Стај слика од тие муслите и кажи како ги јадеш ги мешаш со овошниот јогурт? А нели не смее овошје или ја нешто сум измешала? Може ќе ме убедите И пишујте вака мени за мотивација.
Смее Мареане Ама не многу. Лубеница, диња, јагоди, малини, капини и боровинки. Оди во морална на пребарувачот, имам пост со идеи за доручек, ручек и вечера.
Свари си неколку наеднаш за неколку дена, само остави ги 10-15 мин. да вријат. Јас така си носев на одмор за да не варам секој ден.
Не ги бројам деновите откога почнав дека имав некои пропусти. Денес за поручек ми беше 2 праски и кисело млеко потоа кафе турско без шеќер. За ручек јадев малку пржени тиквички со неколку парчиња пилешки стек и малку ориз. Испив едно смути Вечерав лубеница.
Еве ги Мареане. Јас ги имам тие со кокос и со цимет. Ставам 3 супени лажици од кокос и една супена гранола со цимет. Тоа ми е доволно за доручек, навистина најадува, а и по упатство толку се става. Трафлсот исто го имам пробано, ништо посебно. Овие јас што ги правам се 100 пати поубави.
Јас ги јадам со јогурт, така ми се највкусни. Инаку можеш со бадемово, кокосово млеко. Може и кравјо, само види нутритивни вредности, да нема многу шеќер.
Денеска како за припрема, ден за изгладнување Доручек- чаша јогурт Ручек-грчка салата Вечера- 2 варени јајца Ова е припрема само. Утре е роденден на мм, па се надевам нема да пробам торта .
Ден 2 Појадок: праска, банана и протеин пудинг. Турско кафе. Ручек: туна конзерва и чаша јогурт Вечера: грав и една печена пиперка Ужина: праска
Ја денеска телешка чорба Нешто не ми одговара ова исхрана ни грам надоле нема а и јас не се осекам издишано барем Ке шотерам уште малце па ако не бива појадокот овошје ке бидне така најмногу имам резз
Една недела помина минус 2 кг Додуша тие се вишок храна течност знам уште првата ден ги снема Сега втората недела ке видам дали реално ке симнам нешто
Еден месец ќе ти паѓа килажата од течности. Рано е за топење на мастите. Со кето може нема брзи резултати, ама нема ни јо-јо ефект.
За денес Појадок: овесна каша Ручек: јаткасти плодови, кафе и се почастив со едно парче пица, се надевам нема да е преголема грешка Вечера: салата ќе јадам Измеѓу пиев вода. Се осеќам виновна за парчето пица ама затоа ќе вежбам малку покасно или ќе одам да пешачам.
Ништо не ти мења тоа парче пица. Битно е што правиш поголемиот дел од времето секој ден. Едно парче пица повремено нема да ти го смени процесот/напредокот на полошо исто како што една чинија салата повремено нема да ти го смени на подобро. Ако 80/90% од времето јадеш оброци со квалитетни нутритивни вредности, нема зошто да осеќаш вина или да се плашиш дека си утнала со повремено парче пица или сладолед или што год да е. Башка, тоа што го наброја дека денес си јадела, иако не знам што имало во салатата и колкаво било парчето пица, сигурно не надминува повеќе од 1300/1400 калории. Што значи пак си во дефицит, според мене.