Мене два пати до сега ми се одвртија рачките на орбитрејкот ама тато со штрафето негово магично ги среди за час А брзо вежбам...Барем мислам...околу 450 калории за еден час - тоа ми е рекорд! Инаку вообичаено по 415 до 425 калории согорувам. Но секој ден по еден час. Нема ден да се оставам без физичка активност - никако! Или некаде пешачам, низ град, навечер од теранова до луна парк на пример со брзо темпо на одење. Сепак и тоа е нешто де, нели? Ах златен орбитрејк ми стана навика а има и резултати... Салоу гоу дауууууууууууун
Девојки мои,да си се искажам и денеска овде.Сабајле на работа крај 9ипол сатот изедов еден ѓеврек и павлака.Се напив кафе.После еден сат испадна да одам на кафе и пиев нескафе.Крај 12ипол пак на кафе но пиев цедевита.Крај 4ипол сатот јадев ќепачина,со патлижанче без леб.Дека ги јадев без леб можи да изедов 7-8 парчина.Потоа крај 6ипол сатот вежбав,вртев халухоп и правев стомачни па негде до 8ипол сатот.Потоа крај 9 каснав пола чоколада,и сладолет се чуствувам виновно што го направив овај мал грев на крајот од денот,али не се откажувам,продолжувам понатаму .Иначе денеска ги добив првите пофалби дека сум ослабела од луѓе кои не се моите дома кој нон стоп си ми викаа дека сум ослабена
Како што си ветив вчера денес се вратив на режимот, гозбата беше за вчера само. Нели недела беше . Денес една банана за појадок, за ручек стек и салата, а за вечера еден домат со едно парче сирење. Јас од сирење не можам да се откажам, замена за лебот ми е за вечера. Ме држи. Голем грев е што го јадам? Кравјо е. Денес се чуствувам прејадено, здебелено, подувано. Не знам зошто. Лошо се чуствувам, можда заради вчера што јадев толку, ама реков дека јас секогаш си давам слободни денови, така не потклекнувам другите денови пред забранетата храна. Некако сум демотивирана, кога сум на пропишана диета имам поголема волја, вака осеќам дека не слалбеам. Ќе се мерам на крајот од неделата па ќе видеме.
Добро бе, кој во ова време пече кифли? Цел стан ми мириса, цревава почнаа да ми крчат Од кога не сум каснала нешто месенко, оф, оф Мене салцево никако да ми се стопи на мешето. Со зумбана мускулите ми се затегнаа, ама мешево јок намалување. Инаку, немам вага, така од око јас си се мерам, фармерки, ово-оно. Нити знам колку имав пред да почнам, ниту пак сега. утре одам на пазар да купам едно вагиче. Обавезно.
Денес за прв ден сум супер се придржував кон режимот и се е супер Вежбав доста а рекорд на орбитрек ми е 600 калории за еден час а обично праам по 450 - 500 Да се надевам дека вака ќе продолжам и ќе успеам
Вчера праев (27 Јуни) мајонез салата ау превкусна... Овие денови имам поголем апетит али ќе се средам до некој ден од неделава
Денес жива гладна сум,ништо немам каснато од немање време...и сега кркорам целата и не можам да заспијам... А инаку,одам само со вежбање од утре или со мала редукција на храна,вагата ми е фина,прееска се мерев.Ептен кејфска,ама...градите ми се смалиле... Тоа не го сакаме...ама ич!И друго,ако нешто ме спречува да се направам мускул,кајпипнешќесеповредиш е тоа...ги сакам,ги сакаат,за љубов нивна и бога и сите мажи кои им поделиле комплимент,нека не си одат!!! Ама ете,ако решам саде мускул да се сторам,на мушко дури и да подзаличувам у стомакот...ќе си ставам и силикони,најмал број,за да ја пополнат празнината,откако тие ќе си заминат!
Девојки, гледам како да губите мотивација... се надевам сликиве ќе ви помогнат да се задржите до својата цел И за крај морам да ја ставам Клои Кардашиан која кажува дека не е важно какво тело имаш, најважно е да се сакаш себеси и дека никој нема право да ти зборува за твојата тежина или фигура... Останете мотивирани и не попуштајте
Пф за сестриве Кардашијан и онаа црната погоре(Ким е?!) сум слаба бе! А со Блејк,нејќум да се натпреварувам,клоца ќе ми удри,ногата нејзина е до мојот врат. Не можев да заспијам,во кљун мораше да се стави нешто.Мала туна отворив и ја оставив две третини,со парче влажно црно лепче ја мцнав,колку да не кркорам...за ум ова.Повеќе од 24 часа глад,само вода,без предумисла!
