Девојки јас стартував со 68 кг и еве скоро три недели сум на некоја лајт варијанта, ослабена сум скоро три и пол кг. Исфрлив бел леб и секакви тестенини, газирано, благо. Дневно внесувам максимум до три псрчиња интегрален леб, а често и воопшто не конзумирам леб. Вчерашното мени: Д: 2 јајца средно варени и една чаша јогурт баланс Р: Грашок чорба со мелено месо и салата со зелка со едно парче интегрален леб В: Зелена салата
Камо среќа да беше пмс ќе се вадев на тоа . Прво терав со кето едно недела дена, па после тоа имав период каде што еднаш на ден јадев само и се исушив и сега наплаќам за сето тоа и оп мевот рипна пак .
Јас доручкувам овошје, ми остана во навика од ун диетата. Денес доручкував едно јаболко, неколку ореви и ептеен мала количина микс од сушено овошје. За ручек ќе биди нешто со месо, ако има простор ќе вметнам парче интегрален леб. Секогаш имам проблем со вечерата, немам појма шо да јадам. Излеа ќе биди шопска и мевце ако остани од ручекот.. Правам вежби за нозе и задник секој втор ден и гледам минимален напредок.Тоа ми е мотивацијата сега за сега.
Појадок, кафе Ручек, јајца, пола авокадо, моцарела и парченце кашкавал, прелиени со sweet chilli сосче Вечера, смуди со јагоди, пола авокадо и протеин
https://m.imdb.com/title/tt12975174/ Многу поучен документарец, ќе им се најде на сите што се обидуваат да ослабат. Особено некои финти во поглед на нутриентите во храната
Два месеци и една недела. П: чиа, банана, путер од кикирики Р: сладолед со карамела, макијато В: врап, јогурт, јајцa Движење 4 км, ако се рачуна
Д: две варени јаца со парче сирење У: Баланс јогурт Р: Печени компири со пилешки стек динстован В: Шопска салата Вода пијам секој ден минимум 2.5 л, со тоа што обавезно контролирам притисок и гликемија и одкако сум на оваа варијанта ми се движат во исклучиво нормални вредности.
Се тешам дека се затопли времево и почнав да пешачам. Планирам секој ден, ама ќе видиме. П: овесни микс со суво овошје У: околу една рака бадеми Р: манџа бамја со месо В: едно интегрално лепче со путер и сирење
Банана Киноа јогурт малку семки и брусница Јаболко Леќа салата Зеленчук маслинки какао За три недели со здрава умерена исхрана -4.2кг
26ти ден мислам. Конечно тргна вагата надоле, сега сум 3 кила минус од почетната. Овие 3 дена на салати и супи бев повеќе, па денеска планирам да се частам нешто, предменструално
Денес денот го започнав со кафе без шеќер, две чаши вода. Д: Баланс јогурт, едно интегрално парче леб, едно варено јајце, парче сирење Р: Пилешка супа, салата со краставици и мусака без леб В: Планирам да јадам салата со зелка и морков Успат две и пол литри вода Go go go
Thats the spirit Појадок, 2 јајца, димен лосос, пола авокадо, моцарела, печурки Ужина, смуди со протеин и јогурт Вечера, свинско со зеленчуци ќе готвам
2 месеци, 1 недела и 1 ден. П: чиа, млеко, путер од кикирики, банана Р: јајца, јогурт В: бурито Нема движење денес, со температура сум. Којзнае и утре како ќе биде.
22 ден ми е овој мислам. Речиси 4кг минус. Секогаш на почеток многу брзо слабеам, но после ќе се забави процесот секако. Имам доста работа, натрупав вишок особено оваа година седејќи дома со карантини, онлајн настава и седење пред компјутер со саати, па ќе се дружиме неколку месеци сигурно. Не применувам никаква диета специфично, немам никаков план ни ништо, само исфрлив непотребни калории и сериозно си се вратив на рутината на вежбање. 1 ден вежбам 1час на орбитрек и некои вежби 20-30тина минути за затегнување, па другиот ден исто 1час орбитрек и кикбокс вежби, си комбинирам така. Вежбам 5 пати барем во неделата вака, 2 дена одмарам. На исхрана да бидам искрена не пазам толку премногу строго, си дозволувам и благо ако ми се пријаде, но се трудам колку можам да избегнам се што е покалорично. Се надевам ќе издржам до сам крај, до посакуваната цел. Имам искуство со слабеење, па добро знам што и како ми одговара на мојов организам со исхрана и комбинации за да ослабам, среќа полесно е кога веќе еднаш си прошол низ таков процес успешно. Само ми треба волја и јака мотивација во нарeдниве месеци. Ќе ви пишувам чат пат вака за резултати до кај сум шо сум. Со среќа на сите, да стигнеме до посакуваните резултати. Поздрав
Ја се утепувам од јадење млечни работи особено за појадок. Не ми пречат ич за слабеење. Јогурт колку многу пијам на ден не ми се верува дури ама па колку ми забрзува метаболизам чудо нешто, па млеко у нескафе обавезно, сирење и кашкавал исто скоро секој ден јадам. И ме држат сита овие работи плус. Мене ми сметаат само благо и грицки, сокови, такви работи. Млечни производи ми се скроз океј. Плус ако вежбаш често и трошиш доста калории со физичка активност, не би ти пречеле според мене, а и здрави се секако. И ја си обожавам млечни производи и нема шанса да се откажам од нив. Но, сепак ти најдобро си го знаеш организмот ако тебе ти пречат, тоа е друго... Сега се зачитав наназад, а време за редактирање ми е поминато, па извинете на еден по друг пост.