На кето сум вторпат. Првиот пат симнав 14кг и вежбав во домашни услови, сега немам време за вежбање и само диетата ја држам. Здравје, да се ослободам од обврски, планирам пак да почнам да вежбам, затоа што претходно имав одлични резултати.
Ќе ти пишам идеи, чисто да имаш увид какви комбинации правам. За доручек кога сум гладна јајце на око на путер, панцета пржена, ама без масло, туку самата си пушта мрсно, кашкавал топен, исто и сирење некогаш ставам во тавчето и обавезно зеленчук: домати, краставици, маслинки. Некогаш јадам варено јајце, таратур, зеленчукова или телешка чорба, чиа пудинг со полномасен јогурт, полномасно млеко и неколку јагоди. Првиот пат правев и кето лепчиња со домашно бадемово брашно. Тука веќе имаш комбинации секакви за сендвичи, тост, пржени лепчиња со јајце итн. Ручекот гледам да не ми е секој ден месо. Комбинации со месо: било кое печено месо или риба, зелка манџа, полнета тиквичка со мелено, ќофтиња во бел сос со зачини, мусака со тиквички, модар патлиџан и мелено, гулаш. Од вегетаријански печени шампињони, буковка, брокула, карфиол, топено сирење, фејворит ми е модар патлиџан расечен на ленти надолж прелиено со маслиново масло, цели чешниња лук и зачини, се пече и после рендам сирење. Тиквици печени или пржени, прелиени со маслиново, кисело млеко и лук, летна манџа, боранија итн. Идеи има многу, само битно е да знаеш кој зеленчук и овошје се дозволени. Имам правено и кето пица, кето лазања, не е тешко, само треба некои додатоци за тестото да се докупат. Вечера најчесто салата, или јаткасто. Али ако имам обилни доручек и ручек, ја прескокнувам, пошто не сум ни гладна. Од десерти си правам кето сладолед со полимарк слатка павлака и 1-2 лажици чоколаден крем од фитнес хаус. На слатката павлака ќе пазиш да има голем % на масти, а мал на јх и шеќер. И да кажам дека секој ден со ручекот јадам салата. Тоа отприлика ми текнува во моментов.
И јас ја држев кето диетата. За еден месец намалив 10кг. Искрено можеби во бројката на килограми се намалија тие 10кг но на мене кога ќе се видев буквално во ништо не се заприметуваше дека сум намалила 10кг.
Почнувам исхрана со интегрални житарки месо јајца млечни зеленчук овошје јатки семиња. Без благо леб грицки газирано Денес Овошје Киноа јогурт семки брусница Овошје Стек салата Вечера 2 јајца салата
Банана 2 тонус со малку путер сирење и 1 јајце Цреши Омлет со печурки салата тонус Зеленчук За два дена -1.4
Ден 1, појадок кисело млеко, ужина овошје, ручек грашок, вечера салата. Ден 2, кисело млеко, ужина чипс од 20 грама ( јбг на работа немаше друго), ручек копан и салата, вечера кајсии, еден час аеробик. Ден 3, кисело млеко, едно пржено лебче со јајце, ручек грав со салата, вечера ќе видиме. У план брзо одење на лента, прва програма. И саботна генералка, нормално. Се сликав за бифор, за три месеци ќе сликам афтер. Најтешко ми е што не јадам леб и не се осеќам најадена.
Ден 3 успешен, истрчано на лента и вечера зеленчук со малку сирење. Ден 4 катастрофа. Дете болни, па така појадов у 15 и 30 крешник и маргарин не знам дали ќе јадам пак денеска ниту дали ќе вежбам.
Нема ден катастофа (во поглед на храна), не се секирај, телото нема да препознае еден неквалитетен оброк па да ти се заебе цел процес, исто како што не препознава еден квалитетен оброк за да ти се подобри цел процес. Само продужи си нормално, следниот оброк не го пресконувај и нека биде квалитетен.
Фала ти баш ми треба поддршка посебно во денови кога е крш. Вечерав само чинија ориз и лимон, немав време за салата. Купив за утре кисело млеко и лубеница, ама ќе биде крш ден, ем на доктор ем работа ем дете чување, ама ќе издржам. Вечерта пак сум на вежбање. Целта ми е 70 кг. Ако стасам до 70, ве носам на журка, најсериозно, се од мене платено!
Јаглехидратите јади ги наутро. Овесни ти е супер избор, плус имаат и малку протеини и ќе те држат сита. Ако си гладна навечер одбери салата со малку сирење
Јас конечно паднав под 70! Бавно ама сигурно, не вежбам само со промена на начин на исхрана. Инаку, може не е конкретно за овде прашањето, ама бидејќи е за морална подршка а баш не убаво се осетив, како реагирате на коментари за тежината, дали мислите дека некој има право неповокикан да дели совети. Пример, обично не реагирам на вакви коментари, ама ме погоди од другарка, баш зошто всушност навистина слабеам, по малку ама од после бременоста одам полека во минус, а таа ми запна си се ушишкала, прво тој збор, сум го чула, сега открив дека е изгледа бугарски а мене ми звучеше како збор кој означува дебелеење на свињите. Ајде ми вика кога ќе слабееш! Колку месеци поминаа од кога роди!
Оф леле, за греота е другарка ти. Луѓето за многу нешта неповикани си даваат мислење и затоа стоички (не) реагирај, односно не се замарај, тоа е само нечие туѓо мислење поттикнато од кој знае што. Ти гледај тебе да ти е убаво, ако има нешто што не ти се допаѓа, можеш да го смениш со конзистентност и трпение. Не се брзај, нема потреба, така да не се замарај колку време ќе ти биде потребно да ја постигнеш посакуваната цел, битно е полека да има резултати. А туѓото мислење не ти мења ништо ни во целта, ни во резултатите, терај си и не се замарај.