Денес, за појадок сладолед во пола чаша и банана. Приквечер 2 кифли со 2-3 парчиња чајна. Вечера салата и пак 2 кифлички. Плус пешачење и вода. На излегување опет вода , кока кола лајт ми има вкус на прегорен шеќер и изветреана кока кола , па затоа вода ми е подобар избор. Губам апетит, а тоа е добро. Од утре ќе почнам да се дружам пак со зелениот чај, стомакот ми е подуен, изгледа ќе да е од водата.
Јас денес бев на матура и ништо не пробав, добро е не подлегнав а се имаше. Само доматки и краставици, доволно е Сега од утре тие житарките на Виталија и до одмор ептен строг режим, ќе дојдам до посакуваната килажа па што сака нека биде Се договорив и наутро точак да возам, попладне трчање целосно се посветувам на слабеењето..
Ме изнасмеавте луди глави Рејнбоу хаха јади си ти леб, што ќе правиш без коса оној од жито лукс лебот во ќеса интегрален ли каков ли беше. Татко ми почна таков да купува. Има во него влакненца- фибри, како ли ги викавме ние, и повеќе добро ти прави на организмот одошто нешто лошо. Па... можеш тој, вкусен е прилично... мада ме нервираа првиот пат сончогледчињата во него . Dulce аман што направи, како си смеела во ден за јогурт цели две јаболчиња да изедеш убаво си направила де што си ги изела. Ништо лошо не си сторила, а напротив си забрзала метабулизам Стомакот мој е готов. Капитулираше, од кога го стегнав без јадење. Во мир сме сега. Зумбава се мислам да ја елиминирам. Нешто не е многу за мене, досадна ми е, не ми е многу напорна, пак и ме нервираат лигавштини дур вежбам... а таму ми е саде лигавштини од тоа инструкторот. Почетокот ми беше интересно, ама Тае Бо! дефинитивно повеќе ми се допаѓа, пошто одма го осеќам после вежбање секој мускул што ме боли, по тоа јас си ценам добар тренинг .. ќе барам и нешто друго слично на тоа да комбинирам. И ќе гледам да елиминирам летово сирење од мени . Нешто сме се скарале со него ли што е, ама не ми прави добро на стомакот, како и домати, лимончиња... Ќе се префрлам на супи, бистри, зеленчукови да се стабилизирам некое време, пошто и желудникот ми бил нешто ранет у борбава.
Јас паузирам со зумбата , не се придржувам многу и кон диетата . Во оној период сум кога се наградувам за постигнатиот успех Пијам минерална вода со лимони 2-3 веќе четврт ден ,многу полесно ми е во стомакот. И нешто мнoгу важно -Не вечерам
ај и јас да ви се пофалам ......после 10 дена шетање по приморјата на италија франција шпанија, и пробување на разни специјалитети, се вратив со истата тежина како што и тргнав. тоа и ми беше и првичната цел и добро е што ја испочитував....еее арно ама истата нок кога стигнав во ск. си се повредив онака убаво, и сега си седам дома со лонгети и конци и се акам по доктори....и сега за сега тоа е моето единствено вежбање.....а се спремив за напорни секојдневни тренинзи и тоа со другар ми тренер, да ме вежба на кеј....а што е нај иронично...пред него и се скршив , само што се исподоговоривме. како и да е....уште сум на таа идеа да ги симнам тие 5-6 килца, ама сега ке морам со повеке гладување и без вежбање.....единствено од физичка активност ми останува пешачење...и еве сега ке испешачам до болница на преврска и назад...
Јас со јаворовиот завршив и 3кг и 200гр за 4 дена и официјално од денес ја почнувам медицинската.Еве сега си го варам чајот за доручек.Планирам да ја држам 15 дена,таман до одмор ама ќе видиме,ако за 2 недели ослабам 7-8кг не ми треба повеќе А да и сеуште продолжувам со стомачни,вежби за раце и возење точак
Здраво хау ар ју. Ај ем супер грејт. Сакам да изјавам нешто со многу срам Јас и Аткинс не се сакаме веќе. Врската ни заврши Не можам луѓе мои, да се откажам од несот кај што мора да турам млеко со сироти 0,1 процент масленост, није фер. Плус да се откажам од лубеница ... ааа бесете ме ама не можам. А во двор имам и кајсии преубави, и јаболка кисели. Не можам да сум само на протеини мајке ми. Ќе продолжам пак од сабајле со овошје, ручек што дал Господ и кришка црн леб, а вечера салата вамте тамте нешто. Ама ќе гледам повеќе на протеини да ми биде исхраната. Сега моментално јадам пилешки нуџетс пржени во маслиново( ме мрзеше да ги печам а и гладна бев) а за ручек гледам кокошка мајка ми спремила, и салата ќе јадам. Криво ми е дека си го газам зборот, ама сериозно не можам, а плус јас овие 20 кила не ги качив за еден месец, ги качив за долг период а сакам да ослабам за две недели. Епа нема. Ќе држам и држам режим ако треба и пола година. На крај краева во вита одев 3 месеци. А како што гледам во темава сум единственааааа со сериозен вишок. Јок, мора да се промени тоа. Што да се прави, само напред и да не паднам во депрешн па да се откажам, ама чим цел месец издржав ... терам даље. А секако и натака ќе ве известувам што јадам, како и кога.
Не си единствена Меченце , не си ласкај. Мајка ми истото го вика - а кај се брзаш ти, се товеше година и повеќе, и сега за 2 месеци - оп, 20 кг помалку. Не може. Она е од 1-ви на одмор, и сака да ја започне УН диетата, мене и не ми прави некоја разлика, ми би одговарала некоја варијанта на УН, минус вечерата, зашто многу ми е. Па ќе си правиме друштво - белки и дебелки.
