Да се пријавам Исто терам, до сега - 7.5кг (59) Вклучив хром во суплементи па мислам тој ја мрдна работата
Женски очајно ми треба ваша помош, пред три недели држев диета но ја прекинав поради х причини и се вратив на стариот начин на храна (доручек и ручек секојдневна храна и вечера не практикувам и без диети), паднав во депресија и некако чувстувам дека сама на себе сум потешка, се мерев денеска 7кг плус за една недела, 7кг... толку во животот не сум имала никогаш, искрено тешко ми падна премногу е а не знам како е можно тоа за толку кратко време. Да напоменам бо периодов јадев јајца,ориз,манџи,стек и салати, немам јадено ни брза храна,ни макарони,ни буреци и се останато мрсно. Не знам дали е можно да се работи за здрастен проблем,периодов ми е со стресови и нервози.. Немам асална матична со која би се консултирала а да не ми каже дека се ми е на нервна база. Доколку постов не е за овде корегирајте. И да од утре сум ма салати само. Најтрагично никој ме ме сфаќа, мислат дека премногу јадам и дека се залажувам себеси. Единствено повеќе конзумирам кафе 3 во 1.
Да, провери тироидна, ако го исклучиш тоа како причина, тогаш можеби нутриционист би ти помогнал. Ќе ти го цитирам ова бидејќи има се' што сакам да ти кажам, само е многу подобро напишано:
Кажувајте вакви работи Го вклучи со некоја посебна причина или додаток поради диетата и како помага на слабеењето? Јас еве за магнезиумот кога го користев почесто сфатив дека ми помага за столицата.
За таа причина и го вклучив. Видов кај Јанка Будимир на инста дека го пие за полесно топење на сало и го почнав. Баш и на нет пишува дека помага во разградување на јх..читни ќе видиш. А не е штетен
Хромот многу често се користи во предијабетична форма за разградба на шеќерите во телото. Најдобри е да се користи хром пиколинат амерички производство.
1/10 Киноа семки брусница јогурт Банана кафе Ориз со печурки и салата 1 тонус Салата какао Минатиот пат со ваква исхрана стопив 6 кила за 10 дена.repeat
Нутриционистот на другарка и дава хром задолжително додека е на нејзиниот режим, меѓу други суплименти, витамини, цинк селен.
7kg за 7 дена е многу доколку не се работи за енормно зголемување на калорискиот внес, дали си сигурна дека не се работи за некакви отоци, асцит и сл.?Имаш ли некои други пропратни симптоми? Или пак, втората опција е дека тоа што го јадеш е во многу поголема количина отколку што мислиш, но сепак пак е чудно толку многу наеднаш да накачиш. Советувај се со доктор и направи лабораторија.
Многу корисна информација, фала што сподели. Имам во фамилија член со преддијабетична состојба, ама до сега никој не го советувал за хром, баш ќе прочитам повеќе.
Ако нутриционист препорачал хром во ред, можеби се работи за предијабет, јас не би пиела на своја рака, консултирајте се со доктор.
Не постои кредибилна студија која докажува дека хромот има директно влијание на слабеењето во здраво тело. Има истражувања дека ја намалува желбата за благо и јаглехидрати кај лица со атипична депресија. Недостатокот на хром во организмот е многу ретка состојба, бидејќи се внесува преку храната и е потребен во мали количини. Влијае врз инсулинот и гликозата во крвта. Здрава исхрана не е здрава исхрана ако треба да се суплементира со еден куп апчиња. Ако некој одлучи да суплементира хром, можеби е паметно да прави паузи на некое време.
Дали знаете од прилика колку калории би имал чаден свински врат? Кога немам идеја што да вечерам, јадам парченце црн леб, зеленчук, јогурт и две три парчиња сувомеснато. Како стои со калории, можам да го конзумирам понекогаш? И да, последно кога се мерев, а тоа беше пред месец и пол, имав 66кг 600гр. Гледам да сум на некој режим, т.е во калориски дефицит и ми оди добро. Меѓутоа вчера повторно се мерев и вагата покажа точно 65кг, малку се разочарав што ми покажа толку многу. Дали има врска шо ми беше прв ден од циклусот па затоа ми покажа повеќе кг или?
-4кг за нецел месец. Без гладување, супер најадена и полна со енергија. Уште 3-4 кг да симнам и мислам дека тука ќе застанам.