А зошто таква "диета" правиш? На жешково многу лесно можеш да изгубиш свест!А и нема да имаш сила за ништо и цело време ќе ти се спие и врти.... и најстрашно, ќе мислиш на јадење цело време и на крај ќе го отвориш фрижидерот и ќе го изедеш цел. Не е здраво таквиот начин на слабеење(ако може да се нарече за слабеење) ... Плус, кога ќе почнеш да јадиш регуларно се ќе се врати назад. Најдобро е да изедеш едно јаболко или друг вид на овошје или туна како што си зела, иако сепак толку што си изела е малце. п.с. Сестрите не се слаби затоа што имаат облини.
Не се зафркавај, мораш да касниш нешто, не чини само вода, слушај ме. Ако не нешто друго барем една лажица мед и потоа 3 чаши вода напиј се, колку да ја добиеш основната енергија. Нема да можеш да функционираш толку време без храна, денес само туна а утре само вода. Плус за слабеењето има удел и психата, затоа некои на стрес слабеат. Не се оптеретувај толку побрзо ќе ослабиш Не се зафркавај, ќе си го фрлиш здравјето, касни нешто (не те терам да се најадиш мрснотии и да не можеш да дишеш) ама некое нискокалорично јадење касни. Со нејадењето на мозокот не му стасува доволно енергија од храната и не може нормално да функционира, а и сама знаеш дека мозокот регулира се буквално. Најади се девојче, ништо не постигнуваш со тоа што ќе бидеш цел ден на вода.
Абе ало,не ме кршете од ќотек! Јас сум улава,ама не до толку.Вчера начисто заборавив да јадам,сериозно.Се наголтав вода и кога си дојдов дома,ми текна дека ништо не јадев и ми мавна на психа.Некој го мава грижа на совест ако касне,мене стомакот крк крк,како тоа да не си кснам малцуца,за душа.
Hекако освен Kим другиве не ми даваат мотивација Kим дебелко, дебелко ама тело има громови цела е стегната, баш по мој мерак, милфка ! инаку ја денес пауза, видимо се сутра Hе влагам денес во темава, и денот ќе си го започнам со нешто доста калорично! а од утре пак и пак и пак на диета
Еве ме и мене денес-од сабајле возев ролерки пола саат, па ми заврна дожд и морав да престанам.Иначе, од вчерашното интензивно вртење на статичниот точак си заработив фино воспаление на мускулите, ама јас на вратот немам закачено глава, имам тиква.Пусти мерак, заедно со се воспалението уште и возев ролерки... П.С.Со Блејк не се мерам воопшто, а Ким не ми е предизвик-скоро исто изгледам како неа.Давај нова тура слики
Ај нај пронаунс зумба дед. Ни зумба, ни румба, ни ча-ча-ча. Со оглед на големината на мојот дозолен простор со секси површина од метар квадратен, немам услови за зумбање. Затоа имам услови за Синди Крафорд да си ја монтирам дома. Барем е убава, за разлика од Бето и другарка му. Не е којзнае колку интензивно вежбање, но јас се уморив. Дали од вежбата или од стравот да не се акнам од некое ќоше или домашен елемент, ќе кажат искуствата од наредните денови. И плус, испив на гладно Ми се чини само, или ептен некако ме подигна...
Денес си пичам овошен ден. Бојкотирам лубеници (ги нејќум бре) , портокал, праска и компотче од вишни, ако ептен појде држ-недај работава. Вчера сум го изрипала Зумба кардио парти од 40 мин. ко песна! Лесна! Арно ама на делот Кумбиа, невиден труп сум. Не им ги сфаќам потезите, а се трудам, мајке ми. Мене ме чека викенд во малото градче. Таму се подразбира многу алкохол, вкусни јадења, многу искушенија. Ментално и физички се подготвувам уште отсега...
Демек за слабеење, еве од кога го испив досега, гладта ми е сведена на минимум. Содржи Л-карнитин и Q-10 (познато ви е која им е намената). Spoiler Во Струга го има во Миса, на полиците спроти касите, во кесички е пакувано како на сликата. Цената е до 15 денари, не знам точно, ја забаталив сметката. Е сега таму има и други Слим&Фит кафиња во вакво пакување, едно беше гарсинија Слим&Фит - 80 денари. Внимавај да не банкротираш, барај од Гранд.
е од еден ден што може да ми биде Kако и да е, тие 5 кила богами газот ќе си го скинам додека да ги ослабам ајде де, малце сладолед малце торта и утре само воче ! E малце де малце само 1 сладолед јадев до сега, 1 парче торта ќе изедам после, и тоа цел ден само на тоа ќе бидам