се раздвижам малку по дома, ама утре, здравје, повеќе. Утре построго, иде сабота .
11 ден.П:кафе и кефир Р:печурки,парче кашкавал, 2 лаж.ајвар и 2 кис.краставички В:зелка салата и 50 гр.сончоглед
3/90(за вчера) (сум заборавила да пишам) Појадок: туна со две парчиња тонус Ручек: макарони со сирење Вечера: / 4/90 Појадок: мусли со јогурт Ручек: мусака Вечера: половина од ручекот