Простено ти е @mareane. За утре 3 јаболки на гладно до ручек да си Битно е и да згрешиме да се вратиме пак на патеката правилна. .... Утешение грешним... Денес добро. Скроб. Леќа за ручек. Утре некој посен бурек, ак работат у недела, ако не макарони ќе пукам. Макарони со само ќечап ми е... Онака... Не ми е woow... Ама па... Тоа е. Видеќемо И уште чекам да ми дојде госпожата, а она кружи ли кружи  ќе ме експлодира
@Espadrila а макарони со доматен сос и зачини - лук, оригано, бибер? Барем личи на вистинско јадење Вчера: Чиа оброк Пола сендвич од Ројал Супа, пола крофна од Хром со двојно полнење , 2 мандарини. И јас сум грешна, ама деновиве не можам поинаку.
12ти ден, малерот се огреши. Ама рано насабајле, гладна, се друго беше затворено, па каснав лиснато со колбас Неколку лиснати де. Добро, ајде сама ќе се испратам
Јас денес сум на пауза од диетирање. Ич нема што да се извињавам, нит правдам Вчера исто бев лабава мада број на калории не надминувам, сепак.... Да се освежам и јас тро со нешто плус во мени. Ми се свиѓа пристапот на Lejla.... “лута сум си што дозволив...“. Ќе гледам да го билдам тоа чувство од понеделник. Мене бар, таа емоција може да ме движи и тера да се држам под контрола)) Од утре сакам да сменам нешто. Уште не сум ни прочитала ни решила што-како понатака. Дефинитивно ќе си ги бројам калориите и ќе си стојам понастрана од јаглехидрати. Дефинитивно Ќе намалам овошје на една мах дневно Банани нит една. Арно си стоев настрана од нив. Ќе видам гугле што ќе предложи за грицнување кога ќе ме мавне напад на глад - да не се јаглехидрати, да не се шеќери, да не е процесирана храна, да не е содиум, да не е.... џизескрајсендмери. И пошто многу е ладно и ќе оболам кај и да е од ладново па, пешачењето ќе го оставам за посончеви денови и ќе видам конкретни тренинзи од Клои да ги почнам и да ги терам. Доста чекам. Ова ќе си го препрочитам денес ..едно пар пати и сабајле уште еднаш да се потсетам што сум рекла.
14ти ден хроно (до сега без намерни огрешување, само неколку ненамерни, како на пр морков во месото мелено, а хроното вели морков само свеж, исто и вечерав неколку пати авокадо а не смеело дозволено било два пати какао неделно, јас испив повеќе, затоа си ги повторив правилата за да не се огрешувам ненамерно , лутина на сама себе уште ме држи и мислам дека осеќам одбивност кон благо и тие такви ствари што ме направија 10кг+) П: макарони по хроно со два пропржени домати, моцарела и малку пршут Р: полнети пиперки само со месо и нормално огромна мешана салата (зелка, краставица, морков и цвекло) В: пржена белка со краставица Веќе вечерите ми се проблем, едно не ми се јаде, друго немам ни идеи. Организмот целосно ми се привикна на режимот па се поретко имам и кризи за храна. Како што спомнав благото не ме ни влече, децата и сопругот си јадат, ги гледам и воопшто немам проблем. Се надевам со ова темпо ќе издржам три месеци и во лето без страм ќе одам конечно на море
П: Пола крофна од Хром (остаток од вчера) со чаша млеко Р: Супа, пола парче леб В: Колбаси, компири, салата и чаша вино. Подоцна и какао. Можев да скратам малку количина пд вечерата, ама си каснав .
Овесна каша за доручек, пред ручек некоја салата налик Цезар со пилешко, дома за ручек печен свински врат со компир, морков и кромид, вечера корнфлекс со млеко. И едно парче торта. Шо сум дигал рака муабетов, ама ајде да не сум без ич пишување. Е сега, поштено се истрошив денес, 16 000 чекори, од кои 12 000 брзо одење. Останатото по дома што одам. Една работа треба да си ставам во глава, дека ниедна храна не дебелее, ако не се прејадувам. И физичка активност, бар пешачење е неопходно за најдобри резултати. Денес од пешачењево се осеќам полесно. На 26-ти не се мерам, пошто знам дека ќе плачам. Си гледам по скини фармерките, не ми треба вага
Здебелена сигурно не си, мене тоа ми е мотото . Ни јас веројатно нема да имам резултати, ама ќе се мерам, и ради друштво, и со надеж дека барем пола кило сум ослабела . Ама затоа до следната среда…
Само напреТ Само не во стомак напред Денес посна баница со спанаќ и 1 ред чоколадо за вечера. За утре витаминоза најавувам... Ам ќе видиме . Не се откажуваме Леле, леле
Леле леле, денов хпл Јадев кфц Знам, крива сум. Стапот кај е? Ко ве читам, изгледа малку јадам јас, па затоа вака сум. Ајде наскоро и јас ќе се ставам на готвено јадење
За вас не знам ама, јас сум многу лута на себе,а мислам и на вас да почнам да сум ви лута Само вода, зелен чај и какао без шеќер. Ни портокалче ни јатче. Мајку ви на сите и на мене!!!
Ови е што ја држат ун диета му се поклонувам до земја Аве умрев за јадење една недела едвај издржав дефинитивно неможам без доручек и барем една Ужина Се приклучувам и јас од денес Мени за денес Д: овес со увошје и какао путер У: јаболко Р: 200гр мелено јунешко месо со доматно и парче тонус лепче+салата В: салата со туна кисели краставички и маслинки
И јас сум лута и на себе ама и на организмов.Метаболизмот ми се доуспори,течности ми збира телото,ко тапан сум посебно наутро ...Аман веќе... Мислам дека ако не добијам и во плус ќе сум..
Жабо, не се лути. Може сме грешни, ама на лето сите се каеме А да пробаш чај од магдонос за исфрлање на вишокот течности? За денес доручек две интегрални потпечени лепчиња со путер, тенко исечен како лист кашкавал, сув свински врат и варено јајце. За ручек планирам болоњезе со шпагети. Поздрав @mal.ecka Вечера поим немам, може пак корнфлекс. Измеѓу, овошје кое го надокнадувам за кога бев на кето Ова не е нешто најдиетално мени, ама важно ми е да е во мали количини изедено и да не се прејадувам. И од ништо да не си скратам
Немојте па и вие такви лутки да бидете . И јас деновиве сум лута, на здравјето. Затоа и не можам нешто многу да внимавам, ни можев да готвам, ни да планирам што ќе јадам. Може не треба да пишувам мени, ама сакам да се дружам со вас. Колку и да личи ова што го јадам многу количински, ако не пишувам сигурно ќе биде повеќе, вака е подобро . Како и да е, мислам дека не сум здебелена. Ќе видиме задутре.