Пиши и во среда, кога ќе се мериме сите. Многу мотивира кога сите пишуваат резултати во ист ден. УН сум ја држела кало помлада, сум слабеела… Ама и мене ми нема логика. Јас генерално сум против унифицирани диети. Мислам дека секој треба сам да си најде што го дебелее и да го намали тоа. Секој да ги намали порциите што ги јадел претходно. Секој според своите потреби. Единствено што мислам дека треба да е заедничко е да се јаде многу салата.
Преживеав. Денес сум како нова. Можеби бев само преуморна вчера, не знам. Но, битното не подлегна на искушенија не се огрешив. Озбилна сум... Дека нели кажавме озбилни. И јас се слагам дека унифицирана диета не може да е добра за сите. Персонализоран пристап и мени е најсоодветно. Но кај нас и нутриционистите не баш имаат пристап и такви методи. Едната форсира леќа и грашок, друг 3 кг овошје, трет нутриционист форсира суплементи и семиња... Ама не може и за мене и за маж ми и за снаа ми и за другарка ми, со различни физономии, различни здравствени проблеми да ни делува и да ни е подобна иста диета....
Јас имам заприметено и дека повеќе пати една диета, конкретно кај мене, не дава резултати после вториот пат. Ун ја држев во младоста и пред 3 години после втора бременост, ама имав послаби резултати во однос на првите пати. Исто и со кето. Знам дека ако пак ја почнам, нема да биде исто и само ќе се разочарам. Си мислам онака лаички, ваљда на организмот му требаат промени. Првиот пат го доживува ко шок, па се слабее. Вториот, третиот пат веќе го препознава тој начин на исхрана, па е "спремен" и килажата не се дава така лесно. Денес за доручек палачинки Една солена со топен кашкавал и врат, и уште две со крем. Ама планирам убаво да ги истрошам. За ручек немам апслутно никаква идеја. Се мислам печен зеленчук: компир, морков, брокула, карфиол и печурки и салата. Ама треба дома сите да го изгласаме предлогов. Вечера, ако останат палачинки, една со џем може да намачкам Сакав да сликам ко Ариел вчера кафето, два чаеви и чаша вода, ама веќе почнав да пијам и нема да биде естетска сликата
Јас ја држев и слабеев ама на крај ја прекинав зошто на пример ќе отидеме негде на ручек и мене тој ден ми е одреден со тесто или овошје и салата и се нервирав..па после си сменив по мое и мн подобро ми беше а и повеќе резултати
Сум ја држела Ун и сум слабеела до кај 3-4 кг и после не мрдаше вагата. Најдобри резултати имам кога откажам бел леб и кога јадам максимум 2 оброци дневно.Пред 8 год.ја видов најголемата бројка на вага (+2кг од сега),требаше да одиме на некоја свеченост а мене ниедно фустанче не ме копчеше. Е за 1 месец ослабев тогаш 5 кг од инат. Ама сега како врват годините се потешко ми оди. Со 1 кафе сум досега ,сега варам јајца за доручек ,а приквечер ќе виде свинско динстано со салата.
Ден 5 Д: 3 пица тонус лепчина кечап, кашкавал, и мисиркини гради У: протеински пудинк Р: свинско месо со кисела зелка печена В: пуканки Се мислам дека до среда нема да имам воопшто намалено. Незнам не осеќам глад воопшто, а тоа кај мене значи не слабееш госпоџа
Ден 18ти. Појадок, кафе Касно јадев и ич не сум гладна синоќа месишта јадев касното. Ручек, пак месо ќе е, нема што друго. Од утре сум на кето шејк, само да стигне порачката. Мора малку да се стегнам пред 2ри, за мерењето барем -4 да сум Сабајле направив 15 стомачни ко од шала, плус некои други вежби. Ама се задишав и си легнав
Д овес со банана и 2 урми Р урда со јајце пржена и 1 кришка интегрален леб Пешачење 6.85 км па една јаболка Вечера супа со зеленчук и ќе каснам некоја пуканка гладна ќе бидам знам...
И денес се пекмезев. Перек со путер од кикирики и боровинки, јогурт, пола парче леб со крем, млеко (ова се на едно јадење) Ѓеврек Риба со моркови и марула.
Денес без ужина останав, дека на шетање бев. Ручек печен зеленчук. Значи врв. Компир, морков, шампињони, брокула, прокељ и дајкон, со варено цвекло салата. Вечера си останува палачинката.
Ај и јас да пишам. Доручек: Четвртина од хроно пита од просо (просо, јајце, урда) Ужинка: шака кикирики и кафе со млеко Ручек: Малку салата од октопод домашна, супа од зеленчук, риба, печен зеленчук (сладок компир, прокељ, морков), марула салата Вечера веројатно ќе биде чаша млеко или ништо Е вчера морабв да пробам малку роденденска торта (пола од тенко парче) и испив една ракија. Се надевам нема нешто мнгоу да поремети. Секако ми е планот да менувам долготрајно начин на исхрана не сум на диета за брзо губење килограми.
Јас да ти кажам, само со зеленчукот се најадов денес. Може дека печурки имаше, па ми дојдоа ко месо. Инаку место да пржиш ослич, можеш сѐ наеднаш да испечеш и зеленчукот таман ќе поприми шмек од рибата. Само прелиј со маслиново од горе, сол, можеш некој зачин по вкус и печи.
Брокула и карфиол на крај стави, доволни се 10-15 мин. да се испечат, да не ти станат каша. Најпрво морковите и компирите со рибата стави ги да се печат.