Мислам дека другарка ти прави огрооомна услуга, со тоа што веројатно реално ти укажува дека ти треба промена. Еден ден, ако стварно сакаш да се смениш, и да работиш на тоа, ќе и кажеш Фала. Јас кога бев 80 кила рецимо и кога стопив масти па стигнав до 54кг ( се криев под чаршафи, и сите ми викаа баш си секси иако си пунка) сега, мислам дека сум љута на сите, вклучувајки ја и фамилијата, зошто порано не ми кажале немој, погледни се, подзапри, среди се, спортувај, едуцирај се за храна.. Камо мене некоја другарка да ми кажеше така... Промената на телото се случува внатре, во мозокот. И кој што и да ти каже, ако ти не си спремна, да се дадеш себе си 100% во процесот, џабе е. Ако сакаш промена, нека почне и нека заврши од и со тебе. не со коментари од околината. Иако, тие се ооодличен поттик. Среќно!
За првиот дел апсолутно неточно и погрешно е. Што дека цело време ми кажуваат негативни коментари и мене и на останати кои имаат вишок? Дали не мотивираа? Не. Дали ни прават услуга? Не. Тоа е само навредување и ништо друго. Сите ние знаеме дека ни треба промена и без вакви коментари.
Не знам не можам да знам дали би не навредило, кога бев дебела, бев свесна дека сум дебела, и ако ми кажеле СИ ДЕБЕЛА ваљда нема да се навредам, зошто би се, кога е вистина? Ако ми кажеле дека сум крадец, тогаш ќе се наљутев, зошто е невистина. Како и да е, мотивацијата е минлива ствар и се губи, така што, пак ќе се вратам на погоре, ПОСВЕТЕНОСТА И ДИСЦИПЛИНАТА, навиките за поубав начин на исхрана и активност, е ТОА е тоа што ќе ви донесе резултат. Можете да ја погребате мотивација уше од сега ако почнувате промена.
Споредуваш неспоредливи работи. Коментири од околина се навреди. Дебел е навреда. Ако некој премногу е слаб и за тоа му се коментира со слаб си исто е навреда. Друго е најблиските, родители, сопруг или деца да разговараат за тоа со желба да ти помогнат. Не секогаш и коментарите од најблиските се добронамерни ама само од нив би можело да се земе во предвид и никој друг ни другарка ни братучедка ни тетка ни не знам кој. Еве другарка е спомната. Ако другарка ми е толку загрижена за мене нема да коментира безвезе туку со нешто ќе ми помогне, небитно, совети за рецепти, ќе предложи заедно да вежбаме или пешачиме, итн. Ама тоа си се здебелила како што е спомнато погоре никаква ни услуга не е, ниту па мотивација.
Не знам дали ме дочита, коментарот беше си се поравила а јас веќе слабеам. Имам изгубено 9 кг после бременоста. Имам уште 3 кг да се вратам на старо. Дали е подобро вака, имаш ослабнато, се познава, не се откажувај, можеш да се вратиш на старо? И дали некој може да има некој кг плус а да се чувствува убаво во своја кожа? Еве, може другарката е така грозничка, има делови на лицето што може да ги корегира, може не е свесна за тоа, па треба да ја освестам? Кога планираш да си го направиш носот? Ајде триесет и нешто години си знаеш дека се се средува сега? ОК би било вака? Чисто другарски да и укажам нели?
А според тебе дебел е некој со 80тина кг? По се' изгледа не си го дочитала тоа што членката го има напишано, односно таа вели дека веќе одамна е во процес на слабеење и дека има симнато килограми и повторно некоја типка се нашла да и' коментира дека треба да слабее. Тоа не е добронамерно, всушност звучи на љубомора. Вистинска мотивација, поготово од страна на другарка, би било да и' пружи поддршка и веќе кога членката слабее, реалистично да ја пофали за добро постигнатите резултати. Заклучок: не секогаш коментарите се со добронамерни, а некого може да го демотивираат. Ако коментарите од околината ти се одличен поттик, не си ја направила правилната промена во мозокот.
