Јас сум ужасна на тема физичка активност. На мм му викам уште малку ќе заборавам да одам . Деновиве започнав со по некој км пешачење, па после да преминам кон нешто друго. Не можам и не смеам шок да си направам со чаталење на справи или нз шо . Не сум кадарна у моментот за тоа. Но, битно е да се почне, со грешки или не, елем помалку да се де... И да се тера.
Иста сум, движење ептен малку, за вежбање сум мрза Ама денес ко попче, станав, каснав банана, излегов да шетам, поминав 5000 чекори и ми стана ептен ладно, си мислев ќе се стоплам одејќи и со тенка јакна излегов. Си фатив бус и се вратив, сега под јорган дури се згрејам Ќе си кажуваме килажа или во тајност нека е
Да идам или ич да не се бламирам? 6 кг плус имам од летото. А веќе 1 месец се трудам и никако грам надолу. Не одам на некој режим.Не можам да сум без ич тесто.Физ.активност ужаз.. Ама ќе ве следам и може ќе се мотивирам...
Ќе идиш како не @mareane Јас џоа хост- домаќин мислиш, па да одговорам. Само 6+ имаш за симнување? Шубаво..„ @malerozna и екипо...кажувајте... Почетна состојба не планирам да кажам, ниту конечна, ама може да пријавувам оваа недела -2, -1, -3 кг....кхм кхм....ако постигнам. Или со БМИ ќе одиме? Дур не постигнеме некое ниво на БМИ да не се откажуваме.. а ќе го реферираме.. За мене си зборам, ако кажувам тука поќе се мотивирам...шо беше пишала една членка, е шо ќе пишам на групата, шо сум јадела Нешто као ЕУ терам овошје на сабајле, некогаш е цеден сок- скоро 500-700 мл, + банана, понекогаш смути, понекогаш х1 банана со х 1 јаболка денес скроб- за ручек компир салата, за вечера или зелена салата ќе биде или пола од ручекот .... да напоменам дека и 1-2 парче леб со руечкот и 2 кафиња дневно Па да видиме како ќе иде
Здраво, јас сум Ариел и имам БМИ 24.9 . Не се оптеретувам со бројки, важно ми е да јадам поздрава храна, да не јадам благо и да сум физички активна скоро секој ден. Значи пред сѐ за здравје, не толку за лепота, затоа што имунитетот ми паѓа од јадење глупости и кичма ме боли од недвижење. П: овес со јогурт и јаболко Р: рибја чорба В: бурито Тешко движење денес, вечер гости, нема кога. Ама ајде, и јутре е д’н. Леле колку јака екипа се собра, многу сум возбудена . Ајде жени среќно нека ни е, па да се направиме препи*ки, секако со добро здравје .
Кафе Интегрално лепче со намаз Неколку суви сливи Кафе 1 крофна(морав да пријавам) @Espadrila 6 кг имам од летоска плус ставено а не само 6 вишок..
Ден први, божемска диета Појадок банана Ручек го преспав Ужина касато торта (жал ми е да а фрлам) Вечера нема, ќе си легнам. На зор пуканки ќе правам. Уште ден два ќе ме држи пмс, па белким после ќе ми се намали апетитот А можам и лимонада да си направам сега
Срцка, ова е препремалку храна. Немаш ниту еден оброк. Банана не е доручек, а ручек и вечера исто ништо?? Најдобро е да имаш 3 оброци, па и торта касни, многу подобро ќе се осеќаш него ли вака. А со ваква исхрана и да ослабеш, ќе ги вратиш килограмите за 3 секунди и дупло, па размисли дали ти се свиѓа тоа. Жал ми е да читам вакви изгладнувања.
