Хелоооуууу, еве една мала финтичка која се надевам ке ви помогне во диетата...Половина лажичка цимет се прелива со една шолја зовриена вода, се остава да постои 30 мин и потоа се додава една лажичка мед.Половина шолја се пие пред спиење, а другата половина се става во фрижидер и наутро се пие на празен стомак....
Епа GeorGinnA, направив како што си пишала во постот, уште пред да го прочитам 20 минути забрзано на статичниот точак и мислам дека срцето ми излезе низ нос... Едвај одам, така да нема шанса да вежбам било што друго денес...Здравје, утре ако можам да станам од кревет, ќе се потрудам повеќе
Браво за групава Ја имав супер килажа али се здебели 13 кила и сакам да ослабам.до сеа само 3 иам ослабнато.. сеа некоја диета сакам и физичка активност
денес изедов едно ѓеврече и после за ручок едно копанче не јадам вечера ... ќе возам точок и ќе трчам попосле денес ѓи облеков фармерките кои при крајот на мај ми беа потесни сега ми се дури лабави ...
Драги другарчиња, со задоволство сакам да изјавам дека после точно 4 недели диета, вагата денес покажа 7 кг минус! Па да не испаднам кретен, ќе кажам дека сум задоволна, се забележува и во обемот и ноџињата, а богами и стомакот ми е намален доста. По советот на мадам Георгина му се напнав прееска на Орбитрекот и замислете - се откачи педалата. Колку е само жален вака, шуќур нога како не скршив. Па ќе чекам деновиве мајсторче да го направи. Вторник и петок се моите слободни денови без вежбање. Денес пробав на sparkpeople.com да пребројам што јадам и баш е штосно, изненадена сум од себеси колку правилна храна внесувам. (си самоаплаудирам) И така, 2 цедени лимони, лажица лен и 2 мали праски. 1 супа, 1 салата од зелка и пржени пиперки и домати (такозвана летна манџа) за ручек. Нека ни е со среќа понатамошното слабеење и успех до уште поубави резултати.
Добро да ви кажам ја држам Ун диетата и три оброци мене ми се многу...Сатнувам во 12 до кај 13 се расонувам во 14 кафе пијам,па две парчиња некое овошје па во 17 ручам и време за вечера нема кај мене бидејќи после 18 ништо не јадам и помош за мене има или нема, а некаде прочитав дека не треба да се прескокнува ниту еден оброк
Јас цел живот само еден оброк јадам. Кога и да станам каснувам нешто овошје, па ручам и толку е. Не ми се вечера. Или каснувам по едно патлиџанче и пак нешто овошје. Искрено, зависник сум од овошје. Ако не каснам нешто мислам дека болна ќе паднам. Денес посабајлечки возев еден саат точак, па пола саат пешки(ми се дупна гумата ), па пак саат и папсав. Овошен ден денес, си купив лубеница, кајсии и праски, па цел ден си каснувам по малку И приквечер еден саат зумба и доста е за денес.
Трендафилка, искрено ме одушеви.Ти честитам на огромниот успех и им посакувам на сите да имаат исто толку успешно слабеење колку тебе
Само што го изедов доручекот од диетата на Жан-втор ден и мислам дека ќе умрам.Денес не ми се јаде ама ич(да е вака секој ден нема ни 40кг да имам) инаку сум топ,енергија максимално...а инаку не се мерам,тоа задоволство ќе си го оставам за во петок,да видам за 5 дена колку сум во минус.Па дај Боже да се 4-5кг
Толку од мојата диета со јаворов сируп Вчера ја прекинав, почна да ми се заматува, мачнини, ми се повраќаше, запек. Капак на се ми дојде, па така целата бев на нервна база, мислам дека мува да ми прелета, саат време ќе зборував. Не е за мене дефинитивно. Сестра ми ми вика е така, јади си, апни си, одма расположение ти се враќа и смисла за хумор И така јас без грижа на совест се удрив на јадење, и јадев и јадев и јадев... додека не ми се слоши. Доста се казнував. За килограми симнав некои 3-4 ама не сум задоволна и не гледам некоја видлива промена. Од утре почнувам со некоја поздрава, нека биде, месец, два, ама да има резултати без да ми се одрази на здравјето, а не да биде инстант диетичка со гладување, па изеди го после цел фрижидер со се рачки.
