Ден 2. П: Мусли со јаболко и јогурт Р: Костени В: Спанаќ со ориз, цвекло, павлака, Васина торта Не издржа срце јуначко, си каснав торта, ама барем домашна, со ептен малку шеќер. Физичка активност - пешачење по молови . Ми извади мерачот некако 40 минути активност, не знам ни јас како . Само тортата ми беше вишок, другото не е лошо. Утре е нов ден .
Вчера и јас пешачев малку - 4.5 км или според апликацијата нешто помалку од 5.000 чекори. Толку можев на ладното. Се испозатнав ама добро ми дојде. Од диета.. доручекот беше јаболко, филџан кисело млеко и пола кришка ржан леб. За ручек мало парче пилешко и карфиол од туршија вечерав едно мало парче домашна (без шеќер со кори) штрудла со јаболки) демек диетална и варено јајце, неколку печени компирчиња што не ги изедов за ручекот. Денес ко трети ден.. ќе видиме. Ова ипак е загревање демек.
Јас некако се огрешив, ама дека најавено нели ,па малку ми е простено. Денес продолжувам како од прв ден. Ама не се кршам. Месен/протеински ден. План ми е денес месо и салата, за вечера ќе видам, се надевам само салата, Појадокот ми беше овошје. Утре да е леќа ден. Обожавам леќа ама ми треба обично 1 парче сирење и пола бел леб со неа- така ми е топ . Ама сега ќе се задоволовам со само леќа и салата и црн леб. па ќе видиме понатаму И да така, е , почеток е само, само загревање . Додуше и до сега речиси секогаш кога сум почнувала, првата недела ми е не многу исправна...се догрешувам, ама после терам..
Јас стартувам од утре, чекав да помини Василица да се натрескам со мазник ко да ќе нема утре. Утре ќе се опремам со овошје и се’ шо треба, па одиме јако. Стартувам со 67кг, првична цел 62/3. Се надевам ќе си се дружиме во темава, со среќа на сите.
Ден трети, и јас како Мареане, глад, глад и само глад. Дури и главоболка ме фати Морам некако да го сузбијам тој апетит, толку не заработувам колку што можам да изедам Денес овошен ден Јаболко, лимонада, кафе, пак јаболко И пак. До после ќе видам што се ќе изедам Со одморов, не се знае кога станувам и кога легнувам Ајде, еден ден и јас ќе се оправам
П: салата со пилешко (месо за доручек ) Р: јаболко В: пита две парчиња, машала. Ама се исплатеше, ми падна парето . До душа уште во првото парче ми падна, ама ај земав уште едно, да не излезе дека само за парето ми е . И јогурт, што не кажувате дека колбаси и вино треба, подобро ќе беше . Физичка активност - џаст денс едно пола саат. Треба да почнам да пишувам што НЕ сум изела благодарение на темата. Долг список ќе биде тоа .
Еве ме ако не милом силом ке дојдам Изгледа поминувам корона по втор пат и на крвна слика триглицеридите ми се 10 Како и да е јас морам ем да симнам триглицериди а со тоа пропратно и некое кило У текот на денот пијам чај за намалување на триглицериди две литри и изхраната мора да ми е посна Вчера беше ден бр 1 Чај Направив една голема салата и ја јадев на два пати марула,краставица,авокадо,патлиџан со сок од лимон Денес ке му дојде ден бр 2 сок од еден изцеден лимон и млака вода и цимет појадок овошје ке биде со чајот заедно за ручек и вечера манџа кисела зелка без зејтин и запршка Се надевам нема да ви сметам овде да пишувам со оглед шо се соочувам со здраствен проблем ама ова тема ми е домата Нова крвна слика за десет дена се надевам ке биде подобра
Ауу викате четврти ден ми било а Леле, леле, уште малку и ќе се ставам на ред. Денес прво кафе се пиеше После јаболко и мандарина, па пак кафе, уште едно јаболко, јас како затерав и на овошје ќе преживеам, значи можело Уз пат лимонада се пие, дали таа ми сузбива апетитот, не знам, ама ми се допаѓа тоа Сега некое полесно јадење ќе се јаде, да си бев дома ќе си зготвев Пилешко и салата ќе е. Мерење, ко ќе заслабнам Бми срам ми е да кажам колку ми го пресмета
Мене денес, машала, добро ме служи апетитот . П: Јајца со јогурт, кифличка Р: Салеп, топло чоколадо, две кифлички . В: Риба со зеленчук, чаша вино. Ручекот не ми требаше, излезе ова ден со сите задоволства . Физичка активност ќе биде шетање по молови.
Кафе Овесни снегулки со јогурт и овошје Подварок со парче интегрален леб Топла ракија и кафе. И сега ми се јаде ми се плаче...
Помфрит и пилешко, јбг Сега имам и лимонада и смуди, плус јаболки Уште сум гладна, ама ќе преживеам Од утре ќе пробам и да вежбам по малку, да размрдам стари коски Браво девојки, напред, без откажување
Девојки за тие што сакате да јадете и да слабеете, хроно е закон тоа е тоа, јадеш и слабееш денес ми беше 6ти ден и веќе се навикнав, мислам дека ќе издржам 3 рестрикции кои траат по 28 дена П: две пржени јајца, намаз од авокадо (авокадо, лимон, хималајска сол, црн пипер, маслиново и лукче), две прчиња свински врат и 4 тостирсни лебчиња по хроно Р: печено пиле и салата од краставица и домати В: марула салата со една мала туна И секако многу течности во меѓувреме, кафе без шеќер, лимон со млака вода од сабајле на гладно, чај, вода…. Со среќа на сите и без откажување, секој може да го постигне тоа што го сака
Ден број 3 Денот почнува со еден цеден лимон чаша млака вода и цимет Па после се пие од чајот па тек после појадок П-ке биде некое овошје банана кива јаболка плус чај Р-денес ке биде зелката требаше вчера ама вчера беше гравче После продолжува чајот и не вечерам Ке се мерам тек после некое време немам батерија на вагата
Ден 2 Доручек- турско кафе, пола банана и мандарина Ручек- три сарми со месо, парче леб и салата Вечера- излеа ќе биде две варени јајца и јогурт И плус литро и пол вода.
И јас да се пријавам. Деновиве терам ко и претходните. Помалку храна но недоволно строго исто и пешачев 6-7 км. Ова ама не е такво кај што ми се бројат и чекорите до купатило, кујна, низ дома дур зборам на мобилен и сл)) пошто мене бар тоа движење ми нема многу фајде. Туку од дома искачам и пешачам до некоја локација на градов и назад без паузи. Сакам од утре да се затерам построго. Доволно се мољакам и гледам секакви видеа со вежби. Белким не ќе почнам да квичам и забушавам.
Ден 7ми Цеден лимон со млака вода и лажиче цимет П: ржани макарони со доматен сос и сирење Р: 7 ќебапчиња и една главица кромид В: една белка, краставица и пола авокадо Меѓу оброци кафе без шеќер, чај и многу вода
Како се држите? @mareane кај ми е денес? @malerozna? @Ariel? @Espadrila ? Друг кој ми фали? сркнав супа од морков и брокула за вечера и доста е за денес може да се затворе како успешен ден бр 3 Од утре сум на работа па како би функционирала немам појма овошје ке си носам на работа за појадок ај ама цедениот лимон и цимет од дома ке го влечам по се изгледа а чајот 2л тек од коа ке дојдам дома у 4
Тука сум тука. Се држам некако. Д:овесни снегулки Р:ребра со 1 кришка интегрален леб и салата Денеска каснав 1 Ама ептен стрв ме фати.