Исто така би те советувала-немој толку строго.Некогаш ќе каснеш и благо,некогаш и леб,само гледај тоа нели да биде во умерени количини.Сум држела и јас такви “строги” режими и после еден cheat day и 1кг+ или во полош случај почнувал желудникот да ме боли и сум морала да прекинам...Среќно
Јас сум прв ден на чисто јадење. П.Овесни снегулки преноќени во кокосово млеко и јагоди. Р.Салата од домат, краставица, магдонос и варена киноа, лажица хумус, наут од тегла и лажица ѕаѕики. В.Медитеранско јадење тз медитеранска кугла, односно бучкуруш, тиквичка пропржена на керамичко без масло, па свеж домат, па доматно пире, па сушен домат (втф), босилек, млад кромид и киноа, поросено со пармезан. Физичка активност, никаква, немам време...
У ден 4 успеав и на лента 10 минути една програма да истрчам. Ден 5, појадок кисело млеко. Ужина кајсија, ручек пржени пиперки со јајца и патлиџан. Вечера нема. Аеробик еден саат. Вода течеше од мене.
Јас со понеделниците немам многу среќа, затоа сега од вторник стартувам. Имам да намалам 3-4кг. Појадок јогурт 250мл, 4 лажици овесни снегулки, 1 лажичка чиа и 1 ленено семе. Ужина 2 парчиња лубеница Ручек планирам печени тиквички со некоја салата
Ден 6. Појадок малку макарони што и останаа на малата. Ручек печен компир со зачини и салата. Вечера 2 топки сладолед, да се частам за преживеана вакцина. Не вежбав, немав време, ама чистев по дома..
Јас веќе 2 недела сум вака: 1.Доручек :овесни со 2 лажички мелен лен, чаша кефир од 0,9 масленост, плус овошје (праски и малини најчесто) У. 10тина непечени бадемчиња или лешничиња Р: што има , без компир леб една кришка од диме без брашно или двопек В:Нема касно ручаме , не ми се ни јаде Благо каснав пола сладолед онојпат и ме гризна совест и фрлив. Пијам и саси вода . (ослабени 2кг ) , со секој ден вежби од 8мин за стомак) , ама гледам дека во обем сум намалена, стомачето ми се повллекува исто и градите , големи ми де градниците што ги имам. Газирано знам една чаша кока кола , кога ќе падне притисок на работа, а и пиво чат пат пола лименка Ама бавно оди
Ден 7. Не појадов. Ручав супа, пилешка обична. Ужина ред чоколадо. Вечера 7 ќебапи и пиперка. Не смеев да вежбам, ама пешачев брзо еден саат.
Не држам некоја посебна диета, но внимавам што јадам. Дали ржаниот леб содржи јаглехидрати како белиот леб? Пустото без лепче не е тоа тоа, барем една криша за доручек…
Не може да нема јаглехидрати, ама обично ржаните/интегралните имаат помалце шеќер. И повеќе влакна. Зависи и од лебот, гледај ја позади табелата што вели.
Пак ќе го споменам клишето - потребен е дефицит на калории за да слабееш. Ако ги разгледаш табелите на 10-ина различни лебови во еден поголем маркет, ќе видиш дека горе-доле повеќето имаат ист број на калории, односно само затоа што лебот не е бел, не значи дека помалце калории внесуваш. Но она што е важно е дека се далеку поздрави, повеќето имаат повеќе влакна, кај некои има и разлика во протеини. Јас лично класичен леб (језда во последно време еден на Диме Фурна ми е омилен) каснувам само со манџа или хумус. Ако веќе јадам тесто, си правам задоволство со некоја тортиља како оброк или пак пица. Ама тоа е мое задоволство, никако не велам дека лебот не е добар избор. Само како и со се' останато, умерено.
Споро е релативно. За некој 1 кило неделно е споро, а јас би рекла дека дури и малку е брзо тоа слабеење. Инаку ако вежбаш (особено ако си на почеток со вежбање) полесно ставаш и мускулна маса која тежи повеќе, па може ти слабееш побрзо од што мислиш. Мерење во обем е подобро од вагата во тој случај. И како што кажа @MissChievous може сепак не си во калориски дефицит. Не знам дали броиш калории. Лично јас кога почнав да бројам имав периоди на шокови кога ќе видев колку се калорични некои ситници. Јас побрзо ги скратив тие ситници отколку да се откажувам од јаглехидрати.