Деновиве не бев умна. И одма вагата покажа. Ќе продолжам сега пак колку можам да одржувам барем. Д: овес ,чија ,лен ао балана јогурт(као за мојов заапан метаболизам) Р: ориз со златна мешавина В :или нешто сосем малку или ич.
Јас вчера се частев 7ца Се надевам вагата нема да покаже. Од денеска се враќам на нејзиното височество Марула За доручек си спремав чиа пудинг уште вчера ама не бре, не можам да го поднесам и крај. Па си намачкав 3 тонус лепчиња ајвар со сирење. За ужина изедов барче и сега го чекам мм да донесе марула. За ручек ќе биде туна салата, а вечерата може и ќе ја прескокнам.
2 месеци, 1 недела, 2 дена. П: чиа, млеко, банана, путер од кикирики Р: салата со пилешко В: пилешки прсти, помфрит, салата. Ни денес нема да се движам, сабајле бев со температура. Од утре...
Појадок, смуди со јогурт и протеин Ручек, јајца, авокадо, лосос, моцарела Вечера, свинско со зеленчуци
Пмс ден број 1 Појадок, смуди со јогурт и протеин. Ручек, свинско со зеленчуци Вечера, како што ми изгледа, шопска со ракија
2 месеци, 1 недела и 2 дена. П: чиа, путер од кикирики, млеко, банани Р: колбаси, пире, салата. Тоа ќе биде за денес. Е дали ќе се движам, тешко е да се каже. Крај не ми се фаќа. Во ПМС ми се јаде. Кога имам менструација, не ми се движи. Па добро, остануваат уште 10-14 денови во месецот кога може да се каже дека сум ок... освен кога не сум Задоволна сум од слабеењето последните денови. После цел месец стагнација, вагата конечно малку мрдна. Не е ни едно кило, ама не знаете каква разлика чувствувам. Некогаш толку треба за поубаво чувство. Фармерките конечно не ме стегаат, дури ни кога седам. Ако прашате што правам во моментов - еве, седам дома по фармерки и на секои 5 минути застанувам пред огледало . Продолжуваме понатаму .
Дали добивате нагон да изедите се' живо од фрижидер? Ве фаќаат такви кризи? Веќе неколку дена терам топ, баш онака како шо треба. Ама не можам бе, толку ми се јади некој тост со eден тон кашкавал во него, крофни, само мислам на некоја таква храна. И ми се плачи, така ми оди цел овој режим со здрава храна на нерви шо си велам камо да имав брз метаболизам и да бев слаба, а да јадев се' нездраво. Не е фер, љубител на храна како мене да се ускратува од тоа задоволство. Не е.. На мени денес: Доручек: 1 мандарина и неколку парчиња јаткасти плодови Ручек: Шопска салата, чинија манџа боранија и месо, 1 парче црн леб Вечера: парче црн леб со едно парче кашкавал, полна шолја лајт јогурт и една дланка стоби флипс смоки. Чекам да се стопли времето убаво и да почнам да возам велосипед. Вежби за нозе правам секој втор ден. Пијам многу вода, 1.5л на ден обавезно. Можам и повеќе од ова, ама нејќам нагло да пијам големи количини, малку по малку ќе зголемувам. Како се држите вие?
Д: 2 парчиња двопек со намаз од хумус и малку сувомеснато Р:1 мало домашно ѓеврече и пилешки џигери. Јас вода ич ама ич не пијам.Никогаш а кога не јадам пак ич немам желба за вода и не можам ни со сила да пијам..
Вечера, палачинки правев. Ми се пријаде благо, ама ептен многу. Најдов еден мармалад, нормално, со поминат рок беше. Збркав тесто, испржив една, ја изедов, и веднаш потоа ми се пријаде солено Ама на инает, ќе јадам палачинки сега А што арно ќе ми беше со шопска и ракија А ко ќе помислам малку, не ми е касно сеуште
Hello ladyes Денес Д: Просо со чаша баланс Р: Бистра супа, салата од краставици, печено мисиркино месо. У: Протеинско барче В: Шопска салата
Ќе се вмешам малку ама ајде. Барај покреативни здрави рецепти и нема да имаш cravings, на интернет милион идеи имаш, зашто вака со доручек мандарина и јатки нормално дека ти е досадно и ти се згадува на некој начин.Плус на долг рок е најдобро да јадеш 80:20, што значи пак повремено може да си дозволиш нездраво, ама основата да не ти биде тоа.И тост со кашкавал да изедеш за доручек не е биг дил, ќе го потрошиш, се додека останатите оброци ти се калориски и нутритивно балансирани. Здрава храна не значи неуживање во храна.
10 недели и 1 ден. П: мало парче колач Р: јајца, јогурт В: пица Движење 5 км. Мислев дека сум неизлечив зависник од благо, ама изненадувачки, после вториот месец воопшто не ме влече. Вкусовите во кои сум уживала цел живот, веќе не ми се вкусни. Ова е големо достигнување! Е сега, втор пат ми се случува. Првиот пат, после пауза од 6 месеци, пак се вратив на старо, по навика, иако не ми се допаѓаше вкусот на благото. Овој пат, се надевам дека ќе издржам.
Немој со вакви грандиозни изјави, во моментот кога ќе напишеш ќе тргне наопаку Нема потреба да се убедуваш дека нешто магично се случило и се' во што си уживала досега си надминала и си друга личност. Добро е да контролираш колку благо јадеш, не е добро да мантраш дека телото твое и психата ќе ја отфрлат целосно потребата за благо па следниот пат кога ќе ти се јави желба непотребно да чувствуваш вина или дека ете, пак не си успеала. Умерено, полека, без драми и преголеми очекувања.
Ај не ме баксузирај сега . Не ни сакам да бидам друга личност, сега, кога сум волку згодна . Нема ништо спорно во муабетот. Благото ствара зависност. Вкусовите се навика. Менувањето навики не е магија.