не има повеќе бе..не сте само вие...јас за овие 6-7 месеци качив 7кг и сеа како да ги симнам коа не можам со диетиве, не се сакаме бе, не и не!!еве сега почнав само по еднаш на ден да јадам, навечер нишо не јадам, па ќе видиме. Сакам да пробам со јаболкова киселина позз Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=EbYatPQJ1OU&feature=related
Теди лоша е проетеинската диета, мене многу ми паѓаше шеќерот, јас само 8 дена можев да ја држам, ама повеќе не. Не бев гладна ама бев истоштена. Режимот ти е подобар да си го држеш, поздрав е и не му правеш шокови на организмот. Тоа што ќе го ослабеш тоа и ќе ти остане. Ајде јас малку да те охрабрам. И јас имав 20 кг вишок и ги слабеам веќе 2 години. Значи полека. Дојадам до 2-3 кг до целта и пак ќе почнам да јадам и ете станале 5-6 кг . Битно тие 20 кг си ги слабеам долго време, не за месец- два. Воопшто немој да се демотивираш, подобро едно кило неделно, ама здраво симнато отколку 4 нездрави и за една недела дупло вратени. Трендафилке слушај ја мајкати, и почни си ја УН диетата и не скокај ја вечерата бидејќи тоа е поентата на таа диета, оброците не смеат да се прескокнуват. Јади во помали количини и без леб. И многу е полесно кога се држи во друштво. Со оваа диета јадеш и слабееш . Ете така, а јас сега одам на ручек, на пица, што да правам, не можам да одбијам, а и не сакам . Тоа ќе ми е ручекот, а за вечера салата или домата со сирење. Јас си го сакам сирењето и не можам да се откажам од него .
Јас веќе втор ден терам вака со салати, и иако е рано, се осеќам добро.. значи појадувам една шопска, со сирење, и две кришки леб од оној сечениот од жито лукс. Тоа ме држеше вчера цел ден, а во меѓувреме може еден инстант чај од лимон или овошје нешто.. Ќе терам вака и утре, а се мислам од понеделник да се стаам на нешто построго се до крајот на неделата. Може ја има диетава на форумов но пак ќе ја напишам: 1 ден - 1литар Јогурт 2 ден 800гр варени компири без сол 3 ден -450 гр несолено сирење (не знам какво е тоа) 4 ден - различен вид зеленчук до 1 кг максимум 5 ден - варено пилешко или телешко до 450 гр 6 ден - еден вид овошје неограничена количина Многу пати ја имам пробувано и се откажувам од втор ден, тешкичка е но се слабеело 4-7кг со диетава. Што мислите вие?
Утрински три форнети,не можев да одолеам. Него луѓе,јас бронхит фатив...сериозна е работава ептенски.До вчера се вадев на антибиотици,излегов,ми студеше малку,а денес кашлам и крчам ко 90 годишен пушач. Имунитет, ќе те заебе кога не треба.
Mене ми е мака за виното,сношти бев пак излезена пиев само 1 чаша вино,јадам многу малку,ама алхохолов ме дуе и ме прави прејадена,денес пак бевме в бар и што да пијам се напив коктел-космо и сега пак сум подуена A дебели алхохолов? A сигурно дебели
Од денес почнувам малку построго, помислата на мене на базен во купачи слабичка и со мал стомак е бааги мотивирачка. Свечено ветувам дека максимално ќе го намалам благото, и воопшто јадењето. Од вежбање ќе останам само на точак, и два дена се спремам да почнам да трчам, никако да се наканам. Прво зошто ми малку далеку кејот, второ зошто трчам како мува без глава.Како и да е од утре ќе почнам обавезно, или од вечер евентуално ако оди татко ми да го трча кучето. Од сабајле сум само на вода, лимонада и чај од магдонос(уште не ми се приодело во ВЦ )и ручек-бело месо од печено пиле, 4 печени млади компирчиња и таратур. До вечер ќе гледам да изедам уште нешто ситно, едино ми е страв кај дечко ми да не ме запука криза и да почнам да напињам да купам нешто Уствари не бе, ќе го натерам дечко ми да одиме накај 5 саат на кеј да трчам, па после да одиме кај него. Не за друго, нема да ми се јаде од жал што сум трчала и после се сум вратила
Yes. И многу е калоричен ама имам читано и доста статии каде се препорачува една чаша вино, демек добро за здравје. Инаку алкохолот во диетите е на црна листа
епаа не е убав во диети Hегативно делува за слабеење, ама ајде од 1 ништо нема да ти биде ! памет за друг пат инаку јас јадев 2 јајца пржени на 1лаж маслинов зејтин со домат и малце сирење тоа во 15 часот, а после накај 19 не знам што да јадам, сигурно таратор! и само по 2 пати на ден ќе јадам сега се мерев вагата не мрднува да и Spoiler ебам матер е сега ќе видиме дали ќе мрдне или не!
Пф...и пивото ли?! Јас вчера се на се 400 калории од пивото си кркнав,ама па денот ми беше со една салата недојадена...и баш ми е гајле. Него у 3 форнети со фета,шо калории лапнав?!Ениуан?!
Кај мене на моб вели дека 100грама форнети со сирење се 360 калории, а 3 парчиња незнам како му доаѓаат....
Aуу не Oсекам дека е неубав,цел ден се осекам како прејадена и лошо,глупава и јас можев да поминам со вода,не пијам ни џусови,ни газирано,што барав да пијам вино и коктели A читав за пивото дека било здраво и се препорачувало чаша после вежбање,ама и слушам дека дуело Mислам форнетите не би требало да се премногу калорични,мали се и тоа 3 Cамо да не се претера