Тука сум и јас. Денес ми се собраа многу непланирани обврски. Добрата страна е што немав многу време за јадење, лошата е што немам време за активност . П: чиа оброк, ама доста содржаен, со банана и путер од кикирики. Р: пилешка чорба. До тука сум застаната, ама рано е да се суди. Ако вечерам, риба и марула ќе биде, а може и без тоа да истерам, само што ручав. Уште да поскокам пола саат на џаст денс, супер би било, ама којзнае. Ни јас нема да се мерам сега, вагата моментално не е кај мене, ќе ја добијам назад за 10тина дена. До тогаш таман околу 2 недели внимавање ќе ми се соберат, може да се застане на вага
Дај да се договориме сите ние на една дата да ни биде прво мерење пример на 25ти јануари а? Шо мислите?
Врти сучи се истите луѓе сме си на темава со години. Ама ќе ослабеме ќе се направиме Спајс грлс еден ден, има само слики да фрчат наши на сите страни. Јас сум бремена и конечно можам да стивнам од диети. Тука сум да ви дадам подршка, а и да видам некоја идеа за здраво мени. И за 7-8 месеци се враќам тука, кој не ослабел до тогаш, ќе ме дружи. До тогаш, што ви е вишок од храна, праќајте јас ќе јадам не за двајца, можам и за пола форум.
Може сите заедно да се мериме, минатиот пат тоа беше супер мотивација. Јас сум ЗА, ама на 26-ти најрано ќе имам вага, нека биде 26-ти. Плус среда ќе биде, ист ден како кога почнавме. Среда, среќно
Промашив вчера, не напишав, ама примерна бев Ден петти Јаболко, лимонада, мандарина, пилешко и помфрит Ама добро е, задоволна сум Нема благо, торти, чоколади, нема леб, нема џанк фуд, нема газирани сокови Најважно нема прејадување како за празниците Денес шести ден Конечно ќе се приберам дома Од денес планирам да обрнам на јајца и салата. И туна едвај чекам да стигнам до 99ти ден и да намалам 22 килца
Прв сериозен ден, не знам кој ден ми се фаќа од „несериозните“. Доручекот од овој сериозен ден изеден у еден здив))) Минијатурно јаболче, минијатурен портокал, мал филџан кисело млеко и голема шоља какао. Ручекот (се надевам) ќе ми се две варени јајца и салата. Вечерата (се надевам) ќе ја прескокнам или најмногу чаша млеко со јатки и какао. Ќе си земам денес ѓумбир и лимон и зелен чај ко плус поттик за телово да се одзатне и очисти. Вечер кој е за, наместете апликацијата за пешачење и да идеме у град Покасно за тоа како се одвивал строгиов ден и други слични квичења. Spoiler едит: Ау, 6ти ден ми се фаќа. Немам застанато на вага ама сигурно цели 100-200 грама сум ослабела, ако се мерам на сабајле по обавени физиолошки потреби
И јас оваа недела ќе одам построго. Ќе скратам скроз на чаша топла, чаша вино,кафе со шеќер,оцку благце... Џабе гладувам кога со овие ситни задоволства внесувам куп калории. Само мора да набавам дома повеќе намирници лично за мојата диета и обавезно да внесувам повеќе течност..
@kikikikirika тие сме . Со лесно бременоста. А не знам зошто ама мислам дека за 6-7 месеца пак ќе сме тука како шо вика @zhap4e ....ама тогаш ќе сме на одржавање. До тогаш ќе се направиме рекети . Денес ќе се пробам со овошен ден. Викендот го поминав дисциплинирано, колку -толку. Денесе овошен ќе пробам. ДОлг е денот, ама мора да се стројам . Појадок носам од се по една сезонска овошка, па некој цеден ќе пијам. е за ручек вечера со салати нешто ќе се занимавам... ваљда... Утре ќе ви раскажам дали преживеав
Јас мислам дека денес помалку строго ќе терам. Јуфки јадев за појадок, пилешка чорба ќе биде за ручек и панирани пилешки стекови со салата за вечера. Се надевам дека ќе поскокам на џаст денс, мислам дека кичмата сама ќе бара.
8ми ден Ден започнат со лимон, млака вода и лажичка цимет П: две варени јајца, намаз од авокадо, домат и хроно лебче Р: стек и огромна мешана салата В: зеленчук (брокула, карфиол, кромид) и печурки на грил тава Кога ќе осетам глад пијам вода или цедам лимон така се залажувам
Инаку јас еден ден однапред си ги планирам оброците, така полесно функционирам, а еве овде и ќе си запишувам за да не се повторувам
Денов екстра. Појадок пржени јајца, две зденки, домати и бејкон Сабајле се зачитав во кето темата и сакам неа да ја почнам. Ептен ме фати мерак за диета. Чоколадите и нутелата ако сакаат нека се скапат дома, не јадам. Е сега, ако има некоја феминка што ќе сака да сподели рецепти Не дека сум многу дома, ама да си планирам што да се јаде Плус малку ми е конфузно тоа, многу протеини малку масти И да, шести ден, јас 2.6кг сум намалила
@malerozna еве Лејла над тебе е на хроно види мени од неа Ден бр 4 мислам П-чаша млака вода со 1цеден лимон и цимет и една мандаринка плус кафе горко турско Р-1 литро чај додека е готов спанаќ и ориз В-нема да има ке се допива уште рестото литро чај Се на се екстра успешен
Кето е различна диета од хроно. Не ги можам тие хроно лебови јас, сакам без леб да јадам, кето продуктите највеќе ми одговараат
Браво, супер резултати! Јас мислев дека бараш феминка што ќе ги изеде нутелата и чоколадите наместо тебе, па сакав да се пријавам. #солидарност Инаку @NarCis@ е експертка за кето.
Малерозна, прашувај што и да треба. Не навалувај многу на протеини, гледај повеќе да имаш здрави масти. Авокадо, јајца, кокосово масло, кокосово млеко, полнамасни млечни продукти, моите омилени чварки итн.