Ај да се пријавам за слабеење... Не сум на посебна диета. Избегавам:сокови, благо, грицки, брза храна итн... Вежбам по малце секој ден.. За една недела напредок има ама немам храброст да се покажам Малце ми е зачудувачки на вагата... Покажува повеќе од -500гр..ама варира. Избегавам вечера, гледам убаво да ручам да ме држи. Салата супа, мусака пример или печен компир(на топол воздух). Домашно готвено у принцип и без леб. Како ќе иде ќе видиме
-6кг јас веќе. Денес официјално и почнав да добивам комплименти дека се приметувало дека сум ослабела од луѓе што не ни знаат дека почнав диета. Па по месец ипол редно беше да почне да се забележува.
Ајде да си ја отворам душичката и да си ја кажам мојата приказна па може некој ќе го интересира. Ќе се потрудам ништо да не пропуштам. Отсекогаш сум бил со малку стомаче ама никогаш да речеме да сум бил дебел. Поради здравствени причини (читај депресија) ми беше препишана терапија од апчиња. Не јадев многу но памтам дека не можев без благо иако одамна пиам кафе без шеќер и чај (татко ми од мал ме советуваше дека шеќерот е штетен) Еве да речеме да сум имал 90 или 95...ете нека заокружиме на стотка иако не верувам дека имав толку ама ај за приказнава нека бидат и толку. И така си проаѓа време и идам еднаш на лекар кај матичната да ми закаже термин за психијатар и докторката со сестрата надвор седат си пушат цигари и као ги слушам си коментираат не надевајќи се дека ги слушам као...НЕ Е МАЛКУ ЗДЕБЕЛЕН? Да,да нафрлил кила????? Јас не можам да верувам што слушам и трчам во просторијата кај што им седи вагата и се мерам. 120 кила Идам на психијатар и ја прашувам докторката има ли шанса некое апче да ми ствара дебелина зашто сум бил дебел ама умерено ама ова е веќе за замислување (ај да не употребам страшен збор) А да вика може од апчево што ти го давам за да спиеш навечер зашто се жалиш не можеш да спиеш. Ок, викам вистина е сега спијам супер (читај по 12 саата) Сакав одма да го прекинам ама не можев без него.И јадев оние винчини ролати по еден цел или по две чоколади.Еден другар ми вика а зашто не јадеш урми здрави се и тоа е природен шеќер.И јас идење купив пресирани урми едно пакетче 250 грама и ќе јадам урми наместо благо.И ДО САБАЈЛЕ ГО ИЗЕДОВ ЦЕЛО.250 ГРАМА УРМИ. Луѓе да ја скратам малку по малку.Апчето на почеток го пиев по едно пред спиење па со тек на време ми го намалија на пола па по некое време на четвртина...ова зборам е период подолг не е период од два три месеца. Кога приметив дека убаво спијам самоиницијативно го тргнав. Сега иде важниот дел.Почнав борба да откажам благо и да го сведам на нула. Купував банани и сеуште купувам и наместо благо кога ми е најголемата криза јадам една банана.Тоа е се.Организмот се привикнува и го програмираш дека благо му е тоа па он како сака нека прави.Алкохол не пијам заради апчињата а искрено душата веќе не ми ни бара.Сеуште пијам апчиња ама само од тие што демек не дебелеат. Освен благото ќе ги напишам кои жртви ги направив и се откажав. Леб јадам исклучиво Грахам од жито лукс.Едно време купував оној тонус па ај да не е без квасец па ај да не е со брашно и се намачив.Демек да не е бел гледам сега.Ова не значи дека ако интегрален по пола кило на јадење.Од месо не јадам ни салами,виршли,паштети,суџуци,сланини и се што спаѓа во сувомеснато.Мајонез одамна отпишан.Сокови никакви,ни газирани ни негазирани.Хамбургери,чизбургери,пици,пастрмајлии,буреци и се што спаѓа во таква храна отпишано.Кафе пијам турско а од чај пијам само зелен (демек се слабеело) а и убав ми е.