Јас денес мудро си молчам. Срам ми е уста да отворам и да кажам што се влезе во неа денеска. Spoiler Без прљави мисли молам Внесов околу 1700 калории Утре ќе мавнам еден овошен ден, да се прочистам малку.
И за мене ќе биде најдобро утре да ми биде овошен ден, да ми се намали подуеноста на стомаков. Имам доволно овошје ( лубеница, цреши, праски), ако треба ќе прикупам, ама ќе се ставам на „лесно гориво“ и јас. Ви се придружувам, Теди и Виножитка
Ја од утре ќе си стапам на режим имам некои 15 кила за слабеење Нема да биде тоа диета туку за доручек некогаш јајца пржени на маслиново масло, или пак варени а некогаш и мусли од Виталиа со млеко За ручек што дал господ што викаат само нема да мешам протеини и јагленихидрати. А за вечера или салатка или чаша млеко или јогурт.. Што мислите доколку се придржувам кон овој режим ќе успеам да ослабам? А и плус да напоменам вежбам саат време на орбитрек сабајле трчам и плус ќе вежбам Тае Бо И ќе ве известувам секој ден како иде работава, и се надевам ќе ме подржите и сите заедно ќе ја достигнеме посакуваната тежина
Ехеее, како нема да успее бре. Уживај само и ќе се стопиш со така здрав режим. Нормално тука сме за поддршка, нели гледаш буцки на куп. Добредојде и ти
10 килограми и повеќе, ама Карина и со поасолен и поздрав режим би симнала 7 килограми за 40 дена. Така да нема поента да го исцрпуваш организмот ...
Мене денес ми беше втор ден, за доручек да јадам само овошје. (2 праски, кајсии..), после тоа ручек и лесна вечера. Али лошото е што (денес), во 5 станав, во 7 отидов надвор (за тоа време јадев само сончоглед, кога бев надвор) али кога се вратив во 11 ручав. Се нафукав (не многу, али доста), и за џабе цел ден не јадење. Иначе не сум некоја што има вишок до 5кг па сака да симне. Мене ми требаат поише за симнување.
Виножитке немој да се секираш, јас сум 1900 денес. . И тоа грубо пресметано. Страв ме фаќа да седнам темелно да пишам што се фрлив во торбата! . Ама ете свечено ви ветувам, утре ќе сум до 1000. Ај промис!!!!!
И јас се приклучувам во клубот на девојките кои денес се што не ставија во својата уста . Пицата е крива за се, ми го скрши филмот и се одадов на јадење. Стално човкав по нешто, а на крај ме удри нешто во глава и зедов и направив колач . Ама се најадов денес, на здравје нека ми е, калории не се ни обидувам да избројам. Ќе ме мавне некој шок . Таков е денес денот. Недела, јадечки е . Јас кога си ја држев диетата на Цвета секоја недела си се наградував со слободен ден, па ете така си се тешам сега . Цела недела беше посна, сиромашна, денес гозба имаше . Утре пилешко ќе правам, да се пофалам дека оваа недела јас сум куварот дома. За братот и сестрата и компири, а за мене ќе нема, јас денес си го земав делот .
Уживајте џенцки, недела е ден од господ, за одмарање и гозба....нели 6 дена работи 7миот одмарај, така некако беше Ама денес немој некој да кажал дека пак си продолжил со гозбата, тепам Инаку јас вчера за прв пат јадев лубеница, и ми се чини дека ова овошје е перфектно за диета. Јас несакајки испадна цел ден само на лубеница да бидам, ме најадува и голем процент е вода. Вчера од ќеф, за прв пат летово јадам и ја убив цел ден Не е лошо да си ја имате при рака и што осетите глад, фрлете и се
Секоја диета што ја почнувам по 3 дена ја издржувам и толку И не сум јас крива, неможам да живеам без благоооооо!
Добро тргна денеска во 8 часот трчав надвор, е сеа не беше нешо многу ама за прв ден добро е Се вратив се истуширав и сеа само што изедов две јајца испр=жени на масло од грозје или семки од грозје така нешо беше со еден домат и без ниту корка леб Се надевам дека до вечер ќе се придржувам како што ветив па ке видам ќе ве известам
Пошто никогаш немам броено калории, и тие работи до пред каратко незнаев ни како одат, што, колку, внесувам, ама сега читкајќи ве вас, се упатив и почнав да бројам, ама незнам како да најдам колку калории имаат оние нудлсите, тестенини, на мр.Парк, од 85 грама, оние инстант што се готват за 3 минути.. Еве овие http://www.mrpark.biz/portfolio/view.ph ... &menu6=16& Да се најде добра душа, некаде да пресмета и да ми пише... п.с. Не ми се смејте стварно незнам...
Една кајсија од слатко колку калории од прилика има? Пресметувам за мајка ми На спаркпипл, супер е Само не можам да го најдам слатково
Кога шетањето би било здраво, поштарот никогаш не би требало да умре; Китот плива цел ден, се храни само со риба и пие вода па пак е дебел; Зајакот трча и скока, па живее само 10 години; Желката не трча, не скока, не работи ништо а живее 350 години; Заклучок: Заеби диета и најади се како човек!... колку за мала утеха...поздравче
Динг донг Еве една информација која се надевам ќе биде корисна за сите почетници. Секоја диета, односно здрав начин на исхрана започнете ја преку шокирање на вашите масни наслаги, а тоа ќе го направите на следниов начин. Значи првите 10-тина дена од вашата диета, концентрирајте се на исклучиво протеинска храна. Отприлика тоа би било за доручек би можеле да јадете шол житарици со млеко немасно, ручекот динстано месо или печено, и вечерата две до три белки од јајца. Одбегнувајте салати и овошја затоа што на крајот тие се разложуваат сепак во шеќери.Нив оставете ги за понатамошната исхрана, односно вметнете ги по навршувањето на овие припремачки 10 дена. Да се разбереме, нема слабеење со легачење, задниците мора да се испотат. Е сеа ја роварејќи по нет наидов на еден интересен податок кој што вели дека е многу подобро да се вежба 20 мин забрзано, отколку 2 часа лезетски. Значи качете му се на орбитрекот и веслајте 10 мин. најбрзо што можете, направете 5 мин пауза и продолжете уште 10 мин најбрзо што можете. Многу повеќе калории ќе истрошите отколку саат време да вежбате полека. Се надевам успешно напредувате со диетите, стискам палци, а да не ме мислите издржувам женски и јас.