20ти ден хроно П: брзински, тостови со моцарела и пршут Р: ребро во фурна и салата (зелка, морков и цвекло) В: парче стек и краставица Испиени два лимони, пола литро чај и литро вода. Организмот ми се привикна ептен на јадењево, воопшто не мислам на благо и грицки и што е најважно веќе осеќам како полабаво ми стојат тренерките и фармерките ќе се придружам на 2ри за мерење
Д палента со малку сирење Р риба со зеленчук В незнам може нешто од ручекот. За ужина малку овошје...добро е сега за сега, ми се намалува апетитот...
Вчера- банана и мандарини, едно и пол турско, нане чај, ручек пилешко, вечера марула со морков, и краставици. Денес појадок овошје, јаболко, банана, а за ручек во план ми е компир и салата До вечер е далеку, ќе видиме
21ви ден хрони П: две варени јајца, домашно сушено месо и намаз од авокадо Р: кебапи и главица кромид В: ќе гледам да не ја прескокнам, немам идеа што ќе биде
Доручек денес, овесна каша со јаболко, цимет и суво грозје. Ручек хамбургер Дека 7-ца затворена, па ние газдите решивме домашен 7-ца бургер да правиме Поздрав @flower30 Вечера нешто лесно ќе биде, може овесни снегулки со јогурт. За бургерот да кажам состав, затоа што е превкусен, а е здрава верзија на она што би купила. Лепчињата потпечени на скара и премачкани со мешавина од кечап и сенф. После редам марула, плескавица со коцки кашкавал, кисели краставички, варено цвекло ленти и потпечен сусам, пропржени печурки во неколку капки масло, и сос од павлака, малку мајонез и јогурт, со кари и копар како зачин. Компирите се тенко сечени, печени во рерна на хартија за печење, и зачинети со сол и куркума и пак малку масло. Пуштив вентилатор за да бидат покрцкави. Ова место помфрит. Кој сака и рецепт за немрсни плескавици, ќе му дадам. Следно оваа верзија ќе ја пробам со плескавици од леќа, пошто се исто превкусни. Јас сум голем обожавател на храна, гурман од светски размери Затоа решив ништо да не кратам, туку да пробам да јадам поздрава верзија колку што може. Гледав една фитнес инфлуенсерка и стварно ми го смени мајндсетот околу исхраната. Она вика дека треба да се јаде сѐ. Ама секогаш соодносот на здрава храна вс. нездрава, да биде 80:20. Затоа ако сте каснале пола парче торта, малку чипс или сте испиле некој алкохол, ич да не ве јаде грижа на совест. Пошто подобро така, отколку за една недела да ви биде криво и да се најдете со изедена цела ќеса чипс, 2 чоколади и сл. Барем јас така правев. Во прилог на постот, слика од бургерот
Па и вие газдите сте луѓе Ме исплаши Викам леле ме викаат за диети, а ја нејќамВикам што да лажам сега дека од нареден Понеделник ќе почнам Инаку, на здравје Ми се свиѓа начинот на исхрана, со мали дози на отстапки. Може ќе се излажам и јас
Ако се лажеме, да, здрава верзија на бургер е Пак имаш бел леб, кечап, плескавица (веројатно пржена) печурки пржени и мајонез во сосот Што е здраво тука, листот марула и една кисела краставица? 1000 калории ко ништо ако не и повеќе, зависи колку печен компир ќе изедеш.
Ништо Бриџо нема здраво Ама домачи е и поздрав од купечкиот. Мајонез има премалку, жолт е сосот од карито. Плескавицата е само на намрсено тавче печена, не да плива во масло. Печурките исто, во тавче за палачинки се правени, буквално со неколку капки масло. Е лебот е бел, да. Ама кој сака може и со интегрален. Нека има 1000 калории, ручек е, да се знае И така јас сакам до 2000 на ден да внесам. Ај сега не наоѓај маани, признај далеку си, а сакаш да ти направам ваков Нарциса бургер
Се шалам, не е проблем бургерот и јас си јадам, само да знаеш дека не е лесна верзија туку е еден машала оброк и не ти останува многу за јадење после ако сакаш да слабееш. Утрово што си јадела каша со овошје и толку е. Немаш веќе за јадење Заборави на вечера
Освен ако пупката не е толку голема, ова мал тањир е? Колку грама е лебот? Чек, може ќе вметнеме уште нешто денес Ако е 100 грама лебот и мала плескавица е ок, имаш уште за јадење
Јас ќе и дозволам 2 белки и 3 листа марула Вчера одам да направам бар 6000чекори и си зборам со мм дека сакам хамбургер од 7ца. Последниот кога бев трудна го јадев, пред 10год :/
6000 чекори се околу 200 или 250 калории изгубени. Мајонезот во бургерот од 7ца има само толку калории
Имам уште за јадење до 2000 калории. Овесната беше 350, бургерот 1000, уште 650 ми требаат до 2000. Ти викам уште овесни со јогурт и јаболко и таман ќе сум. Плус ќе вежбам
Дојди Божо, јас ќе ти напраам хамбургер, со малку мајонез. Остај ја оваа Бриџа, има добиено затоа вака лошка е денес. А шо добра жена си беше