ејј супер идеа да не ја зафркнам работата само нешто многу ми се намали апетитот јадам по два пати вториот со сила тушкам
Јас баш кога треба да добијам, имам потреба од благо, и секогаш јадам. Доброто е шо не мора да се лишиш од тоа за да слабееш.
Има, има морковче 1 средно по големина, ама сепак има . А баш мислев да прашам тука, или да побарам на интернет, ама ај си викам, ваљда смее Денеска ми е 5ти ден, за доручек изедов пак 1 лаж.ајвар,1 парче сирење, 2 парценца сланина и 2 парчиња димено месо. Било кој доручек што ми текнува, што јадам е со јајца, а нели ограничено е и колку јајца да јадеш, па затоа повеќе месо јадам. Не е лоша кето диетата, ама многу ми пречи што не можам да си јадам овошје, а баш сега им е сезона, и сливи и нектарини и диња и круши и јаболка и се . Инаку, само темно чоколадо кога ќе ми се притажи за благо, колку е дозволено?
Сѐ што има скроб од зеленчук, не е дозволено. Побарај на гугл за кето дозволено овошје и зеленчук и стави си тоа на фрижидер да те потсетува. За чоколада, ќе гледаш да е со висок % на масти, а низок % на јх и шеќери, што значи чоколада со над 85% какао. Е сега зависи колкави се коцките, ама повеќе од 2 не сум јадела, пошто не ни можам повеќе.
https://fitlife.com.mk/keto-sveza-salata-so-seminja-i-jajce/ Случајно го најдов овој рецепт па да го споделам овде можеби ќе ви биде корисен.
Баш гледав рецепти за кето исхрана во кои пишуваше како прилог може царска мешавина, а во неа бидејќи има морков, си викв ваљда може малку. Ама ништо за друг пат ќе знам.
Девојки да ве прашам дали е во ред ако понекогаш јадам од Dijamant Light мајонезот? На 100 грама има 30 грама масти од кои 3,6 заситени. Јаглехидрати 7,3 грама од кои 3,4 шеќери Протеин 0,07 грама. Не ми е целта да ослабнам, таман сум на кила туку дали некој поискусен знае дали овие нутритивни вредности се океј за да јадам понекогаш
Може за low karb, ама кето никако. Не гледам зошто не би можела. Само секако путер ти е многу поздрава опција од било каков маргарин. Ручек за денес: топено сирење со доматен сос и печеница, и салата.
Ја почнав третата недела Резултати мислам нема денес за цел ден 4 јајца 100гр кашкавал 2 патлиџани и сланина 200 гр
Ручекот од денеска Полнети тиквички со јунешко мелено месо и одозгора кашкавал Ја изедов само едната половинка, другата за утре ми остана. Плус салатка За вечера многу малку месо од печена кокошка со тартар сос.
Ја денес пола канче кисело млеко со 1 красавица таратор некоа маслинла 1парче кашкавал(дебелко) и 200 гр сланина Ова е низ цел ден
Доручек: малку бело месо од кокошка со тартар сос Ручек: половина од тиквицата што ми остана од вчера и салата од краставица Вечера: Парче кашкавал и неколку парченца димено месо Денеска нешто посебно се чувствувам малаксано и без енергија, дали ми фали нешто блашко или нешто др е, не знам. Ќе се мерам утре сабајле, па ќе пишам резултати. Кога сум на диета полесно и далеку поубаво се чувствувам @Saraa Еурокрем диета
Здраво девојки да прашам... Кое е вашето мислење за тоа да спремате храна еднаш неделно за цела недела им разни видеа на you tube околу тоа па ме интересира дали можеби некоја од вас го практикува.... Планирам да почнам прво за мене И тоа да се з на работа појадокот пример но ме буни колку би било свежо подготвено од недела за до сабота малку ми е сомнително.... Инаку си носам на раб редовно јас навечер ќе сварам киноа пример и на раб ќе додадам краставица и туна тоа ми е топ...или овесни во блага или солена варијанта...
@ТедИ11 можеш да направиш па да замрзнеш, ако намирниците можат да се замрзнуваат, ама вака да ги спремиш и да стојат во фрижидер, не. Можеш од денес за утре, па ај и нареден ден можеби, ама за цела недела е многу долг период. Денес точно цела недела. Утре ќе пишам резултати. Доручек: 2 парчиња кашкавал и 2 парчиња димено месо Ручек: Пилешко соте со шопска салата Вечера: Дојадов она што ми остана од ручек.
Може да свариш одредена храна поголема количина, на пример киноа, цело зрно овес, хељда, макарони, јајца, ориз, итн. И потоа секој ден да земаш колку за оброк и да додаваш свежа храна, свеж зеленчук, тазе печено месо, туна, варен зеленчук, свежо овошје, суво овошје, јаткасти, млечни ствари, итн. Така правев нонстоп кога идев на работа, па си спремав јадење за на работа. Иначе, сакав да споделам еден многу добар производ, во случај ако не го знаете. Можда треба да отвориме посебна тема само за производи со добри нутритивни вредности? Енивеј, станува збор за иситнето свежо сирење на Bella Farm: Има 20 грама протеин на 100 грама производ. Јас си го ставам во овес, со чиа, мелен лен и путер, и испаѓа превкусна кремаста каша. Исто го шљапам на галети и го мешам со зеленчук, особено иде со краставица (и копар).
Ретко пазарува во кам наредна прилика одам и го барам ваљда и во Велес ќе го имаат... Туку ако има мн млечен вкус тешко да го јадам од сирења јадам само фета(ако се нарекува сирење) и тоа само онаа во тетрапак со ајфеловата кула на неа.... Инаку фала за предлогот баш на раб тоа и гледам да јадам топам овесни со кисело млеко и семки