Вчера добро пројдов. Физички не многу активна. Само 5 и нешто илјади чекори направив и некои обични вежби. Треба да почнам реално кардио вежби ама... некој убав сончев ден. Сега само ќе гледам видеа и ќе се силам)) Утрото бев на банана и чаша какао. Покасно испив чаша млеко, неколку ораси изедов и пак изедов банана оти ручекот ми беше ептем касно, не можев порано. За ручек изедов едно минијатурно парче пилешки стек (не можев да одолеам, мораше да штрбнам) и две варени јајца. Ништо друго не можев оти бев преморена. Пред спање па пиев млеко со какао и неколку ораси. Денеска тргнав со банана, ѓумбир свеж парче и зелен чај. Денес само едно јајце можда ќе изедам и нешто друго место јајце ќе јадам, ќе видиме.. оти ќе ми се смачи од јајца. Се убедувам да не ја јадам втората жолчка ради холестерол ама па, јајце без жолчка јајце ли е, ебаго?! Ама ќе мора. Сирење ми се јаде и денес можда ќе сум едно варено јајце, парче сирење и салата. Ќе видиме, рано е за прогнози. Ко што гледам по број на калории.... малце внесувам. Уште да почнам да слабеам и вагата да го регистрира оти, долго време нит качував нит симнував си стои. Телото го осеќам поинакво, подослабено, стегнато... некои ствари ми се клапнати, а вагата се иста тежина покажуваше. У грамови разлика само горе-доле, горе-доле. Затоа и нејќам баш да застанам на вага, оти ќе се откажам. Кога ќе сум задоволна, видливо ќе е и ќе ми го каже шо се вика околината, тогаш ќе видам. До тогаш... ќе терам вака.
Ај погледни низ прозор да го видиш денот… Да кажеше топол сончев ден, ќе си ќутев, ама ти ептен го погоди денешниот ден
абе го видов ама, само на шетање и пиење кафе на сонце ме асоцираше. И тоа само и правев на празник се одмара, кулира. Друг сончев ден ќе е за кардио
ден број 6 ако не се лажам П-чаша топла вода со пола лимон и каде Р- денес рано ручав супа од зеленчуци домашна- тиквица морков пашканат целер брокула карфиол В- ке мора пошто рано ручав ваљда некоја салата или некоја овошка
@Ariel арно кажа, да не се брзаме, многу празници има месецов Ѓоамити добро затерав, али изгледа ќе ги компенизрам гревовите со овошни денови... Ова моево врска ќе нема веќе од Ун диета... Туку ај... Да не се преопуштам...па ќе продолжам.. Уште денес и утре ќе се огрешувам, по малку. . Вчера добро, ќебапите помина, така ситост ми држеа шо и не вечерав. Но и со грешење вакво, стомакот како маааааалку да се намалил... Нема мерење до 26.01.Имам уште надеж да се оправам.
Tака е сите заедно на 26ти Има уште денови до тогаш терајте принципиелно Ја сум вчудоневидена колку тоа јас се придржувам Туку да се договориме нешто Одкако ке се измериме на 26 кога да ни биде наредното мерење ? Да биде секоја наредна среда? пошто 26ти е среда
Мерење на 26ти. Денес Малерозна двапати јадеше во Мекдоналдс Додуша јадев пилешко и моцарела, ама калории ехее Ајде од утре појако, со нормален појадок, ручек и вечера. Бендисав мафини со јајце, брокула и авокадо. Може и пршута да им фрлам малкучка Денес 9000 чекори, а надвор е ептен ладно Или само мене ми е дека не јадам јаглехидрати Во наредните недели ќе имам повеќе време за готвење и вежбање 22 килца за 99 дена. Денес ми се чини 7ми ден. Или 8ми. Ајде утре ќе преправам ако е грешка. И календар ќе почнам да водам
Интегрални крекери со малу павлака со пиперка 1 парче риба,1 парче ребро и пола тањирче подварок(мора да се дојаде се..) Измеѓу 2 кафиња,компот,чај(се трудам да внесувам течност) Барем леб бел не јадам,газирано не благо не (освен кафето не го можам без шеќер)
Пази со јатките, да не ти напраат запек Инаку не заборавај супи да јадеш. Свари си брокула, карфиол, тиквица, модар и изблендирај, можеш и чорба од шампињони со павлака за готвење.
Имам неколку готови супи од Муратово време, ќе ги погледнам како стојат со карбс ама ќе си зготвам и такви ко што ми велиш А и подварок претпоставувам дека може и гулаш Леле леле, уште повеќе ќеиф ме фаќа сега
Слободно дави се во подварок, особено ако е со свинска маст И гулаш, само без морков. Јас и топено сирење си правев.
Не сум многу по сирењето, многу ми е солено. Ами како без леб да го јадам Ќе мора некој рецепт за кето леб да барам Аааа огладнев сега од толку зборење за вкусна храна
Имам и за тоа рецепти Јас си правев превкусни кето лепчиња, а супер е што држат и најадуваат. И за сладолед имам рецепт
Одма кажуј рецепт за лепчињата . Не сум на кето ама барам замена за леб...не можам без ич... Без сладолед можам 1 век
БМИ пред празници 21.6, после празнициве 22.8. Порано слабеев за празници, зошто бевме на распуст или на одмор и цело време бевме излезени, не се прибиравме дома. Сега подостарев и само на јадење ме асоцираат. УН неќам, Хроно, Кето исто не, диетана од Жан Митрев и сличните на нејзе пак ич, благо сакам.... ќе треба да се фрлам скрос на вежбање за да скинам некое кило, зошто од храна ми е тешко да скинам, едино наместо 3 пати на ден благо да јадам, на еднаш да намалам. И ќе правам 16:8 intermittent fasting, тоа се покажа ефикасно минатиот пат.
Мареане, никако кето леб ако не си на кето Има многу масти и само уште повеќе ќе се дебелееш. Подобро земи си тонус и истостирај го.