(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    25.246
    А зошто би ти помогнало? Кое е објаснението позади таа комбинација?
     
  2. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Сум читала дека исфрлало токсини од телото, помагало при дигестија на храна, слабеело.
     
    На Hoping му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    25.246
    Не ме сфаќај грешно, ама не постои пијалок што слабее. Па и исфрла токсини. Може да помогне за убрзување на метаболизам, како зелениот чај на пример. Може и да помогне за дигестија, како ќефир на пример. Ама пијалоци не слабеат, а имаш органи задолжени за исфрлање на токсини.


    Туку, нешто од денес од инста.

    Screenshot_20210721-190404_Instagram.jpg
     
    На simoncelicius, christinnn, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Игнорирај, не се објаснувај. Членката која те праша се знае, ние ништо не знаеме.
     
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    17.510
    Пол:
    Женски
    Ден 14

    П:Овесни со банана, цимет и грчки јогурт
    Р:Печени компири со зеленчук и кашкавал
    У:Лубеница
    В: Сладолед
     
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Во право си. Нека не се објаснува и нека верува во глупости
     
  7. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Имаме доволно памет, не се секирајте. За толку знаеме. Не ни треба просветлување.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.930
    Допаѓања:
    143.045
    22 ри ден. Три пати неделно вежбам и не јадам леб. Не се мерам, ама веќе се гледа. За 10 дена вагата ќе каже.
     
    На Ariel и MissChievous им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Човек сака со убаво да ви објасни дека не се слабее со детокс диети кои практично не постојат или со лаксативи или магични чаеви. Ама океј, терајте ако ви одговара.
     
    На simoncelicius, CoverGirl10, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Не сме без памет за некој да ни објаснува, ваѓда знаеме што правиме. А ако ни тееба совет, ќе побараме во темава. :)
     
  11. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    44.400
    Пол:
    Женски
    Бидејќи не сакам да слушам совети во живо од некој што разбрал, а не доразбрал, нити е стручен или искусен од областа, ќе ве прашам овде, не знаев точно во која тема треба.
    Која храна не смеам да ја комбинирам заедно во еден оброк?
    Што е најдобро да се јаде подоцна?
    Не доручкувам многу рано, поради работата не сум во можност точно да следам на мало растојание да ми се оброците, па кога ќе си дојдам дома сум гладна како волк некогаш бидејќи сум немала време да каснам нешто на пауза.
    Најмногу масти ми се таложат на долниот дел од стомакот и отстрана, сакам да го ослабам тој дел.
    Ви благодарам однапред.
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.472
    Допаѓања:
    25.246
    Избегавај процесирана храна, чипсови, благичко, мајонез, зденка, паштета, топено сирење, итн. Разретчи леб и паста, подобро ти е јаглехидратите во оброкот да ти се ориз, компир, овес, хељда, киноа, грав, итн. Така да, идеалниот оброк е: повеќе протеин, одредена доза јх, одредена доза здрави масти. И секако што е можно повеќе зеленчук, и свеж и варен и печен. Пар предлози: ориз со пилешко и варена брокула + салата, варен компир со варен морков со свинско + салата, грав со риба + салата, тиквица полнета со мелено месо и печурки + салата, хељда со варени јајца и моцарела + салата, итн. Избегавај масло во салатата, ионака за домат/краставица/пиперка не ти ни треба, за џабе ќе си додаваш калории.

    Подоцна е најиделано да искомбинираш протеини и ниско маслени намирници. Гледај јх да ги внесеш низ појадок и ручек. За вечера можеш варени јајца со ќефир и парче зеленчук; можеш "побогата" салата со повеќе зеленчук плус моцарела (налупај свежа тиквица, краставица, домат, свежи шампињони, ротквица, рукола, итн); можеш да измешаш урда со сусам, свежа краставица и некое поквалително сувомеснато, пример мисиркина пршута или свежа сланина; можеш да наполниш шампињони со моцарела и пармезан и да ги испечеш (можеш и во микро, ако не ти се пали рерна); можеш да исечкаш тиквица тенко како шпагети и да ја измешаш со песто сос, домат и моцарела; можеш туна со свеж зеленчук. Исто така можеш да вечераш овошје кое нема толку калории и јх, на пример малини, јагоди, капини, боровници, рибизли, шумсково сега го има. Лубеница и диња, исто така.

    Ако можеш каснувај ужинка некоја, парче овошје, шака јаткасти, протеинско јогуртче. Ќе ја одложиш гладта и помалце ќе јадеш подоцна.

