Да се пријавам иако менито не ми беше ни малку диетално. Успеав да не се напијам сок денес, а и малку благо каснав за разлика од она што редовно си каснувам. Денот обавезно го почнувам со топло нескафе со бадемово млеко. Д: макарони со печурки,брокула и бешамел ( остаток од вчерашниот ручек ) У: мандарина и ред чоколадо Р: ориз тавче, пола парче црн леб и домат салата В: се напив едно капучино, нема шанси да јадам после ова Капучино пијам од капсули, сакам со веган варијанта да го заменам само треба да побарам дали има воопшто.
Дајте некој совет за броење калории вие што рачунајте, ќе ве молам. Имав една апликација, ама пак, немам баш ориентација на големината на порциите. Верувам не ја мерите грамажата. И некој совет на доволен внес на калории, колку е некој оптимум, под кој минимум не е добро да се доведеш..
Јас не мерам .Едно време се обидував и почнав ептен да забегувам.Земам соленки да прекаснам на работа читам толку калории .Читам 1 јаболло уште повеќе.. Ама отприлика сега гледам спрема количината...
Екскјузми? Како инаку? Купи си вага ако немаш од оние малите за во кујна, симни си апликација и нема потреба од многу замарање и забегување. И јас „забегав" ко што вели мареане пред неколку год ми се чини кога почнав првпат да бројам калории па се опседнував, сега ми е ептен лајт. Нешто знам напамет ама претежно само бирам од апликација и толку. Минута време е да го ставиш тањирот на вага и да запишеш во тел. За кратко време веќе ќе знаеш отприлика колку тежи, толку точно до грам па не мора да е. Чисто за ориентација пошто не бев ни свесна колку уствари сум јадела кога велев -ама скоро ништо не сум јадена денес. Кога ќе го собереш тоа ништото ти е јасно зошто не слабееш За калории, зависи колку си активна преку ден. И тоа ќе ти израчуна апликацијата, колку си сега, колку сакаш да бидеш, под 1500 јас не би.
П: мекица Р: чиа оброк В: гиро и топло-ладно Ќе повежбам после пола саат џаст денс. Толку беше лежење, се враќам во форма.
Ден 1 без леб и благо. Само тоа ќе ми фали. Трчав пола саат. Цел- 30 дена без леб. А на 6ти март почнува постот, не знам како без леб
За викенд се опуштив и не ни бев на диета. Од денес пак ден прв - протеински ден. Појадок банана, ручек варени јајца (планирав три ама синко изеде две белки а јас одтатокот) и краставица, вечера едно јајце и шопска.
Доручек две интегрални лепчиња со путер и домашен џем од сливи. Без шеќер @Bridget Ручек црвена леќа и зелка/морков салата. Вечера баварски перек со парче кашкавал, печеница и кисели краставички. Измеѓу ужини киви и 2 ресани. Вежбав стомачни, пешачев околу 7км и тоа.
За мене сè уште најдобар апп е myfitnesspal. Речиси сè наоѓам со скенирање на кодовите. Јас лично не мерам на вага, отприлика правам математика. На пример, купувам кило стек замрзнат, во него има 4 парчиња, едно парче го рачунам 250 гр, иако можеби не е баш точно толку. Или пак киноа ќесе од 200 гр, ќиснам/варам половина (од око), значи отприлика 100 гр, па јадам по половина (2 оброци), значи отприла 50 гр по оброк. Сè што е во ќеси го делам на 2 или 4 делови, секако тоа е од око делба, ама колку можеш да згрешиш па да ти смени реално? Ако има парчиња, ги бројам. Пред некој ден кога правев лазањи, избројав колку плочки има, ги поделив од вкупната грамажа, добив колку е една плочка, па помножив колку искористив и така добив колку грама плочки искористив. Доброто е што можеш цели рецепти да внесеш во myfitnesspal, на пример ете лазањите. Ги внесов сите намирници со грамажа и ставив 6 парчиња дека ми излегуваат и добив дека од тие намирници едно парче ми се фаќа 472 кал. Исто математики правам и на зеленчук и овошје. Кило компир со 5 горе-долу исти парчиња компир, рачунам дека еден е 200 гр. Еднаш броев јатки во ќесе и рачунав. Исто многу мерам со мали-големи лажици. И така некако одприлика, ќе си праиш математика. Не знам колку имаш за губење кг, ама и јас до 1500 би терала.
22ри ден хроно П: лутенуца, авокадо и сушено месо Р: сарма (само со месо, без ориз) и маслинки В: мала туна и малку кромид Уште малку завршувам прва рестрикција и ќе започнам втора…. па и трета…до сега без намерни грешки, три пати неделно вежбање по еден час, одлично се чуствувам, некако сум мн мотивирана, бев и си изназемав хеланки, градник, маички за вежбање со ќеиф лутината што ја чуствувам сама кон себе не ме пушта, немажам да си поверувам од каква рибетина во што се претворив затоа нема грешки и нема откажување, решена сум да си ја врстам писакуваната килажа и да изгледам уште позгодно од претходно
Ти Алиске си со ептен намален калориски внес. Едно 2.5 кг ќе си минус ако не и повеќе... Вежбав, ама денес слабо вода пиев, ајде утре ќе си мерам..денов топ..
Јас имав обид, ама неуспешен. Денес ја почнав пак 8 часовната и се надевам ќе има ефект. Ќе јадам се освен леб и сокови. Благо малку, преку еден ден. Така е планот па ќе видиме. Мене најмногу ми одговара УН диетата, ама страв ми е поради доењево, иако бебе веќе има 3 оброци. Пред да забременам ослабев 15 кг со УН. Ова поздрав начин ми се гледа, се надевам ќе успеам.
Ќе видиме која ќе води, јас или Алиска Ден 20ти Леле, леле, што направивме. Се собравме големо друштво сите диеталки. Јас и денес сум грешница, пак ждерев месо со малку помфрит, ама малку помалку. Е јбг, така не се слабее Ама за недела дена ќе се ставам на ред, со зеленчуци и многу салати, и многу варени јајца И вежбање
fitness pal симни си ја ако ја немаш. Добар дел од нештата ќе ги најдеш во мерка чаша. За овошје ќе најдеш мерка - големо, средно, мало. Имаш и на англиски и на српски некои јадења, пример, punjena paprika... мерка 1 пиперка и сл. До последен грам не ти треба. Горе-долу ќе знаеш колку калории си внела па и по јаглехидрати, шеќери, масти, протеини, железо.... Ќе можеш да си ги планираш и менуваш оброците.
Денес Д овес со бана и урми Р гравче имам од вчера В некоја салата За ужина планирам јаболка и некоја урма, нешто поблаго денес вчера некако малку ми беше до ручекот.. И вода денес во шише ќе мерам колку ќе испијам... @malerozna ајде ајде ако и тебе вагата уште повеќе во минус да ти отиде...
Мене не ме гледајте денес свесно грешам јбг немам избор а ке попаѓам до 9 вечер без храна Утре ке те казне вагата донт вори алиско