Пијам и какао,следен пат кога ќе купам од кам ќе го сликам во темана што последно си купивте со слика Вода пијам од две до три литра од сабајле до вечер.Некад ми се пие а некад со сила ако треба.Здраво било се исфрлале токсините.Знам дека има уште и ќе ми текнува во меѓувреме ама до сега на ова се сетив. Најтешко ми падна да не вечерам.Навечер ми беше најслаткото.Бананата што ја јадев преку ден наместо благото ја преместив за навечер кога иам најголема криза за вечера.Една банана сто калории И како викаат на рекламите.И ТОА НЕ Е СЕ.. Дневно си дадов за цел да пешачам по еден саат.Недела одмарав.По некое време зголемив на два саати иако мислам дека и со еден саат се поминува добро.Килограмите се топат,ама не ја правете истата грешка како јас.Исклучиво мерете се сабајле на вага на гладен стомак кога ќе ги извршите сите физиолошките потреби.Почнав да слабеам и повеќе од што очекував ама ме фати грлото и пијам антибиотици и прекинав со пешање на 2 недели и килажата стагнираше.Сега пак почна да паѓа иако не е баш исто како кога пешачам. Овошје се разбира дека јадам а и зеленчук. Не можам да се сетам што друго останав должен ама ова е моја диета која знам дека е без јојо ефект во случај ако не се вратам на старата нездрава исхрана се разбира.Насабајле јадам секој втор ден овесни снегулки со млеко помалку масно.Зашто преку еден ден?Зашто навечер не вечерам и со тоа намалив леб а кога јадам овесни снегулки леб ми се фаќа само за ручек па мислам да не е нездраво малку.Поим неам така мислам.А да се сетив и чипсови и грицки и се што спаѓа од такви работи тргнав.Сеа некој ќе рече е па како испадна ти се тргна.Што ќе јадеш. Kога сакаш да ослабeш нема компромиси ај ова да а ова не.Сите имаме интeрнет и знаеме што дебелее а што не.Друг е муабетот кога ти го праи некој ама што јадам јас пица еднаш во две недели или бурек ај сега харикирам.Не.Јас одам во крајности како кога откажуваш цигари.Зашто знам дека ако прекршам еднаш правило има и втор пат. И трпение не секој ден исто се слабее.Не сум нутриционист ама се ни е на дланка и се има на гугл. Ако има некој да праша нешто нека ме цитира или некоја сугестија да ми даде.Можете и во сандаче кој неќе тука.Фала многу.Пријатно.
@ТрагачПоНадеж може да влијае и психичка состојба на дебелеење, плус апчињата што си ги пиел. И кај мене депре расположение и стресни ситуации влијаеа што нагло ставив многу кг последниве 2 години. Не сум пиела никакви апчиња ама од тага, стрес, да избегам од се, спиев со саати дење до 15ч, ноќе до 5ч седев и сон не ме фаќаше, целосно си го пореметив и биоритамот. Плус нездрава храна и безредие, се посветив на некои други работи и некако се запоставив. Веројатно се си има влијание, психата и те како може да влијае на вака нагло качување кг. Ама, со добра дисциплина, со мотивација, со враќање на поздравите навики, ќе се среди се. Килажата варира, може да се ослабе, може да се здебели човек, не е страшно. И јас се депримирав кога конечно се соочив да видам за 2г колку накачив, видно беше дека не сум тоа што бев пред да упишам факс и сега, никогаш не сум била преслаба, но изгледав нормално. Се шокирав што 20+кг за неполни 2г сум ставила... Ете, кај мене лошо расположение и стрес ужасно влијае на килажата. Несвесно си западнав у магичен круг на самоуништување . Но, готово, битно е да е свесен човек и да си помогне самиот, се средува килажата. И ја се мерам насабајле, тоа е најточно, еднаш неделно најчесто, некогаш и двапати. Не е битно брзо или споро слабеење, продолжи си со дисциплината, упорно и редовно, па ќе се дружиме и мотивираме во темава.
