Така е активноста ми беше пешачење после тоа. Знаев дека нема да е грешка покрај тоа другото што го јадев во денот. Во салатата имаше домат и една пиперка печена
Ден 5 Појадок: овесна каша Ужина: овошје банана, ананас Ручек: полнета пиперка и таратур Вечера: една пченка
Тука сум терам кето незнам кој ден ми е втора недела терам знам денес плескавици со кашкавал и патлиџан салата на мени сакам да се напијам кисела вода мислам оти може а учителке @NarCis@
тоа другипт пат коа ке добијам желба за газирано синока поминав втор пат роденден без торта за овие денови машки одбив парче
Хелоу денес на мени имав к млеко со сончоглед (комбинацијата ја обожавам ) До вечер една голема шопска со сирење ако сум гладна може и чаша јогурт плус ако не само со салата ке поминам
Малку јадеш. Да знаеш дека нема да имаш така ефект со диетата. Инаку сончогледот има многу јагленихидрати. Исто и семките од тиква.
5гр јх нели до 30 гр може? Мене и ова ми е многу храна верувај мојот организам е специфичен а плус и тироидната ме зеза
Ќе имаш јојо ефект. Премалку е. И јас имам проблем со тироидната, ама без два оброци и 1-2 ужини не сум. Некогаш и вечера вклучувам. Инаку 20 гр јх вкупно од цела храна што си јадела дента.
Многу малку месо јадеш, повеќе си на млечно. Обично млечните производи сметаат да влезеш во кетоза. Има на фб групи со многу убави рецепти.
вчера имав пола кг мелено ако не и повеке Ја никогаш не сум јадела повеке од ова дури ме страв да не качам килажа
Една недела сум веќе на диета и добро ми оди. И тоа малку што е минус во килажата ми дава знак дека вреди да се продолжи. Малку имам во минус ама добро е. Вчера појадокот ми беше во 10 мусли со млеко, Ручекот ми беше 2 тонус леб со хумус и краставички и малку киноа одозгора, пиев доста многу вода и вечерата ми беше во 4,5 пржени пиперки со јајца и домати. После некое овошје јадев и тоа беше се. Не се чувствувам лошо, убаво се чувствувам. Денес е ден 8 и за поручек кајгана, 2 тонус леб со хумус и малку кисело млеко. Ручекот ќе ми биде туна, а вечерата салата шопска.
Се пријавувам кето Овојпат ептен сум решена, толку што одсабајлеси направив нескафе 3 во 1,па ми текна дека ќе држам диета и го истурив. Доручек Ручекот ќе е ваљда риба со лимон, а за вечера салатка ваљда, ако осетам глад ќе чепнам некакво мевце. После ќе одам во шопинг, да опремам фрижидер со потребни намирници за диета. Инаку 2 прашања имам Ајвар смеам малку да каснам ( имам почнато тегла, да не го фрлам), пишува 11.7 јх на 100 гр? И за да елиминирам лош здив од диета може ли да жвакам мастики орбит/ервејс без шеќер?
Пред да почнам со кето купив саат и ми беше пасент точен Даатот не сум го извадила од раката ама ми се врте скроз па така да ке го стегнам скроз сеа На наредното стегање ке бидете обавестени Ваљда слабеам а? Вчера оти ме изкаравте вечерав динствувано свинско околу 300 гр може прететав со количината??? Учителке @NarCis@ Хелоу кити добредојде сеа нема мрдање
Таман си е. Можеш за прилог да си направиш печурки, тиквици, модар патлиџан и салата обавезно. Можеш и чорба плус.