П: две јајца со парче леб, гогурт и сирење Р: месо со салата и чаша вино В: топло-ладно Свечена вечера, имаме повод . Кај нас топло-ладно строго со повод се јаде, па цело време бараме поводи . Да не си ставиме ограничување мислам дека секој ден би го јаделе .
Ден бр 16 изодени 9500 чекори а за јадење Spoiler: ц пола пица Денес не сум умна, али цел ден сум надвор од дома
Д :кафе, 1 јајце и парче сирење Предручек мезе:топла ракија и три пати боцнав чварки Р: 2 парчиња дом. колбас и малу салата Плус третина тулумба и пола кифла. Ама морам да пробам.. Со оглед колку храна спремив денеска арна сум ,се држам.
Секогаш кога ќе пишам пред да заврши денот, нешто се менува. Сега топло ладното ми го одложија за утре . Ќе морам некое јаболко или салата да јадам за вечера .
Ден 19, пак месишта гмечев, плус малку помфритче Задоцни шејкот, сега ќе мора 2 дена само на шејк да сум, плус берис, за да не покаже плус вагата 02.02.2022 мерење, сите да се пријавите на време 99ти ден ќе ми е 20ти април Само да си кажам на време
Понеделник ден 8 Д овесна каша со банана и јаболка У јаболко Р гравче тавче со слаата зелка В кисело млеко со сусам Вчерашниот ручек топ излезе, печено парче риба со зеленчукот па и со брокулата и карфиолот топ излезе , фала ти @NarCis@ за идејата , за домашниве пржев риба ама сакаа од мојата и не им дадов, следен пат за сите печена...
Со темава имав две успешни слабеења, еднаш од 10 кила, еднаш 8, ама од 2019та многу пати сум почнала и сум пишуала и пак сум најдебела досега и не сум успевала. Еве да почнам пак, се надевам дека овој пат ќе биде успешен. Значи вечер ќе пишам што јадев, така е редот? Планирам 0 леб, 0 благо, газирано секако не пијам никогаш, 0 пржено. Па да видиме. Еден ден у неделата ќе се частам ако издржам, ќе јадам шпагети со сос од патлиџан. Засега тој е планот.
Супер ако е така, еве јас гледам по мене, кога ќе напишам што планирам да јадам , веќе сум го испланирала денот, се држам на тоа, и вака напишано изгледа онака ауу па имало храна.. Незнам како ти е планот, ама јас еден ден унапред знам што ќе јадам, и готвам ручек з аутре, мислам и ти така правиш..како и да е ќе се дружиме..
Добро утро, може ли да се придружам? Значи да си ја кажам маката... Ова лето Господово ме чекаат две свадби од најблизок род и I'll be damned ако се појавам таму ваква во форма на свадбарска пирошка. Се тешам откако се породив дека сите имаат некој вишок, ама породена сум пред 3,5 години Така да не ми пали ова веќе. Во бременост ставив точно 20 кг за само 6 месеци и од нив останаа вишок 5 кг. Моментално имам 63 кг и ептен ми влијае на самодоверба. Целта ми е 58 кг. Моите непријатели се: леб- можам и цела векна да си каснам како од шега, сок- најголемиот мој порок и благо- од кое сум така како малку зависна. Се трудам редовно да редуцирам благо, ама дојде ли ПМС јас губам контрола Јас си ја кажав маката, а ако не сум за тука кажувајте кај да го барам чарето
Здраво на сите,сакам и јас да се вклучам Целта ми е од 54 на 50 кг (многу сум ниска) Од денес почнувам со 3x неделно вежбање, и пишување на менито за да не забушавам. Приметив кога ќе пишам ми делува стимулативно да не претерувам... Д. 3 лажици овесни снегулки,1 чажица чиа и амарант во нискомаслено млеко со неколку јатки ореви,две урми и банана. У. Парче печена тиква Р. Мала туна во сопствен сос и салата од рукола со марула В. Супа од петле со многу зеленчук Немам појма колку калории се,ама не ми изгледа многу
Добра ти е идејата. П: две лепчиња тонус без брашно и квасец, маслинки, кислеи краставички, една зденка Ужина - јаболко и рака ореви Р: Леќа и едно тонус, салата кратавица или кисели краставички В: Супа од петел
Јас вчера малку утнав со ручекот. Бевме излезени и немаше вреем дома да се готви па изедов пола пастрмајлија. И по тоа ми фалеше благо па еден ред чоколадо. Е вечера не јадев, ама тоа е. Сабајлето јадев тортиља со јајце. Ама кога преброав колку калории има една тортиља ми се штукна умот. Ич не заситува а испаѓа дека една има меѓу 150 и 200 калории. И ај сега од ново. Денес доручек питата од просо што ми остана од Сабота ја дојадов. Само пита без ништо. Ужинка кафе со неколку капки млеко (не можам да пијам без млеко и тоа е). За ручек или сарма од лист ќе јадам или мисиркино со карфиол (обарен и со малку павлака и лук во прав како сос сервиран). За одлулака ги чекам маживе да ми се приберат дома. За вечера планирам чаша млеко.
Hello, јас пак грешки колку што сум тешка до сега, ама ај искушенија имаше, празник ова она, важно 2кг во минус сум од почетна, 18 more to go Денес на мени: -овесна каша - плескавички од тиквици и таратур -детокс смути - треба печен зеленчук ама не верувам дека ќе јадам, дури сега доручкав до крај април да се ослабе оти венчаницана ќе треба да ја проширам
Д варена пченица со ореви и мед(сосем малку количински) Р.подварок (останат од лани) В: од се по нешто:месо, салата ама и малу тесто ќе се касне Се надевам нема да го надминам калориски лимитот.
Ден бр 17 зелка +рукола+ пармезанче малце 1 кафе вечер некоа салата Добредојде на сите нови членки мерење ни е среда 02.02.2022 за сите важи ова рапорт у среда