Тогаш си повозрсна од мене, јас 27 години имам. Околу 1 година пред да останам бремена каќов многу кг, во бременоста се триплирав и си стојат килограмите. Околу празници јадев се што ми се најде на пат. Денес јх ден, утре детокс со овошје и краставици.
И денес сум грешница Среќа па, само еднаш дневно јадам тоа што не треба И јас сакам ко @NarCis@ да вежбам со луд тренер што вреска по мене Ај да видиме за ден ипол дали ќе се ставам во ред
Јас не ти се смеев Или да? Имам в комшии таков тренер, туку ми излегуваат видеа на фб, ама пустото се нема време, дома се немам свртено Ќе треба и јас да почнам да шетам
Добро утро План за денес Д: овесна каша со јаболко, ужинка јајце варено Р : грашак манџа В : кисело млеко со сусам.. и вода во меѓувреме...со лимон и ѓумбир.. Вчера прегладнев до дома, додека направив шпагети, и вечерта јадев пилешки прсти бев излезена па не дека морав да јадам ама од се она што се нудеше јадев пилешки прсти..ајде се надевам денес на ова погоре пишаново ќе останам..
Јас супер минав вчера, без напади на глад. Дури и сабајлево сум без апетит. Се мислам дури, дали уште еден ден да истерам на вода мада, исто се мислам дал да јадам сепак, да не се истоштувам толку... а да си воведам еден ден во неделата ваков - вода, другите да јадам ограничено и после х саат секој ден да не внесувам храна. Дур мислам... доручек - чаша јогурт/млеко, парче сирење и домат. ручек - протеин ќе е со салата вечера - јогурт, сирење.
Ден 2 Д: две парчина печени тонус леб со путер и 30гр Фета сирење У: пудинк без шеќер Р: манџа спанаќ и ориз со кисели краставички В: бистра супа
Јас и @malerozna сме за викање, тебе @Ariel со убаво ќе ти кажуваме Другите изјаснете се. За доручек овесна каша со јаболко и цимет, ужина киви и оризови галети. Ручек ќе биде црвена леќа со салата. Вечера може некое лепче пак ќе потпечам, само не знам дали ќе биде солена или блага варијанта. Не се мерев, ама ластикот на тренерките е лабав. Е сега дали попуштил од притисок или јас сум ослабнала, не знам
Леле по мене со викање, со арно тешко.... еве се паметов во јадење ми е, и сега вака кога напишав ми изгледаше многу а почнува да ми се јаде..да каснам една јаболка? @NarCis@
Денеска ми е овошен ден, сега ке јадам нешто јаткасто зошто сум прегладна. Ананас конзерва купив ама немам со што да ја отворам.
Печено овошје држи повеќе ситост и најадува. Пробај испечи јаболка, банани со малку ореви. Едно јаболко е далеку од отстапка. Овошје е, башка едно јадеш. Ништо страшно. Јас имам саатче, односно band и имам наместено на минимум 8000 чекори дневно да ми рачуна поени.
16ти ден хроно Синоќа за прв пат намерно се огрешив еден ред црна чоколада, добив па ми беше мн лошо Денешно мени: П: тостови со моцарела и сенф + грчки јогурт Р: динстано свински месо со салата В: појма немам, не ми се ни јаде Утре е 26ти, ќе се мерам и ќе споделам, се надевам нема да се разочарам
Јаболко и круша печени се превкусни, исто и банана. На хартија за печење крушите и јаболката избоцкани со виљушка, бананата излупена. На 200 степени, ќе видиш колку време, треба да се меки. Тоа зависи од самото овошје. За бананата и помалку се пече, после само прелиј со мед и додај сецкано јаткасто по вкус и толку е.
Викајте и по мене ајде. Вчера цел ден добра добра послушна, вечерта ја испразнив пекарата. Крофна, палачинка, ролована кифла, со кари и стек, со фета. Поќе не пишам однапред во темава дури не завршил денот. А требаше да завршам со варени јајца и јогурт.
Ууупс заборајв. Бев под огромна еуфорија да се пофалам колку бев дисциплинирана и скроз изумив. Иначе, за се’ ова мислам @mal.ecka си сноси одговорност, со крофните и пепсито ми го помати умот.