во ред е издржав 10 дена и толку не продолжувам, чудно ми е салово затоа прашав, сега продолжувам со режим на исхрана и тоа е тоа
- нес само со вода - (појадок) корнфлекс (околу 30/40 гр.) и ќефир (околу 200 мл.) - (ужина 1 [или појадок 2]) чиа (3 лажици) со оризово млеко (300 мл.), со банана (поголемка) и путер од кикирики (1 лажиче) - (ужина 2) јаболко - (ужина 3) краставица (половина средна), ќефир (100 мл.), урда (1 лажица), копар - нес со оризово млеко (100 мл.) - спанаќ манџа (околу 250/300 гр. спанаќ), пиперка (1), 2 кришки интегрален леб corner bakery - (вечера) бидејќи ми остана луфта од добри 800 калории, се решив да се почастам сендвич од Baking Bread, со пилешко (2 парчиња од по одприлика 100 гр.), сланина (2 парчиња, ваљда по 10 гр.), домат (парче), малце кромид и bbq сос, претпоставувам целиот сендвич е повеќе од 800 кал, ама океј е сè на сè. Малце прошетка денес, подобро и тоа отколку ништо. Spoiler: Км Доста беше частење, од утре поквалитетно.
Д: Варено јајце, краставица и три парчиња салама со чаша јогурт Р: Кофтиња во доматен сос со салата од краставици и две парчиња ржан леб В: Витаминска салата
Се почесто го читам ова 16/8. Да се јаде само во тие 8 часа. До сега мислев дека почесто а помалку е најдобро за организмот или ова не важи веќе? Има некој што повеќе знае за ова 16/8?
Заврши моето внимавање што да јадам. 58-59 кг сум сега,задоволна и спремна за одмор. Во бременост качив 11 и сите ги симнав,син ми уште малку ке наполни 11 месеци. Какви убави купачи сум купила за ова лето,едвај чекам да отидеме на одмор. Која среќа кога си влегов во старите s панталони и суќни. Апетитот ми се среди и мислам дека нема да одам горе долу како јојо со килажата.
Почесто јадење не е подобро, воопшто, особено ако имаш вишок килограми(а и општо заради инсулинот)- освен ако не ти е цел да се дебелееш или си спортист па ти требаат повеќе оброци.Можеш да пробаш 12/12 часа јадење нејадење па да накачуваш часови.15/16 спрема 8/9 е таман.Главното е што телото останува без постојан надомест на гликоза, односно енергија и се трошат резервите - покрај гликогенот и протеините и мастите(салото).
Мислев три помали оброци со ужина измеѓу, од кои појадокот ми е овошје обично, обично и нутриционистите нели дават така, е сега да вметнеш тоа во тие 8 часа може ќе е подобро, баш ќе читам повеќе на оваа тема.
16/8 е ок, ама само тоа не врши работа. Мене на пример оброците ми се секогаш во рок од 8 часа - најчесто јадам појадок околу 10, па после нешто ситно кај 2-3 и ручек околу 5-6. И ова ми е доволно. Ако ме фати криза навечер, не е од глад туку емоционална криза и се терам да издржам за атер на 16/8. Е сега, ова сѐ е ок, ама за одржување на килажата. За слабеење не ми е само 16/8 доволно, туку сепак и повеќе салати, да не јадам благо и слично. Ако јадеме многу во тие 8 саати, пак ништо не сме направилe. Ама како комбинација 16/8 + некој не многу строг режим, супер е. Немаш чувство дека нешто ти фали, а има резултати.
Вчера: - нес само со вода - (појадок) јајца (2), домат (1), пиперка (1), кришка интегрален (1) - (ужина 1) печени кикирики (околу 50 гр.), банана - (ужина 2) јаболко - (ужина 3) киви, нес со оризово млеко (100 мл.) - (ручек) компири (околу 300 гр.), кечап (3 лажици) пиперка (1), салата домат, краставица, десерт сладолед Алпико тројно чоколадо (околу 70 гр.) - (вечера) јагоди (30ина) Денес: - нес само со вода - (појадок) овес (4 лажици), мелен лен (1 лажиче), чиа (1 лажиче), путер (1 лажиче), кисело млеко (2 рамни лажици) - (ужина 1) пола грепфрут - (ужина 2) оброк чоколешник, јагоди (20ина) - (ужина 3) банана - нес само со вода - (ручек) манџа грашок (околу 170 гр. грашок), парче свинско (околу 100 гр.), 2 кришки интегрален (50 гр.), пиперка (1), салата марула со масло и балсамико - наместо вечера, 2 чаши Фанта со гости, ништо за мцкање, не ми се грицкаше Not good, but not terrible. Може и подобро.
Постојано ја прекинувам диетата но од денес поупорно овој начин на исхрана е супер и умерено се намалува тежина Банана кафе вода 2 лебчиња хумус со домат Јагоди Сендвич со плескавица салата Вечера салата
4 месеци, 5, 5 кг. И тоа последнава недела 1,5 кг., Ова темпо веќе повеќе ми се допаѓа, имам уште 4кг. до првата цел, нема уште 4 месеци да ги слабеам, си давам месец дена за нив па да видиме
Вчера: - нес - (појадок) варена киноа (1 шоља сварена), јајце (1 варено), урда (2 лажици), домат (1), ротквица (поголемка 1) - нес - (ужина 1) јаболко (1), кикирики (околу 50 гр.) - (ручек) компир (околу 300 гр. малечки млади топчиња), кечап (2 лажици), мисиркин стек (околу 150 гр.), бургер сос (2 лажици), ротквица (1), салата домат/краставица/кравјо сирење, десерт бисквит колаче со чоколадни парчиња (2) - (вечера) тесто (околу 90 гр.), доматен сос (2 лажици), оригано, мисиркина печеница (околу 15 гр.), гауда (околу 15 гр.), шампињони (5) или во превод половина homemade пица Иако кснав 2 бисквита и пола домашна пица, сепак останав во границите на 2000 калории. Барем да не накачувам кг. Денес: - нес, банана (1) - (појадок) варена киноа (1 шоља сварена), моцарела (околу 110 гр.), краставица (половина средна), домат (1), ротквица (поголемки 2), пиперка (1 блага, 1 лута) - нес - (ужина 2) јаболко - (ужина 3) кефир (200 мл.), краставица (1 средна), копар, пролетен микс зачин - нес - (ручек) црвен грав (околу 250гр. тавче), ослиќ (околу 200 гр.), салата марула со масло и балсамико, десерт плетенка со ванила крем (околу 75 гр.) - (вечера) сок од/со алое (330 мл.), Сникерс сладолед 48 гр. Вечерата денес ми е врв! После 3 дена пауза (), денес испешачив пар км, барем да потрошам делче од "вечерата". Spoiler: Км Врти-сучи пак до 2000 се задржав.
Претпоставувам млечната?Па добро,јас имав и сум многу задоволна од неа само што некогаш немав млеко па замрзувај ја да не се уништи културата и на крај ми угина.
Идеи што да се вечера? Навечер секогаш имам најмногу апетит, а освен туна и јајца реално ништо не ме заситува. Сакам да сменам малце, да е здраво а брзо да се припрема. А , и да не умирам од глад два саати после јадење.