Денес дека нездебелена, малку пржено на мени Доручек 2 пржени интегрални лепчиња со кашкавал и димен свински врат. Лепчињата ги правам на многу малку масло во тава за палачинки и скоро ич не се мрсни. Ужина киви и оризова галета. Ручек пилешки стек, ориз тава и салата. После со кафето еден ред темна чоколада со бадеми. Вечера овесни снегулки со јогурт. Испешачено и извежбано. И исчистено по дома Одолеав на едни гумени бонбони во форма на хамбургери
Доручек немав денес освен 2 кафиња. Ручек:динстани пилешки џигерчиња Вечера: 2 чаши Велнес добра вода Белки на тоа ќе остана. Пешачење и качување скали денес и тоа со товар
Ќе си бараш со мин 20гр протеин по доза, и помалку јх и пожелно од ванила за овесни ми е топ ванилата и за некои благи рецепти
Моментално никој, немам купено неколку месеци. Galvanize ми беше највкусен но мислам и најкалоричен беше, а другиве не им ги памтам имињата но горе доле вкусот и се друго е тука негде. Не лупај многу пари, види некој на акција што е и погледни му ја табелата
Јас денес дека ослабена, одма да надокнадам . Чиа оброк Парче леб со ајвар, парче леб со крем, озбилно парче колач (само за озбилни ) и чаша млеко. Супа, копан, ориз и салата.
17ти ден хроно П: хумус, две варени јајца и краставица Р: 7 кебапчиња и главица кромид В: денес прескокам, не ми се јаде воопшто, не е тоа според правилата ама тоа е ќе се огрешам Незнам зошто и покрај намалени 3кг јас се осеќам пренадуено, предебелено, апсолутно во ништо не гледам промена освен во тоа што имам многу повеќе енергија од претходно. Лутина ме држи сеуште, целта ми е 5ка да видам напред до април
Леќата со туна заменета и плус 3 интегрални кришки леб..плус 1 час вежбање убаво ми дојде.. Денес ќе видиме како ќе опди, во план ми е да доручкувам овес со јаболка, ручек направив спанаќ и тоа..
Д: тост со тонус лепче кашкавал и мисиркини гради У: јаболко Р: интегрална тортиља со грчки јогурт и пилешко во соја сос и зеленчук што се најде дома В: ќе си правам колаче со овесни Брашно и црно чоколадо две коцки
Денес 2-3јаболка,2 турски кафиња И за ручек грав и салата и интегрален леб. E за вечера ништо посебно н еми се јадеше, секако немаше грав да вечерам...а богами ни салата сакав. Си тостирав пченкарна гиро пита со малку маслиново и оригано.. Џоа парче леб сум каснала. Денес имам посна пита со спанаќ а за вечера парче торта планирам...видеќемо.2 турски и овошје сега за доручек.
Доручек тоС Ама помал беше, мене сѐ ми е мало За ручек изгледа Цезар салата, ми остана стек од вчера. Вечера или овесна каша или некое интегрално лепче, зависи од расположение. Киви и портокал обавезно ќе имам за ужина, чаеви пијам еден тон, ако сум денес поактивна може ќе се почастам и мини индијанка. Најважно ми е шо се контролирам да немам binge eating
Ден 15ти, јас пак грешница. Се разбудив со главоболка, барав нешто брзински да каснам и најдов пориџ. Дури на крај се сетив да барам колку карбс има. Е јбг. Сабајлево бев 2.8 во минус. Појадок 3 јајца на око Моцарела Пола авокадо Пршута Сега на ред лимонада, уште ме боли глава Стапот кај е?
Јас ве читам а не пишував. Имам ослабено 5 кила за 2 недели отприлика, знам дека е премногу ама во недела е прв роденден на ќерка ми па сакав да ослабам побрзо. Од 75 дојдов 70 кила. Не доручкувам и тоа ми е најефикасна диета што ми одговара на мене. Јадам дури накај 17 часот салати мешана салата (зелка, цвекло,морков) цезар салата, марула со туна, марула со јајца, марула со стек, зелка со лук, туршија... Една ракија за психички да поднесам диета обавезно! Супа со многу зеленчуци, ориз со стек, грашок манџа, леќа црвена, пиле печено... Да бидам искрена повеќе салата јадам, пијам многу вода и веќе кога ќе дојде време за главно јадење нема место во желудник, може малку само да пробам, без леб Ужина ми е мандарини периодов и лимонада. Многу повеќе имам енергија сега отколку кога се прејадував и ги дојадував кашите на ќерка ми, да не се фрли де Плус секој ден сигурно по два пати се симнувам и качувам по скали со 9кг бебе, живеам во зграда, на 5ти спрат без лифт После роденденот си ветив еден сендвич од седмица И пак продолжува, сакам до летоска да симнам 10 кг
18ти ден хроно П: потпечени лебчиња со доматен сос, пршут и моцарела Р: ребро во фурна и многу салата В: печурки на скара со краставичка Во меѓувреме испиени два цедени лимони, пола литро чај детокс и околу литро вода
Ај и јас ќе ви се придружам тука. Можеби повеќе со прашања ама некогаш и со споделување. Главен проблем ми е ПЦОС и вишок инсулин што резултира со низок шеќер и голема потреба за храна (благо). Пред бременост со помош на метформин имав 62 кила, а сега после метформин, ИВФ и бременост имам 72. Стигнам до 70 и толку. Инаку носам облека број 40. Се трудам да опитам до кај нешто што има 6 напред ама никако не ми оди. Пробав и со нутриционист ама изгледа го згрешив нутриционистот. Ме поду со овошје и мешунки. Сега ќе пробам сама па да видам како ќе ми оди. За доручек јадам или овесни каша или јајце варено. За ужинка се трудам да поминам со кафе и суво овошје, оризова галета или свежо овошје. Ручек јадам тоа што јадат сите и се трудам да не вечерам или да пијам само чаша млеко. За неколку дена ни грам подолу ама стомакот ми е порамен. Се трудам да вежбам ХИИТ вежби три пати неделно по 15 минути (за повеќе никако да најдам време зашто сабајле работам, а попладне сакам да му посветам внимание на дете, да средам, да испеглам и слично).