Здраво Ми треба подршка, мотивација или било што во борбата со килограмите. А ги имам многу , три цифри. Проблемот е што воопшто не сум цврст карактер па почнувам диети и за кратко се откажувам. Па ке почнам да се прејадувам, така некое време, па пак диета и се така во круг ... ке симнам 5 кг, па ке качам 8... Веке ми е многу тешко, немам ниту самодоверба ниту малце, башка и секој втор ме потсетува дека имам вишок, почнувам да се срамам од самата себе. Ке го постирам овде секој мој оброк, и се надевам дека ке бидам истрајна и ке преминам кон здрави навики вп исхраната.
Денес вагата покажа 89.7 збогум 9ка -5.3 Банана 2 лебчиња со медотаан Јаболко Ориз со печурки салата 1 лебче Зеленчук
Бидејќи не си цврст карактер за почеток пробај постепено да воведуваш промени на пр. почни да пешачиш секој ден, пиј повеќе вода и намали ги порциите што си ги јадела. Ако одеднаш се ставиш на диета ќе биде шок за организмот мислам. И повторувај си секој ден дека ќе мора да имаш трпение.
Благодарам за советот...течности пијам , чај и вода, лимон цеден...Ке се обидам да имам три оброци дневно и толку. Вечер ке пишам како ми поминал денот. За пешачење не сум во можност имам мало дете од годинка, ама цел ден сум низ двор по него...Те поздравувам
Јас имам пет мали оброци слабеам и ми се забрза метаболизмот немам забранета храна јадам се благо ретко. Појадувај задолжително ако не појадуваш ќе го празниш фрижидерот во текот на денот.
Ден 1 П: јаболко Р : грав и салата В: парче стек и еден домат Измегу оброци пиев нес кафе без шеќер, турско, чај и цеден лимон исто без шеќер. Единствено наутро и навечер јадам по една лажичка мед и маџун.
Дечки бе, јас откако се ставив на диета качив две кила плус Ем се трудам да се хранам поздраво, ем се трудам помалку да јадам, и пак е џабе. Односно, не е џабе- полошо е... Кај грешам, еве не знам. Најверојатно ќе почнам со броење калории, зошто очигледно некаде ми се „шмугнуваат“ опасен вишок на калории, чим вака качувам килажа. А баш се трудам да пазам, и гледам празните калории да ми бидат на минимум. Единствено нешто сосема ново што имам внесено е пудинг од чија, ама мајка му стара, ваљда не е од тоа? Калориски барем не би требало да е ризична храна.
Можно е да качуваш кг и од чија пудингот... истото и јас имам забележано кога јадам чија пудинг или било што со млеко веднаш се поправам. Најмнпгу резултати сум постигнала кога сум исфрлила се што е млечно од исхраната.
@Janka2, не е до млечното кај мене, јас сум 100 % нетолерантна на лактоза и скоро скроз го имам исфрлено. Како замена на кравјо млеко ги користам на Виталија млеката во прав од соја и ориз. Знам дека Виталија имаат репутација на напукани со шеќери ама зарем до толку? А заљубена сум во чија пудингот перидов, тој ми е фантастична замена за благо. Ем вкусен, ем здрав. Навистина се надевам дека не е до него.
Чиа пудинг јади за појадок. Самото чиа семе не е калорично, ама ако има банана и путер од кикирики, веќе станува покалорично. Како стандарден појадок. Мене чиа пудинг ми е омилен доручек. Плус за забрзување метабoлизам многу ми одговара.
Напиши што јадеш откако си на диета и ќе ти кажеме каде грешиш, ако е до храната. Оти може да е и друг проблем.
Ретко ставам банана, најчесто додавам замрзнати вишни и малини (златен Кам во комшии), понекогаш и јаболко. Го засладувам со едно мало лажиче мед кое калориски не би требало да е проблем. Ќе почнам да запишувам што јадам, до ситници, нема друго, зошто некаде сериозно утнувам. За нешто медицински не верувам зошто тиреоида проверив, не е до неа. Друго што сменив е што почнав спирулина да пијам зошто железото ми е паднато, ама гугл вика дека не предизвикува качување килажа. Ново ми е и лажичка рибино масло ( ) и матичен млеч, зошто на работа се испозарација од корона и ај демек да билдам имунитет. Место тоа, избилдав килажа едит- се истрчав Не, не, ништо не ми е медицински, само веројатна инсулинска резистенција Битно си кажав дека ок ми е тиреоидата
Зависи колку ставаш од што. На пример, чиата во една рамна голема лажица има 50ина калории. Искрено, нутритивно не вреди поголеми количини од тоа да јадеш, подобро ти е да направиш овес и да додадеш пола мало лажиче чиа и пола мало лажиче мелен лен за да го збогатиш овесот со здрави масти и влакна. Вака убав десерт е пудингот, ама реално не е за секој ден. Го ѕирнав и млекото што го спомна, на 100 гр. млеко има цели 536 калории! Башка 31 гр. масти и 56 гр. шеќер! Spoiler: Одприлика Упатството вели дека тие 300 гр. млеко треба да се измешаат со 2,5 л вода, што значи ако користиш цела чаша млеко од 200 мл внесуваш околу 80 калории со 2 гр. масти и 3 гр. шеќер. Во секој случај, млеково воошто не е здраво, ниту од аспект на масти, ниту шеќери. Можеби подобра опција ти е оние млеката во тетрапак, имаш едно доста солидно од соја во Стокомак, литро за 70 ден. Убаво е да имаш 3 оброци, а најубаво е тие оброци секој ден да ги конзумираш во исто време. Така надобро ќе го навикнеш организмот на таа редовна исхрана и со тек на време поретко ќе огладнуваш. Исто така внеси си ужинки помеѓу 3те оброци, грицкај краставичка, моркови, свежа зелка со ќефир, чаша јогурт, ќефир/грчки јогурт со малини/јагоди, општо по едно парче овошје. Барем на зеленчук не мора да се ограничуваш ама воопшто! Како овдека на пример: Зошто само 1 домат? Доматите како и мал милион други зеленчуци (краставица, спанаќ, марула, рукола, пиперка, печурки, маслинки, тиквица, итн) се толку ниско калорични што малте не можеш колку сакаш да ги јадеш. Затоа не се устручавај со зеленчук, всушност јади колку можеш повеќе и искористувај го за помеѓу оброци како ужинка за да си ја одложуваш гладта.
Денес не бев спремна многу со здрави намирници. Утре одам во набавка , благодарам на советот, веке имам неколку идеи што би можело за ужина а сепак да не е калорично. Те поздравувам
Денешниот ден Д: Овесна каша Р: Стек со рижото В: Салата со марула, краставици и ротквици Засега - 5кг