Од денес почнав со УН!!! Имам јака мотивација, бев на лекар се е во ред, да ги симнам овие 13 кг. Па, ако е Господова волја и со бебенце до пролет
Ај добар ден. Леси се враќа дома . Ќе пробам да ве дружам од денес, ама ќе видиме како ќе биде. Не ми е целта слабеење, туку поздрава храна и умерено движење поради здравје. Доста нездраво се хранев последнив период и ми падна имунитетот.
Ме примате назад? Кето почнувам со надеж дека е побрзо со неа ај Нарцис да ме управе павлака смее? печурки може и мевце тоа знам
Сабајле се измерив ја имам килажата пред бременоста, ама изгледам подмладено Уствари изгледам послабо, ама имам меше, што го немав никогаш. Мислам колку и да ослабнам пак ќе имам меше што виси, кажувајте помош, после 2 царски, најверојатно ќе мора да вежбам? Веќе споменав погоре, тешко е кога се лишуваш од одредена храна, оа паѓаш во искушение и пак одново. Лекот бил се ама умерено. Дури почнав и торта да јадам кога сум на роденден.
Вчера ко за сефте арно поминав Е денес заебанцијата е шо не земав ништо за јадење од утре ке се управам обеЧавам Вода ке се налевам и да успеам до 4 да издржам ако не бива едно кисело млеко мислам оти може у кето а @NarCis@ само пиши ми некое зрно сончоглед може да стаам? У план сум да праам јајца на око и една шопска и да јадам тоа денес два пати Се измерив и шо да ти причам 10кг за симнување Ама ај се тешам битно почнав
И тоа ќе ти биде најдобрата работа шо можеш да ја направиш за себе. Немој да гладуваш. Кисело млеко е малку. Ако имаш можност докупи некое сувомеснато и кашкавал колку да го поминеш денот, а за утре да јадеш повеќе.
Еве сум и јас. Алиса ме мотивира. Се мерив утрово и уплав.Иако очекував са сум поправена не очекував дури 4 кг плус за месец два. Ќе одам со исфрлување на газирано, бел леб ,вечера...и морам да почнам да пијам вода...
Се прибрав кучка гладна несакајќи фастинг 24 часа пиперки јајца и сиренце пржам Ваљда не грешам Ке виде учителката Нарцис па ке каже
Летово се надевав дека ќе ослабнам со пливање и со помалку јадење, но тешко дека ќе ги намалам овие вишок килограми што ги имам. Летото ми е надеж најголема за слабеење, но неможев да оддолеам на вафлите, на пецивата и на фаст фуд. Сега стигнав до бројка која не ми беше на ум дека ќе се појави на вагата. 84кг. ми е рекордот. Во обид сум да изгубам 14 кила. Почнав да ја одржувам 8 часовната диета. 8 часа јади 16 часа не јади. Или најубаво решение е да јадам само салати во денот и вода да пијам.
Напротив, тоа ти е најнепаметно решение. Потребно е да ги внесуваш сите нутритивни вредности, со тоа што ќе ставиш фокус на протеините за да те одржуваат подолго сита. Батали вафли, пецива, фест фуд, односно секакво тесто и прженици, барем на одреден период додека си во фаза на слабеење. Внеси плус нешто кардио освен пливање, на пример возење велосипед.
а што всушност јадеш во текот на денот? Се останато освен благо и бело тесто? Месо дали јадеш? И дали имаш некоја физичка активност покрај тоа?