Да да како што реков не сум некој стручен ама сум паталец и учам полека на грешките и се дисциплинирам. Па да насабајле зашто во текот на ден водата само што ја пијам и напитоците ќе ми покажат плис 2-3 кила а каде е јадењето
Некои денови екстра, некои очајно лоши. Вагата застана на -8.5, вкупно -12 од врвот Никако да стигнам да пешачам или да вежбам, премногу ми се натрупуваат обврски плус работа. Пост ковид, некои денови се осеќам како да сум 94 и само ми се лежи Денес Појадок, пржени јајца со кашкавал плус печурки. Ручек, пилешко Вечера, смуди со протеин. Вагата не сака и не сака надолу. Таман ќе тргне малку, пак стагнира. Се мислев некој ден само на вода да се ставам Изгледа стварно ќе треба
Малку пауза правев кг. не ги вратив продолжувам вака до Велигден денес 4ти ден Лимонада кафе банана за добро утро 2 лебчиња со хумус зеленчук маслинки Киви Ориз со печурки и зеленчук со салата и 1 лебче Зеленчук маслинки какао
Вчерашното мени: Д: Две варени јаца со јогурт и чиа семе Р: Мусака без леб В: Нискомаслено сирење едно парче и зелена салата
Јас деновиве потфлив. Навечер некако безврска јадам глупости - бадеми, кикирики и слично. Сѐ е тоа одраз на некое незадоволство, коешто треба да си го решам. Среќа не сум качила килажа уште. Ама морам да престанам. Треба повеќе да се движам. Некако ме фаќа некој замор вечер, а тоа ми е времето за активност, немам друго.
Денес по две недели се вратив на пешачење, изодев 2 саата посетив едно црквиче Света Недела за прв пат и се вратив. Кондиција сум изгубил и очекувано беше. Се надевам дека нема пак да настинам.
Дневен исповед. П: овесни, јогурт, банана Р: месо, салата, 3 чаши вино, големо парче торта. Не можам да дишам Пршачење 5 км.
За виното преќутев ама за тортата... Ако ако има денови каде што поубаво е да се прекрши него ли да ги увредиш. Па натегање ајде ајде...па држ не дај.
Кога веќе понуди да те прашаме... Дали има денови кога ти е тешко и си велиш 'по ѓаволите и диета и се'? Ако да, што те мотивира да не се откажуваш? Дали можеби здравиот начин на живот ти има позитивно влијание врз депресијата? Се согласувам дека ова е диета без јо-јо ефект, иако треба подолго време и трпеливост. Не само што се намалуваат килограми, важен е бенефитот врз здравјето и навиката која останува откако ќе се намалат. Не сум ич експерт за јадење. Убаво имаш напишано затоа ме интересира твое мислење, секако не мора да ми одговориш.
Искрено заприметив дека се е навика па така и е до сега кај мене.Најтешко ми падна да се откажам од благо.Од алкохол најтешко ми беше дека не пиам пиво а во лето најчесто ми идеше муабетот со кригла точено.Тешко е да...ама неќам да ми кажат некој ден дека имам покачен шеќер поради тежината (недај боже нешто полошо) Тврдам дека во оваа држава (не знам за другите) луѓето со покачена телесна тежина се највеќе тортурирани.Исмевани, им солат памет како за нивно добро треба да ослабат (као се грижат многу за нив) дискриминирани во друштво, на работно место. Имам среќа што немам доживеано ни четвртина од ова зашто искрено не сум долго време ваков. Дека темава е мотивациска знам дека треба трпение ама најголема награда следува кога сме горди и кажуваме колку кила сме смалиле
Денес за ручек конзерва сардина,ајвар,кромид.За вечера шопска салата и сончоглед. По цел ден сум на нозе и кога ќе дојдам дома веќе преморена не наоѓам сила за вежбање.
Сабота - ден за мерење. Стагнација, ама како јадев, добро што не отиде нагоре Се надевам дека следната недела ќе можам да „запнам” со помалку храна и повеќе активност.