Пу пу неважни идемо од почеток Д: јајце и кисело млеко У: портокал Р: стек и салата В: таратур Се вагав јас денес 1кг минус за 7дена со 300 грешки
23ти ден П: пржено јајце со домат, запржени 2 парчиња сланина и тостиран тонус Р: динстано телешко месо и салата В: печурки и краставица Утре ќе се мерам и јас
Јас се измерив денес и што да ви кажувам Наместо да ослабам, јас сум качила едно кило, алал да ми е. Ама не се откажувам. Веќе втор ден не пијам сок, благо на минимум истотака сведено. За сок сега можеби и бубрег би си продала, криза ме пука. Килажа: 64 кг * Требаше да се измерам вчера пред да почнам, а не со мерките од пред 6 дена да се шлепам.
може ли некој да ми каже колку е нормално да се ослабе во текот на еден месец, имав 62.7 кила, кој е максимумот што може да се намали за 4 недели?
Ден 2 без благо и леб. Јадев 3 тонус со ајвар за појадок Ручек стек и помфрит. Вечера или ништо или супа. Најбитно, 0 благо, 0 бело брашно.
За букирање, молам на пп Ааа, се враќам на старото нормално јас Ајде дечки, 21ви ден. 3 недели диета. Додуша со бааги грешки, не сум баш на кето ко што сакам, ама наскоро ќе сум. Појадок, кето шејк ко што е благ, ич немам потреба од благо Ручек, пилешко ми скисна, ама ајде уште малку ќе издржам. Вечера, ќе видиме. Валда нешто лесно, за утре послаба да ме покаже
Утре една желба само имам - да не сум здебелена. Ослабена сигурно не сум . П: чиа оброк Р: супа В: бурито, малку пудинг Кога се вратив од работа лаев, добро се држев, сѐ до пудингот . Што е тука е, ќе видиме утре .
Доручек 2 потпечени интегрални лепчиња со путер, кашкавал и печеница. Ужина 1 оризова галета, 1 мандарина и 1 ред чоколада. Ручек спанаќ со ориз. Вечера корнфлекс со млеко. Јас не знам што да очекувам утре. Вака се гледам слизнато по фармерките, без проблем се закопчуваат и не виси салце Не верувам дека сум симнала нешто драстично, ама се осеќам лесно и најадено.
Јас денес ден за лаење. Ама не лаам. Супер се осеќам. Појадок банана, јаболко, мандарини, шака апетисани - ама солени беа...., марула салата, со млад кромид, морков ротквица, и за вечера пола од ручекот , салата со марула . Утре мерење.
Од утре почнувам диета и ви се придружувам во групата за поддршка. Мојата диета (УН диета) не вклучува млеко во кафето и без шеќер нели нормално, само како ли да се навикнам да пијам црно кафе без млеко и горко кафе или пак со стевиа (ич не ми е вкусно ) незнам дали тие вештачките засладувачи како Натрен би пречеле на диетата, знам инаку дека не се препорачуваат дека се нездрави....Исто во диетата за појадок треба само овошје, а баш и само наутро сум гладна ко волк ...инаку ќе почнам со УН диета поради тоа што така ми се виде доста со зеленчук и овошје во неа, плус леб без што неможам, макар да е црн,р'жан, интегрален, без брашно само да е леб ,....ама ете неможам ни без 3 бели (млечни) кафиња на ден како ли да се издржи, голема 0 сум од цврст карактер. Дали има надеж за мене да скинам 10кг којзнае, ќе пишам дали се држам и колку ќе ме држи психата и мотивацијата
Јас цело време си пиев турско со шеќер и ослабев 15 кг. Не те наведувам да грешиш, само споделувам искуство.
Ќе намалиш кафињата, наместо 3, ќе пиеш 1 со шеќер. Додуше, најдобро ти е без шеќер и без млеко, но, ете не е за секој тоа. Како што вика Луна, не те наведувам да грешиш, ама еве и јас и макијато сум пиела во различни денови од УН и имав ефект. Ама не прави други грешки. Минимизирај ги. Ајде утре С среда за С среќа. Измери се и со лесно
Денешно мени Д. Кефир со овесни снегулки,лажица ленено семе и семе од коприва,неколку брусници У. Парче печена тиква Р. Печени мисиркино месо со батат,пашканат и кромид+салата марула,рукола,маслинки В. Салата марула,рукола,маслинки,шери и ептен малку свинско месо И две гурабии + чаша црно вино...
Најди си диета што ти одговара, така полесно ќе се придржуваш. Ако ти се јаде сабајле - супер, јади повеќе сабајле, а попладне / вечер само салата. Или едно кафе скрати, попладне на пример, а двете претходно пиј си ги. Види што те дебелее, тоа скрати. Кај некој е благо, кај некој грицки, кај некој млечни производи, овошје… сите сме различни и не ни одговара иста диета.
И мене желба ми е да останам на минус 1 кг кој го имав не средата туку четвртокот. Иако тешко.Со гости сум деновиве со многу храна и грешам.Од благо само варена пченица со мед ама крем салати и алкохолот ме зезнаа. Ама да не бев као на дитева дупло повеќе ќе јадев... Тоа е ...
Кај мене брзата храна и чоколадите и нутелата. И лебот што повеќе од времето не го јадам, ама ко почнам, њама спиране. И нередовното јадење. Баба истрпела, не изела еден леб, за после да изеде два Ајмо цурице, само весело. И со грешки се слабее. Си го осеќам салцето, така ко помеко ми изгледа. Ќе почне да се топи, уште некој ден Денес, засега сум послушна. Ни кафе не стигнав да се напијам Дали тоа од далеку се пазам, за утре да бидам во водство Стеј тјунд
Истото и мене ме здебели. Си кркав пици чипсови чоколади и сега гладна гладна си седам. Кај мене голема промена има во нозете, помекички се.