од утре, еве. Не ми треба мене многу спремање и мислење Таман утре ќе одам да пазарам за наредна недела па...
@zhap4e Истражи ја прво диетата,немаат сите добри искуства со неа,другарка ми и бубрези и јетра едвај си оправи после неа.Е ослабе 20 кг,да. интернистот кој ја водеше и рече да не помисли повеке на вакво трупање масти . Прогласена е за најлоша диета. https://www.insider.com/keto-low-carb-diet-ranked-worst-healthy-eating-2022-1
Ајде, договорено. За да нема оштетување на бубрези и јетра, препорачливо е балансирана исхрана, а не само бутање месо. И пиење многу течности. Јас со песок во бубрези сум, ама еве жива и здрава. Чак и поздрава од претходно. Еве ги бенефитите од кето диета. https://www.healthline.com/nutrition/10-benefits-of-low-carb-ketogenic-diets#TOC_TITLE_HDR_5
Ќе истражам денеска, секако. Телото и здравјето не ми се за фрлање Ќе гледам што може да се модифицира за ем да се влезе во таа кетоза, ем па и да не натрупам ко шо викаш масти само. Ако е можно. Ако не, никому ништо. Ќе терам ко што терам и ќе се радувам што бар не се дебелеам ќе соберам здравје, сила и ќе вежбам кардио. Иначе, секој ден месо, путер.... Не сум за такви работи ни во нормални денови не па заради слабеење. Плус, без благо, леб, тестенини се може и во ред е. Овошје ама... Балансирана исхрана вклучува и зеленчуци и овошје. Умерено али. Затоа и реков да се консултирам со попаметен од нас пошто сум на режим ама стојам со килажа не знам колку време. Под попаметен,постручен имав предвид..крвна слика да видам нешто да не има... па после се друго.
Ќе проверуваш железо, хемоглобин, холестерол посебно добар и лош, триглицериди, аст, алт. Јас тие параметри ги проверував и одлични беа. Има еден куп рецепти со зеленчук, а и стандард јадења од секојдневната кујна кај нас што можеш да ги јадеш без да осетиш дека си на кето. Баш имам и пишувано мени во темава. Кето е многу повеќе од месо и мрсно, само треба добро истражување.
Фала ви на поддршката. @Bozica1980 одев кај другарката (или заколнатиот непријател) на Цвета, Турунџиева. Одев зашто гинекологот ме прати кај неа. Демек многу здрава храна давала. Испадна дека на сите истото им го дава лудата. Ме поду со кило и пол овошје дневно. Плус мешунки секој ден. Лудата ни риба не ми даваше. И на крај отидов на скијање и таму јадев месо и риба и таа недела најмногу ослабев. И ја баталив. Ама самодовербата ми ја уништи дека некогап можам да ослабам. Зашто сите кај неа се цедеа ко лимони (доаѓаа поделеби од мене, на месец дена сите беа врвки). Најмногу ми е жал што за првиот роденден на моето дете од толку големо придржување до диетата не ни лизнав од шлагот на тортата. Е до толку почитував се. @zhap4e јас инсулинска резистенција имам одамна. Кога бев најслаба ми ја дијагностицираа. Не ми е од сега и нема да ми се изгуби цел живот зашто ми е поврзана со ПЦОС. Инаку висок шеќер немам. Имам висок инсулин и низок шеќер (затоа и потребата за благо). Затоа на ендокринологија не ми ја дадоа листата за дијабет. Дома ја имам заради свекор ми. Кога примав метформин примав многу повисоки дози од тие што имаат дијабет баш заради инсулинот. И мислам дека сега телото не може да ми се навикне да функционира без тој метформин. А со метформинот слабеев ко луда. И штом го прекинав за недела дена качив 5 кила. @NarCis@ и јас се мислам за кето, знам дека ја форсираат сега многу. Ама па од друга страна има лекари што викаат кето за ПЦОС не бидејќи кај ПЦОС треба да се чува црниот дроб а кетото некогаш знае таму да реагира. Во книгите за ПЦОС ми пишува дека треба да се фокусирам на комплексни јаглехидрати (затоа и овесната каша наутро ја јадам). И таа некако ме држи прилично долго. Ако јадам нешто кето за доручек по два саати сум гладна како волк (пример со две јајца и салата). Исто кето забранува житарки кои имаат Б витамини што се апсолутно битни за ПЦОС (особено иноситол што го има во овошје, житарки и мешунки) Иако кога слабеев за да си помогнам за инсулиската резистенција најмногу ми помогна LCHF исхрана. Пробав пред некое време и така ама нешто не ми одеше. Во LCHF за разлика од кето дозволено е овес и овесни трици и понекогаш овошје. Не е толку милитантна диета како кето. Ми останува да пробувам да видам што сега ми прија за намалувае килажа па така да терам. @andrejko82 прати ми што имаш. Фала ти. Како и да е денес на мени: Доручек: Овесна каша од цело зрно овес со едно јаболко и цимет. Испив и смути заради желжа на маж ми и детето (секое сабајле пиеме смути за да може детево да внесе овошје зашто не јаде во тек на ден овошје па имаме ритуал со него пред градинка школо смути да се пие. Ова не можам баш да го прекинам зашто сепак и детево ми е битно не сум веќе само јас битна во семејната приказна). Смутито ми дојде од третина круша, едно киви, 10 аронии и третина мала банана. Ужина 1: кафе со малку млеко, три урми, третина краставица, еден морков и едно мало лажиче крем абц сирење Ручек: Имаме дома зелник, ама јас ќе смислам за мене нешто. Веројатно омлет ќе биде. Вечера: Чаша млеко Вчера изидов 10000 чекори и вежбав 15 минути Јога за тонирање.
