Добро утро драги кодиетарки Сега броев, денес ми е девети ден Вагата ќе ја исфрлам од дома до 26ти, не ми влијае добро. Лимонадата што ја пиев два дена испадна дека имала 55 грама шеќер во неа Од денес само на домашна лимонада ќе сум. Појадок, 3 пржени јајца на путер 2 зденки, котиџ сирење, шери домати и прошуто Авокадото уште е зелено, него утре ќе го јадам. На работа ќе видам што ќе јадам, валда лосос и салата Шетање тешко, ептен ладно е надвор. Ајде вечер може некој склек ќе направам. Треба да се организирам и вежбите на Клои да ги потфатам убаво
Вчера главно се држев до тоа што реков - банана една, портокал еден, млеко, варено јајце, домат, сирење, патлиџан, какао. Се ок. Од не ок работите, чаша кока кола место кафе, наполитанка и ментол бонбона. Ништо страшно. Вчера имав физичка активност низ фарма, пошто сама бев со животните, освен сабајлето..и ќе сум така некое време па, дрва влечкам, редам, носам вода у кофи низ ридот и слични ствари. Еден ден и ноќ минав и се осеќам ко Рамбо. Чак и трчав горе-долу со кучињата дека прв ден де)) Денес, банана, ѓумбир, цитрон. Ручек пилешка супа, јајце место варено у кнедли ќе го ставам со гриз и супа ќе сркам. Друго поим немам. Овес можда со млеко вечер. Немам напади за јадење мрсни и компкицирани ствари. Се истовив за сите пари претходно. За сега тоа.
Ееее а бе де на ја претвориме темава во хедонистичко катче и слатки мали грех . .....молчам.....молчам... се читаме од утре
Лелееее Знаеш дека може те извадила од кетоза? Ајде, ништо страшно, продолжи си и да пиеш многу вода. Ама многу. И ти грешна ко мене? И јас си молчам, се вадам на мензис. Е после на шо ќе се вадам, поарно да не мислам
Си знам, затоа напишав дека нема да се мерам до 26ти Денес, засега сум послушна. Кафе се напив, а како што гледам и чекорите до 6000 ќе стигнат. Мечка страв, мене не. Да си прашам, за констипација нешто храна ако помага? Ако не да си земам апој да ми помогнат
Насабајле, топла чорба на гладно. Не мора многу, една шоља доволно е. Или лажица ленено семе, или псилиум хаск 1 лажиче во чаша вода помешано и тоа после оброк да го испиеш. Пробај прво вака да видиш дали ќе имаш подобрување.
11ти ден хроно - мени слично на вчерашното, да ги дотрошам намирниците П: тостови со моцарела и пршут + маслинки Р: ми остсна мелено месо па го испржив со многу кромид, лук и два домати, нешто како болоњезе сос и салата В: туна и марула Од досегашниот режим не осеќам некако намалување во обем (на вага не сум се качила) но многу сум поенергична за разлика од претходно, по цел ден сум активна и не осеќам зсмор, исто така и многу ми се забрза метаболизмот, се надевам дека ќе дојдам полека но сигурно до посакуваната цел А да, од денес започнувам со аеробик три пати неделно
Ден бр.7 Кафе сок од домати 2чаши ориз тава со зеленчук(тиквица,морков,целер,морков,кромид)+цвекло И чај 2л За цел ден е ова Добро се држам
Од оваа Алиска пак страм да те фати.Како издржуваш со толку малку храна незнам. Кафе Д:Пача(пифтија) Р:2 парчиња проја со мезе... Ама топлата ракија денес ме наполни со калории.
На работа турбо 8 часа ни мандарина немаше шанси да изедам ни лимон да изцедам прво јадење у 18ч Таков беше денот од утре се вракам у колосек несакајќи фастинг 22 часа
Женски дали се наоѓа некаде од овие пудинзи? Кога ми беше лидл до гз се давев во овие. Ем благичко, ем малце калории. Посебно овој од карамел е перверзиии..
Го има во сите поголеми маркети. Не сум сигурна во моментов дали го има од карамела, еден период 100% го имаше.
Некој напад на глад ме фати сега Амааа немаа јадење легнувам да нанам Едвај чекам 26ти, не за друго него да видам дали бар малце реагира мојот организам на овој режим