лилит 160-180 калории. Ништо страшно. Ова нуџетсиве море калорични билеее ај од утре и тие црвен икс имаат, и Џули фала Едит: Валерин, ај ќе биде, не си сама Килце по килце до посакуваната тежина, а ти плус кај цеце одиш, па ваљда имаш добар режим, и добри ефекти.
Уф Волфче,не да дуе,ама го сакам,шо да му праам.Вчера бев балонче во мешето кога си одев накај дома. Ама утрово добро си е,ми е гајле,само што уште повеќе ми го надразни грлото и ме разболе.Ич не сум дисциплинирана за здравје значи.
Да не испадне дека си го пикам носот во туѓа манџа, ама со вакви мени малку потешко ќе оди слабеењето. Прво - месо и компири - најлоша комбинација. Нема врска дали се 4 или 10, просто лошо е комбинирањето. И таратур - краставица и кисело млеко. Месото не се меша со млечни производи. Знам дека сите сакаме сиренце со мевцето и шопска уз секое јадење, поготово мевце, ама не оди. Би ти рекла - или изостави го месото, или изеди го со чиста салата - домати, краставици, пиперка. Ама месо + компир + млечен производ = лоша диета. Барем јас така мислам, можеби твојот организам убаво поднесува.
Кај УН диетата месо и млечни производи се комбинира. Значи во протеинскиот ден можеш да јадеш месо со праче сирење и кашкавал, ама со компири никако. Протеини и скроб не оди во комбинација. Протеини и белковини може. Добро е да се има книгата посветена на УН диетата или книгата за Дајмонд начинот на исхрана. Но отприлика така одат комбинациите. Битно е и што слабеењето не зависи од количината туку од комбинацијата. Јас денес можам да изедам една пица, ама само пица и за вечера можам да земам сладолед. Значи денес внесувам шеќери и јаглехидрати но никако на вечера не смеам компир, иако е подиеатален. Обидете се да внимавате на овие работи и ќе има резултати. И уште еднаш, пола саат пред јадење и едно пола до час после јадење да не се пие вода. едит: За ручек јадев две парчиња пица. Само две . Ќе вечерам салата или доматче .
Jaс денес сум на 6 јајца ... веќе изедов две .. воопшто не ми се јаде ... истрчав 10км после уште 10 ... фитнесот го заменив со домашни вежби денес... па од утре се враќам на ж.митрев
Ама сум смотана. Не се разбирам ич во овие работи, само гледам помалку да јадам, а не што А ова ми е омилен ручек Добро, нешто ново да се научи никогаш не е на одмет Фала. Едит: Знае ли некој колку калории се трошат со брзо возење 10 км на точак и повремени угорници?!
Имам не се жалам Ама денес со двете туни (расипани) а различни од кај ги нашла мајка ми незнаам! Одвратно...останав само на мала зелка салата и печурки во комбинација со маслинки. Калории аш! И после ќе вежбам
Jадев сега риба на скара! уф уф, ама и се изнамерачив леле, месо ич немав јадено едно 40 дена како ја мавнав еј, а не сум љубител на риби, али ова ми беше најубав оброк до сега и готово не јадам веќе ништо! овие 10 дена само 2 пати на ден ќе јадам! и се надевам за 10 дена кога ќе се качам на вага ќе мрдне барем малце вишеееееееееееееее
Епа девојки денска јас станав во 12 ипол часот што прв пат ми се случуват летово.Каснав малце црешни,а потоа пред излагање каснав еден тањир кисело млеко и смоки.И заминаф кај една другарка која живее доста далеку па можит пешачев негде 5 км одење враќање.Кога дојдов дома каснав два компира варени со кечап.И толку.Испив многу вода.Од влаго каснав две ресанчина кај другарками,и дома кога дојдов малце наполитанки.Чоколадата вчера што ја скрив во фиока уште таму си стои,ја чувам за криза кога ке е фати Сега планирам да направам стомачни,а ако ми се сојади попосле да каснам уште еденд ва компири и тоа да ми биди се за денеска
Јас сега смавтав две печени ќофте плескавица поим немам што. Печени на пекач без масло, со патлиџан и две црни кришки. Денес тоа и нуџетсите, и прееска на две резанки лубејнца им напраив кркензи мркензи. Това е това, оу и две кафица мафица испив, едно горко бљакензи, а другото мерачко со црн шугар и нискомасно млеко. Буахах. Сабајле да не досаѓам, пак лубејнца че јам. И точка.
Јас денес ручав варено пилешко со варени морковчиња. М, м, м, ептен убаво и салата од зелка. Кога ќе се сетам колку малку калории брои зелчето ми се оди да го гушнам. И после саат и пол вежбав и се почестив со половина павлака за вечера. И тоа е тоа, си дојдов на кафе кај другарка ми, ќе си трачариме едно 2-3 часа и ќе согориме некоја калорија од толку сеир ваљда.
Ако ги затепам Тедино и Валерин, 25 кила за многу ли ги рачунате бе ?? Ами што да речат тие што слабеат по 50, 60 ?? Е тоа е многу, затоа збор да не чујам. Многу било, пффф. Рекорди воделе. Запнете им, па ќе видите што се 20кг. За 3-4 месеца ќе ги нема. Уф, малку да се насмеам и јас денес - Шта зна дете шта је сто кила, дај му и ќе ги носи.
денес се на се истрчав 19км презадоволна сум ! изедов 4 јајца и еден мал (ептен мал ) сладолед ... се надевам утре вагата ќe мрдне
Сега си изедов 2 колачиња Сирма и ич не ми гајле Утре планирам тост да јадам, од 50 ден, со шунка кашкавал и кечап.Колку калории има знае некој?
Некои 500 калории можеби има но не сум сигурна, вака слепо сметано ти кажувам. Дузи мила, ќе те молам да не бидеме насилни
И јас да си кажам за мене. Работава не радува многу. И пазам на исхрана и вежбам и вода пијам многу, а стомаков тапан. Многу ми е подуен и се чувствувам дебело. Алиштава сите ми се таман, па и тие што ми беа тесни сега ми се ок, не сум здебелена, ама мевов, ко 100 кила да имам Ќе пробам да пијам некој чај колку за да ми се намали подуеноста и ќе продолжам со вежбање и лесна храна.
Денес да ви се пофалам, умна бев..Да надохнадам за тулумбите вчера хахахаха, само што се вратив од кеј и сум мртва уморна, ама задоволна! Да беше вака секој ден..
ај едно прашање од мене во врска со калорииве еве на пример имам до мене сега ладен чај од праска и на него пишува 100мл пијалак содржи енергија - 32,4 kcal протеини - 0 јаглехидрати - 81g масти - 0 никогаш не сум броела и гледала калории и такви работи, и сега и баш не ми е јасно.. калориите се запишани како енергија на етикетите или?
Како енергетска вредност. Во течност е сметано на 100 милилитри,а во цврсто на 100 грама. Калориите се обележани со kcal, под калориите се што пишува е во 100 грама колку содржи производот масти, протеини, јаглехидрати и слично. Во случајов ледениот чај, на 100 милилитри има 32 калории, во нив има 81 грам јаглехидрати.