Срцка, ништо ми за еден ден, јас веќе 7 месеци премногу јадам брза храна, последните 3 недели да не коментирам што се изедов, штом сум качила 5 кила, можеш да претпоставиш какво гоштевање беше 2020та со диета симнав 12кг и наместо да продолжам да слабеам, јас пак се поправив Полека преминувам кон диета моуд, таман ја дојадов тортата, да не ја мислам. А другото благо ќе го скријам
Ааааа јака екипаааа моментално сум поднастината па сум на супи и цедени сокови петок правам крвна слика и ке си почнам со листовите режим од нутриоцинист
Првиот ден и кај мене се изремети... уште мотивацијата не ми е на место,а и настинкава ме излудува. Вчера главно бев на овошје и ориз печен со домати и пиперки)) ништо од тоа што реков. Мада грото од денот не беше страшен, ама и благо јадев вечерта. Не пешачев оти нема шанси периодов. Squats и други такви лесни вежби правев. Тераме, како-така. Секако празниците не се поминати На тема килограми за симнување....овака е:
Добро утро дами, ден втори од божемската диета. Полека полека, за недела дена максимум ќе се ставам на ред. Појадок, смуди од банана, малини, боровинки, пола јаболко Малку млекце и водичка За ручек пилешко со салата од домати и кромид Вечера, ќе видиме, може ќе биде 2 варени јајца, може пица
Само една мисла; нема поента од смути ако не додавате протеин, вака само вода и овошје, му ускратуваш на стомакот да ја разработи храната, а со тоа многу брзо би огладнеле само од таа течност, подобро ви е да го изедете овошјето. Кажано со најдобри намери.
Значи вака:Повеќето сме овде стари волци (волчици де)и добро знаеме што како правилно треба.Ама никој не рече дека ќе тераме ептен строг нутриционистички режим.И ќе грешиме и ќе претеруваме во јадење или нејадење. Повеќе сме овде за дружба и поддршка... Без љутиш ,ама да си кажам.
Јас ќе ви се придружам тука, оти напраив беља голема Летото ослабев со режим на нутриционист 7кг и од август до сега ги вратив буквално дупло (13кг). Не се должи на јо-јо ефект, туку лично јас сум одговорна оти јадев како прасе, ко да не сум видела, посебно па за празнициве, и еве сум сега на почеток, каков почеток, дури и поназад сум Од понеделникот сум почната на режимот пак, ми одговара, не се осеќам гладна воопшто. Најважно освен да го пратам режимов, односов со хранава сакам да си го средам, јадам во стресни ситуации најмногу Вчера направив отстапка, не е крај на свет велам, подобро да земам едно парче, да направам еднаш неделно отстапка и да продолжам со режим отколку да го мислам па да се изнајадам се и сешто кога ќе бидам под стрес Денес на мени; - чиа пудинг - риба со салата - детокс смути - салата/печен зеленчук Се движам, цело време сум на нозе со дете мало ама не е тоа тоа, да најдам време и ќе вежбам.
Ајмо ајмо позитивно (не ковид ). Од сега да најавам дека ќе згрешам на редот и деновите но ќе се трудам системот на немешање да не го рушам. Во смисол, може ќе повторам еден ден два пати... Ќе видиме (кажавме стара нова, василица, водици,...) ЈХ ден, овошје за појадок, посна баница со спанаќ за ручек и палачинка (две!) за вечера. На забрљбам на почеток... И да згрешиме да се исправиме. Чус И битно
Еве сум назад, ја заборавив темава Ден 28 од кога реков на диета сум, со катастрофални грешки за време на празниците, болно дете, јас болна... Се држев колку можев. До денеска - 2.5кг. Јас сум среќна што не сум во плус. Ќе се потрудам од утре посериозно. Мени денеска нема, срам ми е да го пишам.
-Кафе -Кафе -овесни снегулки со јогурт и малу овошје -палента и дом.колбавче.. Белким толку ќе биде...
Сум смешала апчиња сабајле Ручек ми беше лепче со хумус и маслинки. Вечера пилешка супа, ама 2 чинии дека мораше да ја дојадам Плус портоколада Сега сум ко балон, ќе се тркалам сега низ улиците Ајде утре похрабро и со помалку храна Уште ме држи пмс, арно што не отворив тегла нутелка да си каснам