Не знам дали вреди да го пишувам денешниов ден. - нес -(појадок) киноа (2 шољи сварена), јајце (2 варени), урда (3 лажици), домат (1), краставица (пола средна), ротквица (2) - (ужина 1) крофна (63 гр.) - (ужина 2) сладолед ванила на точење во голем корнет - нес - (ручек) јуфки (околу 70 гр.), хопла (околу 30 гр.), моцарела (околу 30 гр.), печурки (15), пармезан (наросено, шо знам, 5 гр.?) - (вечера) свеж кокос (околу третина шоља), јагоди (30) Ама па се изнашетав, барем крофната ја "стопив". Spoiler: Км
- нес - (појадок) овес (4 лажици), мелен лен (1 лажиче), чиа (1 лажиче), урда (околу 100 гр.), десерт колаче со вишна - (ужина 1) јаболко, сончоглед печен лупен (околу 10 гр. за киселини) - (ужина 2) нес, кифличка со крем (50 гр.) - (ручек) пастрмајлија (половина купечка односно 90 гр.), гауда (околу 15 гр.), пиперка (1), салата марула и краставица со масло и балсамико - (ужина 3) сладолед на стапче солена карамела (74 гр.) - (вечера) краставица (половина средна), домат (2 помали), ротквица (3 помали) свежи шампињони (2 поголемки), ќефир (200 мл.) Без колачето, само 1500 калории ми е хранава, што врти сучи, барем успевам до кај 2000 да се задржувам. Само денес претерав со шеќер... Прошетката денешна ми беше малце подолга, искористувам време дур сè уште можам повеќе да се движам. Речиси 6 км. и не е така лошо. Spoiler: Км Малце ми здосади секоа вечер да пишувам што сум јадела... досадно било!
Наполни шампињони со моцарела и испечи ги, готови се за 15ина мин. Ако си по пица вкусот, додади и доматно пире и оригано. Измешај ќефир со урда, запечен сусам, краставица и некое поквалитетно сувомеснато по твој вкус. Или само измешај ќефир, краставица и копар. И ако ти е малку, изеди го таратуров со оризова галета.
Немам прочитано дали сакаш да слабееш ама ова е многу храна. Плус, џабе броиш калории кога јадеш тесто и шеќери
Не сакам да слабеам, можда не сум за у темава. Проблемов ми е следен: Пред бременоста, тесто многу ретко јадев. Можда кришка со манџа или некоја замотана тортиља. Сега претерано многу јадам и затоа толку брзо накачив 10/11 кг. Се разбира дека изборот на нутритивни вредности и најважен општо, но факт е дека за да слабееш треба да си во калориски дефицит, а за да одржуваш тежина, треба да не си ни во минус ни во плус. Сега бројам калории затоа што само така имам контрола отприлика дали претерувам или не, а при тоа не можам совршено чиста исхрана да терам затоа што сум трудна. Оправдување е, ама па ич не ми е гајле. Важно ми е да не надминам 15 кг, тоа како максимална граница, по можност да не ја достигнам ни неа. Од причина што ми прави проблеми грбот. Е есеноска вистински ќе се приклучам у темава.
Нема проблем, туку би било добро некоја трудница да даде предлог, или некој со слично искуство да посоветува што е паметно.
Од денес се враќам на диетирање. 3 дена се изнајадов брза храна , на одмор и немав друг избор шо јадат сите тоа и јас , но добро е зошто многу пешачев и бев во движење цело време ништо немам качено, дури пола кг помалку сум од кога се мерев дента пред да одам. Уствари си докажав теоријата дека се здебелив од шо немав физичка активност шо ради карантини, шо ради седење пред стол и учење цело време, а не дека нешто премногу јадам у принцип ама добро. Се исповедав, полесно ми е, се враќам на здравата храна ко ништо да не било изминативе денови.
Јас многу бавно слабеам. Се тешам оти имам малку кила за слабеење и затоа вака ми е. Толку истрајна не сум била никогаш, еве месец и пол веќе пазам шо јадам. Со исклучок празнично првите два три дена од мај, и тек тук в кафана ако одам. Чекам да ми помини испитот утре, да се растеретам и почнувам активно да возам точак. Си ветив дека летово нема да се срамам од дебелите бутој и ќе носам куси шорцеви со самодоверба..
Мене не ми е толку за после (језда ќе биде предизвик) колку што ми е за сега. Имам уште 3 месеци, најтешките (буквално ) и ми е страв од тежината какво ќе ми биде движењето. Не сакам да слабеам сега, ама барем да стагнирам.
Дали има некој искуство со програмите на Софија Манчева? Се мислам дали да ја земам, па дали некој знае дали е слична со онаа на Ана Стојанова бидејќи таа програма не ми одговара?
Не мора да спамиш цели две категории со едно исто прашање. Ако сакаш да достигнеш поголема група на луѓе пишај во темата "Општи прашања" во категорија "Кафе-муабети". Кој знае ќе одговори.
Држиш некоја диета или што? Нормално дека не е страшно. Финтата е во умереното јадење, а не во нејадењето и лишувањето од храна
Држам моја измислена диета Не јадам бел леб, преминав на интегрален, и тоа една кришка максимум две на ден од тој интегралниот, понекогаш и воопшто не јадам леб. Јадам повеќе салати, овесни снегулки со јогурт за појадок. Овошја, смути. Ако ми се пријаде благо банана една и млеко ќе направам со мед. Ете по некогаш знам и по некое колаче во три дена. Вежбам, пробав да трчам ама почнав да се гушам после дел ден кашлав искашлував шлајм, ама ќе пробам пак со трчање ми треба кондиција. Дома вежбам на справа. Се уште нема некои резултати. Антидепресивите ги намалив на пола мислам дека тие највеќе ме здебелија. И пијам чај за ослабнување не знам колку помага
Белиот леб во крвта брзо преминува во шеќер и го качува инсулинот и може да предизвика нагли напливи на енергија и лошо е за анксиозноста и депресијата. Интегралниот леб, или леб од полу или цели зрна не го избегнувај, јади неколку кришки дневно. Во него има магнезиум и триптофан. Недостигот на магнезиум може да предизвика анксиозни чувства, а триптофанот преминува во серотонин и делува смирувачки на телото и мозокот. Ако некогаш сакаш да јадеш бел леб, јади го со некакви млечни масти бидејќи така телото подобро го разградува и не го качува инсулинот. Кашлица после трчање е многу честа работа, особено ако си трчала со темпо тешко за твоето тело. Ако ти треба помош околу трчањето пиши ми лична порака каква ти е моменталната кондиција, и ќе ти помогнам да направиш план за да ја зголемиш. Незнам каков чај за слабеење пиеш. Искрено јас не верувам во магични напитоци, храна и апчиња кои ја намалуваат тежината. Јас би ти препорачал црн или зелен чај. Двата го намалуваат стрес хормонот кортизол и може да ја намалат анксиозноста. Во исто време зелениот чај ќе ти го забрза метаболизмот што долгорочно ќе ти помогне побрзо да ги губиш килограмите Секое добро