    Реално, не можеш баш да слабееш еден конкретен дел, слабееш општо и со тек на време ќе се намалува и тој дел. И јас сум како тебе, ако некаде отиде, ќе се залепи за стомак. Ама па и работата ми е седење пред пц, така да, и тоа си прави меше. Да не звучам досадно, ама избегавај благо што е можно повеќе, барем додека си во фаза на слабење. Напрај си овес со мед и јагоди, измешај протеински јогурт со праски, изгмечи банани и помешај ги со путер од кикирики и замрзни ги и ете ти "сладолед". Не дека и тоа нема калории и шеќер, ама барем не до толку, башка еден куп други нутритивни вредности ќе си внесеш. Избегавај тесто. И ако имаш можност, терај кардио. Вози точак, пешачи повеќе, викендашки качувај се до Средно, пливај ако имаш прилика.
     
    Последна измена: 22 јули 2021
    На Lavender4, Abracadaver, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Ако верувате во такви глупости, не знаете што правите.
    Ама ваше си е, на ваша штета ќе е само секако.
     
  14. Hoping

    Hoping Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    501
    Допаѓања:
    1.344
    Пол:
    Женски
    Во што сакаме ќе веруваме, солење памет не ни треба.
     
  15. Tinaaa

    Tinaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    123
    Хидрохлортиазид е диуретик кој се употребува за лекување на висок крвен притисок.
    Негова примена за исфрлање на течности од организмот со цел бројката на вагата магично да се промени е апсолутно контраиндицирана.
    Промовирањето на некои "детокс" комбинации, како ѓумбир или зелен чај во умерени количини е сосема во ред. Ама, употреба на лекови кој немаат никаква допирна точка со губење на масти е апсолутно нонсенс.
    Искрено сум запрепастена, како при толку достапни информации можат да се прават вакви, опасни по живот грешки.
     
    На crimson, simoncelicius, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.059
    Пол:
    Машки
    Телата ни се околу 60% вода, така да многу јасно дека ако здраво лице се напие хидрохлортиазид ќе исфрли течности кои ќе почне да ги надокнадува уште со првата чаша вода.
     
    На Bezimenka90, MissChievous и Tan4ence им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    После ќе плачат у темите како брзо вратиле тежината и како се вртат у круг со диети.
    И не е страшно тоа што не знаат, туку тоа што иако 15 души ќе им објаснат, упорно тераат по свое.
    Сфаќам како е да се мачиш со вакви работи оти сум била во слична ситуација. Само што јас не пробував опасни експерименти на мене, полека учев и се информирав и не брзав во целиот процес за еве денес да сум во одлична физичка состојба, со исхрана со која можам да терам цел живот, физички активна со одлични резултати и да знам онолку колку што треба и повеќе од тоа.
    И не само членката, куп луѓе познавам што немаат никаква претстава за тоа како функционира метаболизмот па мислат дека ако си исфрлил вода, ете си ослабнал, браво. И буквално со неколку вака што мислат сум пробала да им објаснам најпросто, ама не, и во живо како на ѕид да збориш. Онака у душа ме погодува оти само на нивна штета е. Јас за мене си знам. Ама ако неќат...ќе си ќутам ја. Нема јас да изгубам од тоа крај крајова.
     
    Последна измена: 23 јули 2021
    На simoncelicius, Annath, Tinaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Јас и порано имав пиено диуретици ама послаби, ми се собираше течност поради хормони, Спиронолактон беше а овој на мајка ми е појак па затоа земав мислев дека пак сум надуена од вода. Важно се почувстував полесно со испразнети црева и без вишок вода. Сепак избегавам да ги пијам често ги пијам многу ретко, штетат на бубрезите.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Калориски дефицит, тоа е тоа. За овој месец 2-3кг. во минус. Појадувам банички, што не сум го правела никогаш, бело тесто имав отфрлено одамна, и сега слабеам. Ама после баничката, имам толку обврски дома и на работа, што заборавам на храна до вечер, кога обично јадам нешто овошје и салата.
     
    На gothchick, Bezimenka90, sweetie 981 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Во ред тоа ама пожелно би било да потенцирате во ваков случај оти во темата пишуваат тие што сакаат да ослабат и за тоа се даваат совети, не конкретно за проблеми со хормони.
    Зашто некој ќе прочита и на своја рака ќе направи некоја беља.
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.