19ти ден хроно Посно мени како и секој ден започнат со цеден лимон и млака вода П: макарони од ржано интегрално брашно, доматен сос и малку хумус од печурки Р: печена пастрмка на скара и салата (домат и краставица) В: сигурно ќе има некаква салата и малку риба од ручекот
Апсолутно, ќе си видиш што најмногу одговара на твојот организам и според твоите потреби. За ПЦОС навистина не знам да ти кажам, немам никој во моја околина што имал таква дијагноза и држел кето. Али за проблеми со шеќер, холестерол, висок притисок диетава ептен им помогнала. Јас не верувам во лоша диета, туку само начин на исхрана кој одговара и кој не одговара на нашиот организам, значи кај секој индивидуално. Се разбира, тука е и кој колку внимава на здравата храна, без разлика за кој режим се работи. Уствари лоши диети се оние брзите 8 кг за 8 дена и сл. каде што резултатите се краткотрајни и после има уште бетер јо-јо ефект. Еден совет, никако немојте да вежбате, а истовремено да се крчка компир манџа Лиги ми потекоа на подлога.
@NarCis@ а чајот од црвена детелина не го пријавуваш? Јас пијам многу чаеви и многу кафиња, ама без шеќер, не се важат . Денес планински пиев, ама менувам да не ми здосадат. Spoiler: Утрински ритуал Денес јадев како дупната. Обично со циклус многу малку јадам, не знам што беше ова денес. Мало парче колач ДВА мали тоста. Еден не ме најаде, па втор си направив . Супа ТРИ и пол парчиња пита, павлака. Дома сите изедоа по две. Јас три и пол. Не знам дали нема да се здебелам оваа недела .
@Ariel јас олку течност цел ден не можам да внесам И мене денеска ми се јаде. Д кафе и тост од 2 парчиња тонус Јај од ѓумбир ,кафе,јаболко,пола портокал Р: пилешки џигери Ама не верувам дека ќе дотраам вез ништо плус. Кафето го бројам оти го пијам со пола лажичка шеќер. Данок бе...
Мене денес глава ме боли, ми се лоши и ми се леже... Ух.... А уште колку има од денов Иако вака зборам за витамински от ден, обично супер го поминувам. Поминував... До сега. Денес не сум у елемент нешто. Дали е до витаминскиот или до друго, не знам.
Ден 16ти или 17ти. Појадок, порк бели, моцарела, авокадо и домат. Ручек, кето шејк ќе е Ама изгледа ќе мора со вода да го пијам, ми се чини млекото има многу јаглехидрати. Или па не? Прво благо ми беше тоа денес Толку денови да издржам при чоколадо и нутела до мене. Плус Баунти имам, ама не каснав Денес бев -3.1 Уште да се наканам да вежбам, екстра ќе сум
Како се држите? Јас се придржувам без грешки. Уште малку три недели, ке се мерам во понеделник и ке ви кажам. Вака на огледало се гледам и ослабена сум. Мислење за ун? Вака по мое мислам дека внесувам се со тоа што оброците се доста помали од обично што јадам. Не разбирам баш зошто се јаде истото од ручек само половина. Дали воопшто има логика? Пробав сама да си планирам оброци и да јадам салата за вечера ама не ми оди. Вака психички се спремам дека сум на диета.