Вчера Кафе,1 мерси, јаболко кафе. 1и пол плескавица со салата Сирење со 2 парчиња двопек.И цела ноќ и цело утро се откапав од вода пиење Денеска Лошо почнав Д:3 мантии и 3 л.павлака Ќе се потрудам колку можам да го опраам денов... Ама толку губам мотивација и трпение...
Ден 23 Вчера: - Салата марула, спанаќ, туна и шери - Две парчиња тонус со аргета Денеска: - Салата марула, спанаќ, две варени јајца и шери - До вечер некоја супа ќе варам Измеѓу по некое барче од Виталија јадам Немам апетит овие 2-3 дена, ни сила за вежбање. @wannaBeMomma Вардар не не пере.
Јас добив конечно, нема да се мерам утре, нека заврши после осеќам ќе биде подобро. Иде нашата сезона многу салти и овошје и шетање.
А баш планирав да те прашам до кај си, оти и јас како тебе имам 5-6 вишок, како за инает најмногу јадам сега. Поздрав инаку, засега само ве читам, ај мотивирајте ме. Знам дека не се многу, ама затоа па многу ми влијаат на психа.
Ќе терам неколку дена топ, здраво јадење и мнооогу вода. И само шо ќе видам мал резултат, ќе се изглупирам вака ко да немам тост или чоколадо видено и ќе си вратам се шо сум изгубила. И пак одново.. Не знам шо ќе прам со ова алчност спрема нездраво јадење. Тие 5/6 кила вишок низ нос ми излегоја..
Јас цел живот се борам со тие 5-6 кг вишок.Кога заминуваат над 6 собирам храбрсот ,држам некоја диета,=,ќе намалм 2 -3 ( само еднаш успеав сите да ги намалам )и после пак по старо.Е ако порано брзо за месец два ќе ги смалев сега ќе треба 6 месеци да гладувам изгледа.А тоа тешко...
Се надевам сите ќе си ја постигнете целта. Јас што да кажувам, цел живот сум со повеќе вишок, некои сигурно имате запамтено оти многу пати ова сум го пишала. Милион пати сум се ставала на диети, ама сите завршувале со јојо ефект и со годините само нагоре оделе килограмите. Последната 2020 година ја достигнав најголемата тежина во мојот живот и реков дека не можи повеќе вака. Среќа тука на Фемина имаше девојки што пишуваа за еден нутриционист, па многу ми се погоди и еве ме од 30.01 до последното мерење 10 килограми веќе ги намалив, најмногу ми се приметува по облеката, не ми стои веќе залепена на мене. Фармерките не ме стегаат повеќе и немам мака после јадење да седам со нив како претходно. И најбитно, долгата бунда што не можев да ја закопчам од долу пред 2+ месеци (најширока сум во колковите) пред некој ден успешно ја запетлав скроз од долу без да се мачам. Ова уште повеќе ме мотивира да си ја постигнам целта, а имам уште за одење. Треба истрајност, треба карактер, ама најбитно од сѐ е да сфатите дека нема "лоша" храна, туку едноставно некоја храна не треба да ја конзумирате толку често и толку многу како друга. Колку повеќе си забранувате толку поголема е веројатноста да падните во искушение и напредокот што сте го постигнале дотогаш да падне во вода. I've been there many times. Сосема океј е еднаш во неделата или во две недели да касните пица, хамбургер, чоколадо и сл. Само да не се претерува. Си го дозволувам тоа и пак еве слабеам. Учам како здраво да се хранам засекогаш. Физичката активност е многу битна исто така, треба да сме во калориски дефицит за да губиме килограми. Дома обично вежбам на орбитрек, ама сега дека се стоплува времево си мислам да го извадам велосипедот и да возам. Можеби вака звучи ко лекции да држам, не ми е тоа намерата, само сакам да споделам што научив од мојата борба со ова цел живот. На крај, битно е да се ужива во процесот и да се даде време. Килограми што со години се таложеле нема да се симнат за неколку дена или неколку недели. Треба време, некогаш и години. И потоа да се пронајде исхрана што ќе ја применувате цел живот. Извинете на рефератот и со среќа.
2 месеци и 9 дена или така нешто. Леле ПМС денес ме утепа П: чиа, ленено, банана, млеко Р: јајца, марула, оризови галети В: шпагети со кашкавал. Галетите беа чист ПМС. А шпагетите утка - планирав бурито, ама сфатив дека пола состојки ги немам . Пешачев денес, 8.5 км.
Леси се враќа дома @ALISA0000 Сабота, ден за мерење. После десетина дена непослушност, јадење на леб и благо, се враќам на стар стил на исхрана, т.е. wanna be keto Застанав на вага и очекував бар +3 да сум. Ама... сум имала среќа, само 1 кило сум во плус. Како е можно не знам. Од почеток на февруари навака, сум во минус 7.5кг. Од денес, строго. Појадок, смуди со протеин шејк, белка од јајце и пола авокадо Ручек и вечера, уште се мислам што...
Јас исто како минатата недела. А вторникот имав килограм помалку.Аман. За да ги сметнам уште овие неколку кг вишок треба ептеен да гладувам А тешко тоа ...
Трет месец, не знам кој ден. П: чиа оброк со путер од кикирики, макјато Р: супа, кето бомбица (третина залак - 75 калории, се зае*ав што ги купив). Се надевам дека тоа ќе биде за денес. Пешачев 5 км.
Мене јојо ефект ме удри на најјако. Не можам ни да се контролирам со хранава деновиве. Полека но сигурно си ги враќам килограмите .