Не е точно, јас тебе те послушав воопшто за седнување на орбитрекот како за почеток, зашто тотално кренав раце од него, ми кинеше живци некако. После прочитав дека си вежбала исправена со вовлечен стомак и истртлен гз и така почнав и јас. Послушна бев паааа!!! Само денеска вложив малку повеќе напор во брзина на вртење и таква исправена ко пушка- го пукнав педалото.
Јас денес јадев пилешко месо, пола чоколадо за готвење, и од прееска се товам со лубеница ... и не се осеќам убаво првично зашто си ветив овошен ден. Депресивна сум. Грда. немам вежбано со денови пошто моиве се дома стално. Плачам како крава. Ме нервира се и секој. Немам добиено. Ми иде да изедам 6 оброци од мекдоналдс и да плачам. И се мразам. Испив три нескафиња а до пред два месеци едвај пиев кафе. Али небитна сум. Небитно ми е се денес. такоџе, и гром сега во собава да ми мавне од ведро небо не знам дали би ме помрднал од креветов. и прилично на ниско ниво сум падната денес. Занемарете ме. Не сум океј ... Тумороу со повесели вести. До тогаш, ве сакам.
ЗНАЕШ ШТО ПОМАГА ЗА ТВОЈАВА ДЕПРЕСИЈА ВИКНИ СИ НЕКОЈ ШТО ИМА СМИСЛА ЗА ХУМОР СМЕЈТЕ СИ СЕ А НАЈДОБРО БИ БИЛО НА СМЕТКА НА ДИЕТАВА КОГА КЕ ЈАДЕШ ЛУБЕНИЦА ВО ДРУШТВО ПО УБАВО КЕ ТИ БИДЕ И КАФЕНЦЕ СО ЦИГАРЧЕ СУПЕР МАЛКУ ПРОШЕТАЈТЕ И ДЕНОТ КЕ ПОМИНЕ !
Вежбав на орбитрекот денеска, морав некаде да ја канализирам негативната енергија. Ни ногата ни ништо не ме болеше, сега малку ме подболува, ама гајле ми е. Се чувствувам многу подобро по 30 минути на орбитрек. Со исправен грб и напрчен газ, како мрмејд бев.
Теди, донт вори, не си сама. И јас го прекршив заветот денеска Денов тргна како за овошен ама падна грев. Прво јaдев цреши ама после бевме излезени со моите и гладни бевме, па ај ова да јадеме, ај она и на крајот јас завршив со месо + компири = комбинација боље не питај Каснав и салата ( ако може да се нарече - по 2 резанки краставица и патлиџан), леб не јадев зашто уште тоа ми беше кусо. Ова беше некаде кон 2 и оттогаш досега не почувствував глад повеќе Spoiler (што да почувствувам, се настегав до „шишка“ ) . Вода испив многу денеска, се возев околу 40 мин со точак, се напив 1 чаша зечен чај колку да го измијам гревот и сега јадев 2 праски, па ќе вежбам сега. Имам енергија, барем тоа е + во се. Утре овошен ден, ако згрешам да ме натепате. Поздрав
Фала Интеристка за советот, ама не пушам цигари Се смирив јас, ме подфаќаат жолти моменти. Хоупфул, утре на овошје, во спротивно ферка (фала)
Теди како самата себе да се читам! Да знаеш ниту кај мене не е нешто подобро. А денес плус овошен ден оу јеа Утрото ми се слоши, почна да ми паѓа притисокот, да ми се врти и оооп јас кума лиска го нападнав фрижидерот... Си намачкав една кришка маргаринче со малку буковец и солца одозгора. Згора на тоа си к'снав 2 лажичиња сиренце и се преродив. Ту бее во што бил лекот за тоа ли ќе му ја мислам сега?! (Чувство на вина)