Нема претерано сиренест вкус, јас сирење не сакам. Обично ја јадам урдата исто од Кам што во канче таа, слична амбалажа е со ова. И таа е топ, језда сега се опседнав со ова. Најмногу наликува на крем сир, според мене. П.С. Еве ви го мојот инста што ми е за храна, порано редовно постирав, сега ме замрзе некако. Ама мислам дека има топ идеи.
Си ги читам мислењата во темиве и ми иде да си акнам шамар колку глупи диети сум држела секогаш Се на диети,се јо јо ефекти.. На ден на пораѓај со второ бебе имав 90. Дома дојдов со 86, со маки стигнав до 83и застанав.. Ниту една диета не е препорачлива за доилки, па едноставно ми кликна после долги години дека не е до диетата, до мозокот ми е. Од мај наваму, сум на здрава исхрана. Што е за мене здрава исхрана? Не користење брашно,сол,вегета,сончогледово масло,шеќер,млеко,сирење солено,свинско месо,сувомеснати јадења,грицки,бел леб. Јадам овес,чиа,ленено семе, сите видови овошја и зеленчук,јаткасти плодови,интегрални макарони/шпагети,хумус,грчки јогурт,јогурт,билни млека,оризови галети,многу ретко двопек тонус или леб тонус,готвам со маслиново масло,кокосово за десерти, засладувам со урми или мед. Полека полека за три месеци дојдов на 71кг, обемски се слизнав многу. Од 3хл на Л. Си комбинирам сама јадења, вежбам кога можам, каснувам од се па и парче пица,кифличка,сладолед, и не мрдам на вага никако. Ниту се осеќам виновно кога ќе “утнам” Еве еден десерт од денес овес,урми и црно чоколадо
9ти ден. Се мерев, - 2 кг сигурно сум, зошто се мерев навечер на најадено, ми покажуваше 59,а сабајлето 58,2. Ова не е траен резултат зошто при прво најадување пак ќе се вратат. Многу ми е убаво кога сум на режим, ама овој режим ме нервира што нема овошје . Ама ќе издржам уште 3 недели, па после ќе гледам да измислам некаков мој режим, да можам да си ја одржувам килажата без да се поправувам.
Можеш овошје. Лубеница, диња, шумско. Инаку џабе ја држиш, ако ја прекинуваш за толку кратко време, ќе ти се вратат одма килограмите. Најмалку 3 месеци е препорачливо.
Ама сакам и јаболче, и крушка и слива и праска . Мислиш дека ако не јадам после количински многу, пак ќе ги вратам?
Дефинитивно. Првиот месец се исфрлаат течностите кои се прават од јагленихидратите, вториот месец веќе почнува топењето на мастите. Мој совет е ако не планираш да ја правиш, прекини ја совреме, да не се мачиш залудно.
Диетата ја занемарив деновиве ама добро е кога се придржувам повеќе на здравата храна. Вчера ја утнав работата. За поручек јадев интегрално пециво со јогурт, за ручек јадев туна и салата. И покасно излегов и јадев крофни. Од денес построго. Без благо и без нездрава храна.
Првиот слој 2 чаши овес,смелен во блендер,1лажичка кокосово масло и лажица-две (по вкус) мед Го ставаш во калап, го тапкаш убаво и го оставаш во замрзнувач некоја минутка Вториот слој се 7-8 урми,излупени и изблендирани со една лажичка вода, се истураат врз првиот слој и се враќа во замрзнувач Третиот слој се 3реда црна чоколада стопена со 1лажичка кокосово масло, и тоа го истураш одозгора, и го оставаш еден саат убаво да се олади па го сечеш Се чува во замрзнувач во наредните денови. Ако неќеш многу благо помалку урми стави.
Дали е нормално вага да менува кг за ден? Сабајлето кога се разбудив се мерев беше 82, се мерев после вежбање некое време ми беше 81,1, дали е ова во ред ? Менито од денес е: Поручек- житарки со јогурт Ручекот- овошна салата Вечера- тортиља со пилешко месо
12 ден кето Доручек и ручек-кокошкино месо во павлака и пеќурки и патлиџан Вечера:ваљда свински дроп неколку парченца, @NarCis@ може?